Средба Блинкен-Рама во Стејт департментот 


САД– Американскиот дражавен секратар, Ентони Блинкен, синоќа во Стејт департментот се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама, каде ја одбележаа 100-годишнината од воспоставувањето на американско-албанските дипломатски односи, при што Блинкен повторно укажа на поддршката на САД за влез на Албанја во ЕУ, јави дописникот на МИА од Вашингтон.  -Секретарот ја истакна силната соработка во …

Средба Блинкен-Рама во Стејт департментот  Read More »

Холандија ќе ги укине речиси сите ограничувања воведени поради Ковид-19


Холандија ќе ги укине речиси сите ограничувања против Ковид-19  до 25 февруари и ќе се врати во нормален живот бидејќи се намалува бројот на инфицирани и хоспитализирани лица, изјави денеска холандскиот министер за здравство, Ернст Куиперс. Тој наведе дека „државата повторно ќе се отвори“. – Ќе се вратиме на нормалното време што го имавме пред …

Холандија ќе ги укине речиси сите ограничувања воведени поради Ковид-19 Read More »

Принцот Ендру се спогоди со Вирџинија Џуфре. Што значи тоа?


САД – Британскиот принц Ендру ја реши граѓанската тужба поднесена од Вирџинија Џуфре, во која го обвинува принцот дека сексуално ја злоставувал кога имала 17 години,  откри документот доставен до американскиот суд во вторникот. Еве поглед на тужбата против вториот син на кралицата Елизабета, спогодбата и што значи спорот за Ендру. КОИ БЕА ТВРДЕЊАТА НА …

Принцот Ендру се спогоди со Вирџинија Џуфре. Што значи тоа? Read More »

Извршени кибер напади врз веб-страниците на украинското Министерство за одбрана, на армијата и две банки


Украинскиот центар за кибер безбедност соопшти дека веб-страниците на украинското Министерство за одбрана, на украинската армија и на банките „Приватбанк“ и „Ошадбанк“ биле мета на кибер напад. Украинскиот центар за кибер безбедност соопшти дека Русија е најверојатно виновна за нападот. Претходно не беше соопштено за извршен хакерски напад врз сајтот на армијата. Двете банки се …

Извршени кибер напади врз веб-страниците на украинското Министерство за одбрана, на армијата и две банки Read More »

Блинкен и Лавров повторно разговарале


 Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска имаше нов телефонски разговор за украинската криза со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, соопшти Стејт департментот. По нивниот последен разговор во саботата, „тие се согласија да останат во контакт“, рече висок функционер на Стејт департментот. Претставникот на Стејт департментот не даде детали за нивниот најнов разговор. 

Велика Британија ќе ги блокира руските компании кои остваруваат профит во Лондон


   Велика Британија денеска се закани дека ќе блокира руски компании да користат профит остварен во Лондон и дека ќе ги разоткрие имотите и сопственоста на компаниите доколку Русија ја нападне Украина. Властите во Лондон нагласија дека Западот мора да остане обединет за цената на Москва за секој конфликт. Русија распореди војници и воена опрема …

Велика Британија ќе ги блокира руските компании кои остваруваат профит во Лондон Read More »

Путин и Шолц ги завршија предвреме разговорите. Нема напредок


  Четири часа беа предвидени за разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц. Но, за разлика од разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон, кои траеја подолго од планираното минатата недела, разговорите меѓу Путин и Шолц завршија предвреме. Потоа и двајцата ги искажуваа своите ставови на заедничка прес-конференција. Путин истакна дека Русија …

Путин и Шолц ги завршија предвреме разговорите. Нема напредок Read More »

За НАТО, повлекувањето на руските трупи не претставува деескалација


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, попладнево изјави дека НАТО очекува посилен знак на деескалација од најавата за повлекување на војниците во и околу Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Шефот на Северноатлантската алијанса попладневно на прес – конференција пред почетокот на дводневниот Министерски совет за одбрана, кој се одржува утре и задутре во …

За НАТО, повлекувањето на руските трупи не претставува деескалација Read More »

Ново судење на Навални во затвор, можни се уште 10 години казна


  Русија би можела да ја продолжи затворската казна на Алексеј Навални за уште една деценија во новото кривично судење за кое неговите поддржувачи предупредуваат дека е засенетo од кризата во Украина. Рускиот опозициски лидер е обвинет за проневера на донации на неговата антикорупциска организација ФБК, која го обвини Владимир Путин дека поседува замок од …

Ново судење на Навални во затвор, можни се уште 10 години казна Read More »

Во Русија се пробива гласот да нема војна, преку петиција


  МОСКВА -Во обични времиња, неможноста да се влијае на политиката на вашата земја може да се чувствува фрустрирачки. Кога таа земја е на работ на војна, може да се чувствува како тортура. „Сосема е ужасно да се најдете беспомошни, личност од која ништо не зависи“, вели Андреј Макаревич, ветеран на руската рок-сцена. Неговото е …

Во Русија се пробива гласот да нема војна, преку петиција Read More »

Норвешка во знак на солидарност го зголемува својот контингент во НАТО силите во Литванија


Норвешка планира да го зголеми своето присуство во составот на НАТО силите во Литванија, соопшти норвешкиот министер за одбрана Од Рогер Еноксен. – Сакаме да придонесеме за зајакнување на присуството на сојузничките сили на Балтикот и да покажеме солидарност со нашите партнери на источното крило. Од наша страна, тоа најдобро може да се направи со …

Норвешка во знак на солидарност го зголемува својот контингент во НАТО силите во Литванија Read More »

Канадскиот премиер најави замрзнување на банкарските сметки на демонстрантите


Канадскиот премиер Џастин Трудо презеде чекор без преседан повикувајќи се на Законот за вонредни ситуации за да ги смири протестите против вакцинацијата.Трудо рече дека опсегот на мерки ќе биде „временски ограничен“, „разумен и пропорционален“ и дека нема да биде распоредена војска. Без потреба од судски налог, банките ќе можат да ги замрзнат банкарските сметки на сите …

Канадскиот премиер најави замрзнување на банкарските сметки на демонстрантите Read More »

По спроведените воени вежби, првите руски трупи се повлекоа од границата со Украина


Русија почна да ги повлекува војниците распоредени на југот и западот на земјата, во близина на границата со Украина, назад во нивните постојани бази, соопшти Министерството за одбрана, без да даде точен број на повлечените сили, јави ДПА. – Додека мерките за борбена обука се при крај, војниците, како и секогаш, ќе спроведат комбинирани маршеви …

По спроведените воени вежби, првите руски трупи се повлекоа од границата со Украина Read More »

Клуге: Омикрон и натаму се шири кон Источна Европа


Новиот бран на сојот омикрон на коронавирусот, се шири кон источниот дел од Европа, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи ги Владите да ги зголемат програмите за вакцинација, како и за други мерки. Изминатите две недели, бројот на заразени е повеќе од двојно зголемен во Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Русија, Украина, предупреди регионалниот директор …

Клуге: Омикрон и натаму се шири кон Источна Европа Read More »

Кулеба: Дипломатијата вроди со плод, успеавме да ја спречиме ескалацијата


Заедничките дипломатски напори со западните сојузници успеаја да спречат руската ескалација, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи. -Ние и нашите сојузници успеавме да ја спречиме Русија за каква било натамошна ескалација. Веќе е средината на февруари и можете да видите дека дипломатијата продолжува да работи, изјави шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба. Тој експресно …

Кулеба: Дипломатијата вроди со плод, успеавме да ја спречиме ескалацијата Read More »

И Шолц го одби рускиот ПЦР тест на ковид


Германскиот канцелар Олаф Шолц пристигна во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин со цел деескалација на тензиите на руско-украинската граница, Шолц одби да направи ПЦР тест пред средбата. Наместо рускиот тест, Шолц одлучил лекар од германската амбасада да направи ПЦР тест, што е предуслов за влез во Кремљ на средба со рускиот претседател …

И Шолц го одби рускиот ПЦР тест на ковид Read More »

Белгија размислува за укинување на ковид сертификатите


Владината коалициска партија на Социјалистите во Белгија најави дека сака укинување на ковид сертификатот за внатрешна употреба, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова утрово во интервју за радиото БЕЛ РТЛ го изјави претседателот на Социјалистичката партија, Пол Мањет. Моментално во Белгија за влез во угостителски објекти, културни настани и други локали е потребен ковид …

Белгија размислува за укинување на ковид сертификатите Read More »

ЕП одобри 1,2 милијарди евра макрофинансиска помош за Украина


Европратениците ја одобрија одлуката на Советот на ЕУ за обезбедување нов пакет макрофинансиска помош од 1,2 милијарди евра за Украина. „Унијата ќе обезбеди макроекономска помош до 1,2 милијарди евра, која ќе биде достапна за поддршка на макроекономската стабилизација и програмата за сеопфатни реформи во Украина“, се вели во документот, усвоен од европратениците. Се забележува дека …

ЕП одобри 1,2 милијарди евра макрофинансиска помош за Украина Read More »

Им плаќаат за да одат со велосипед на работа


Сѐ повеќе земји им плаќаат на своите граѓани да одат со велосипед на работа, нудејќи им во замена зголемен неданочен дел од платата..Тоа е пракса која веќе ја спроведуваат земји како Холандија, Белгија, Велика британија, Данска или германија. Во многу случаи на урбани рути по кои секојдневно луѓето се превезуваат со автомобил, а лесно може …

Им плаќаат за да одат со велосипед на работа Read More »

Ковидот стигна и на Куковите Острови


  Една од последните преостанати земји без Ковид-19 – малата пацифичка нација Кукови Острови – го пријави својот прв случај на вирусот. Премиерот Марк Браун рече дека првиот случај пристигнал на меѓународен лет од Нов Зеланд на 10 февруари. „Иако беше асимптоматска, таа врати позитивен резултат само неколку часа подоцна. За случајот е издадена наредба …

Ковидот стигна и на Куковите Острови Read More »