Русија, Чешка и Словачка со рекорден број на новозаразени со коронавирус


Чешка – Русија, Чешка и Словачка денеска евидентираа рекорден број случаи на коронавирус, соопштија здравствените власти во овие земји, погодени од варијантата омикрон. Во Русија, бројот на дневни случаи се искачи на 141.883, а еден ден претходно беше 125.836. Работната група на владата регистрирала 678 смртни случаи во последните 24 часа. Сепак, руските власти денеска соопштија …

Русија, Чешка и Словачка со рекорден број на новозаразени со коронавирус Read More »

Бремената новинарка од Нов Зеланд може да си оди дома од Авганистан


Нов Зеланд– Бремената новинарка од Нов Зеланд која остана во Авганистан поради анти-ковид мерките и ограничувањата за влез воведени од нејзината земја, изјави дека властите на Нов Зеланд и понудиле начин да се врати дома. Официјалните лица прво инсистираа новинарката Шарлот Белис да мора повторно да аплицира за место во хотел за карантин, но се откажаа и …

Бремената новинарка од Нов Зеланд може да си оди дома од Авганистан Read More »

Остри критики за извештајот на Амнести интернешенел за Изрaел


  Извештајот на Амнести интеренешенел во кој се обвинува израелската влада дека го практикува апартхејд во односот кон Палестинците, наиде на жестоки критики уште пред неговото објавување во вторникот. Извештајот на повеќе од 200 страници на невладината организација со седиште во Лондон заклучува дека Израел ја „извршил меѓународната грешка на апартхејдот, како кршење на човековите …

Остри критики за извештајот на Амнести интернешенел за Изрaел Read More »

Германија со 10 милиони случаи на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата


Германија– Со 208.498 новозаразени лица во последните 24 часа Германија денеска ја надмина бројката од 10 милиони вкупни инфекции од почетокот на пандемијата. Како споредба, на 2 јануари беа регистрирани 12.515 нови случаи. Со новите бројки поставен е рекорд и во седумдневна инциденца од 1227,5 случаи на 100.000 жители, во време кога многу заразниот сој …

Германија со 10 милиони случаи на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата Read More »

Во САД пристигна нов снежен бран, откажани стотици летови


 САД- Во САД пристигна нов леден бран, што доведе до откажување на стотина комерцијални летови. Британските медиуми јавуваат дека бранот ледени бури се протега од сојузната држава Ново Мексико, во југозападниот дел на САД, до Вермонт на североисток од земјата. Гувернерите на сојузните држави апелираа до граѓаните да избегнуваат движење по автопатиштата, а на училиштата …

Во САД пристигна нов снежен бран, откажани стотици летови Read More »

(Видео) Илјадници евакуирани поради пожар во фабрика за вештачко ѓубриво во Северна Каролина


Пожар во фабрика за вештачко ѓубриво во американската сојузна држава Северна Каролина принуди илјадници луѓе да се евакуираат поради страв од можна голема експлозија. Околу 6.500 луѓе се евакуирани од своите домови во градот Винстон-Салем, затвореници од блискиот затвор и студенти од кампус, откако избувна пожар во фабрика за вештачко ѓубриво. Причината за пожарот не е позната, но властите …

(Видео) Илјадници евакуирани поради пожар во фабрика за вештачко ѓубриво во Северна Каролина Read More »

(Видео) Потоп во Еквадор – најмалку 24 лица загинаа во лизгање на земјиште


Најмалку 24 лица загинаа во огромен одрон во Кито, главниот град на Еквадор. Повредени се 48 лица, а 12 се водат како исчезнати. Обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во близина на работничките населби во Кито во понеделникот вечерта, објави „Ројтерс“. Кал и камења паѓале низ падините на вулканот Пичинча над градот и однеле осум …

(Видео) Потоп во Еквадор – најмалку 24 лица загинаа во лизгање на земјиште Read More »

Квебек се откажа од оданочување на граѓаните кои не се вакцинирани против корона вирусот


Властите во канадската франкофонска провинција Квебек соопштија дека ќе се откажат од оданочување на лицата кои не примиле вакцина против корона вирус, бидејќи најавата на таа мерка предизвика бурни реакции. Премиерот на покраината Франсоа Лего изјави дека решил да се откаже од оданочувањето поради поделбата во јавноста. – Со цел Квебек да оди напред во мирна атмосфера …

Квебек се откажа од оданочување на граѓаните кои не се вакцинирани против корона вирусот Read More »

Франција започнува со укинување на мерките против Ковид-19


Француската влада, по неколку други европски земји, како Велика Британија и Данска, денеска започнува со укинување на некои ограничувања за пандемијата на Ковид-19, одлука што предизвикува поделби во контекст на сè уште тензичната здравствена ситуација.   Франција започнува со укинување на мерките само неколку часа откако „Фајзер/Бионтек“ најави дека ќе бара итно одобрување во САД …

Франција започнува со укинување на мерките против Ковид-19 Read More »

Норвешка ги укинува повеќето мерки освен маска и растојание


Норвешка – Норвешка ќе ги укине поголемиот дел од преостанатите мерки воведени поради ширењето на Ковид 19, бидејќи е малку веројатно дека постојаното зголемување на бројот на случаи на коронавирус ќе го загрози здравствениот систем, изјави премиерот Јонас Гар Сторе. Норвешка влезе во делумно затворање во декември поради борбата против варијантата омикрон која брзо се шири, …

Норвешка ги укинува повеќето мерки освен маска и растојание Read More »

Подваријантата на Омикрон е откриена во 57 земји


Швајцаарија– Подваријантата на омикрон која, според некои истражувања, би можела да биде позаразна од оригиналната варијанта на коронавирусот, е откриена во 57 земји, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Варијантата на коронавирус омикрон, која брзо се шири и мутира, стана доминантна варијанта во светот откако за првпат беше откриена во јужна Африка пред десет недели. Светската здравствена организација …

Подваријантата на Омикрон е откриена во 57 земји Read More »

Путин му нуди на Запад повеќе разговори за да се смират тензиите во Украина


  МОСКВА – Рускиот претседател Владимир Путин изјави во вторникот дека САД и нивните сојузници ги игнорирале главните безбедносни барања на Русија, но додаде дека Москва останува отворена за повеќе разговори со Западот за намалување на зголемените тензии околу Украина. Путин тврди дека е можно да се преговара за крај на ќор-сокакот доколку се земат …

Путин му нуди на Запад повеќе разговори за да се смират тензиите во Украина Read More »

Во САД се спрема вакцина против Ковид за деца под пет години


Фармецевтот„Фајзер“ и неговиот германски партнер „Бионтек“ денеска треба да побараат од Управата за храна и лекови (ФДА) да одобри употреба на нејзината вакцина против Ковид-19 за деца под пет години. Двете компании бараат од ФДА одобрување за итна употреба за да се администрира нејзината вакцина  со две дози на деца од шест месечна возраст и нагоре, иако уште во декември објавија дека вакцината не продуцирала …

Во САД се спрема вакцина против Ковид за деца под пет години Read More »

Во четири земји во светот короната не влегла – станаа феномен


  Во четири од 193 земји членки во Обединетите нации, не е забележан ни еден случај со корона вирус. Две се во Азија, а две во Океанија. Од почетокот на светската пандемија со корона вирус во само четири земји во светот не е забележан ниту еден заболен од Ковид-19. Според Светската здравствена организација, заразени има …

Во четири земји во светот короната не влегла – станаа феномен Read More »

СЗО: Постепено да се ублажуваат епидемиолошките мерки


 Многу земји не го достигнаа врвот на епидемискиот бран на високо преносливата oмикрон варијанта на корона вирусот, затоа мерките за сузбивање на неговото ширење треба постепено и внимателно да се ублажуваат, изјави денеска Марија Ван Керхове, шефица на техничкиот оддел за Ковид- 19 во Светската здравствена организација. Шефот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан …

СЗО: Постепено да се ублажуваат епидемиолошките мерки Read More »

Европската комисија предлага итна помош од над милијарда за Украина


Белгија – Европската комисија предлага да итна макрофинансиска помош во износ од 1,2 милијарди евра за Украина откако претседателката фон дер Лајен разговараше со украинскиот претседател, јавува дописничката на МИА од Брисел. Предлогот за да се оствари треба да биде усвоен од страна на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент. Европската комисија нуди долгорочни заеми …

Европската комисија предлага итна помош од над милијарда за Украина Read More »

Амнести го обвини Израел за апартхејд врз Палестинците


Израелските власти мора да одговараат за спроведувањето апартхејд врз Палестинците, соопшти денеска Амнести интернешенел во најновиот остар извештај. Во него се наведени детали како Израел спроведува систем на угнетување и доминација против палестинскиот народ секаде каде што има контрола над неговите права. Ова ги вклучува Палестинците кои живеат во Израел и окупираните палестински територии (ОПТ), …

Амнести го обвини Израел за апартхејд врз Палестинците Read More »

Либан нема пари за плати на дипломатите, па бара тие да си најдат донатори


Поради финансиски проблеми, Либан доцни со исплатата на платите на своите дипломати, па ги советуваше да бараат донатори за покривање на основните деловни трошоци, бидејќи во спротивно може да се затворат голем број амбасади. Во официјалното писмо од 25 јануари, Министерството за надворешни работи побара од амбасадорите да побараат помош од дијаспората и да го …

Либан нема пари за плати на дипломатите, па бара тие да си најдат донатори Read More »

Руски авион „Ил-76“ спаси 300 напуштени миленици од Кабул


 Руски транспортен авион „Ил-76“ спаси речиси 300 напуштени миленици од Кабул, Авганистан, а тие својот нов дом ќе го најдат в Канада. – Авионот е апсолутен „ѕвер“ – Илушин 76-ТД, дизајниран да лета над Сибир среде зима. Затоа, не очекуваме доцнење поради зимата, рече Шарлот Максвел-Џонс од кабулската организација „Kabul Small Animal Rescue“. Станува збор …

Руски авион „Ил-76“ спаси 300 напуштени миленици од Кабул Read More »

Русија им нареди на медиумите да ги избришат сите текстови за истрагите на Навални


  Русија во понеделникот се закани дека ќе блокира најмалку 10 новински куќи доколку не го избришат покривањето на видео-истрагите на затворениот критичар на Кремљ Алексеј Навални за корупција на високо ниво, кои сега се формално забранети како „екстремистички“. Независната телевизија Дожд соопшти дека добила наредба да отстрани шест написи. На радио станицата Ехо Москва …

Русија им нареди на медиумите да ги избришат сите текстови за истрагите на Навални Read More »