Молдавците го избришаа „молдавскиот јазик“


Вчера Парламентот на Молдавија изгласа според тамошните оценки историска одлука во целото законодавство на Молдавија империјалистичкиот остаток од советската ера –  „молдавскиот“ јазик – да биде заменет со „романски“ јазик. -Доцниме повеќе од 30 години во слободувањето од оваа руска лага, беше еден од коментарите објавени на Твитер од локален политичар.  Според одлуката фразите „молдавски […]

Руски политичар оди на суд затоа што го гледал говорот на Путин со шпагети на ушите


  На руски политичар ќе му се суди затоа што го гледал говорот на претседателот Владимир Путин со шпагети на ушите. Михаил Абдалкин ќе се појави на суд следната недела за да се соочи со обвиненијата дека ги дискредитирал руските вооружени сили со објавување видео на кое се гледа како става шпагети преку ушите. Абдалкин […]

Белорусија: Нобеловецот Алес Бјалијацки осуден на 10 години затвор


  Суд во Белорусија го осуди добитникот на Нобеловата награда за мир Алес Бјалијацки на 10 години затвор. Тој беше осуден за шверц и финансирање „дејства кои грубо го нарушуваат јавниот ред“, соопшти групата за човекови права „Вијасна“. Поддржувачите на 60-годишниот Бјалијацки велат дека авторитарниот режим на белорускиот лидер Александар Лукашенко се обидува да го […]

Пресметано зло: Како силите на Путин користат тортура за да го избришат украинскиот идентитет


Новата истрага за окупацијата на Керсон откри злобна шема на руската бруталност. Русија имала најмалку 20 комори за мачење на десниот брег на регионот Керсон во текот на осумте месеци окупација. Дури  54 дена Русите го држеле затворен Роман Баклажов, бизнисмен и волонтер за испорака на храна од јужниот украински град Керсон. Во обидот да […]

Во САД повторно предложен законот за укинување на сезонско сметање на времето


САД – Група од 12 американски сенатори повторно предложи закон со кој летното сметање на времето во САД ќе остане трајно. Британските медиуми пренесуваат дека во март 2022 година, Сенатот едногласно изгласа во САД да заврши менувањето на часовникот двапати годишно. Меѓутоа, законот не успеа да помине на гласањето во Претставничкиот дом бидејќи конгресмените не […]

Качински: Нема преговори додека 20 отсто од Украина е под руска окупација


  Лидерот на полската владејачка конзервативна партија Право и Правда, Јарослав Качински, предупреди дека не може да има мировни преговори се додека Русија окупира 20 отсто од територијата на Украина и дека поставувањето какви било услови за Украина значи само помагање на Русија. „Русија окупира 20 отсто од територијата на Украина и Украинците не можат […]

Рајдер: САД не обезбедуваат опрема и разузнавање за Украина да напаѓа на територијата на Русија 


  Војската на САД не обезбедува ресурси за Украина да изведува напади надвор од нејзината територија, изјави синоќа портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пат Рајдер.  -Можам да кажам дефинитивно дека идејата ние да обезбедуваме резузнавање или инфомации на Украинците за тие да таргетираат локации внатре во Русија е бесмислица, изјави тој откако беше прашан за […]

Русите го урнале клучниот мост во Бахмут


Руските сили во текот на ноќта го кренаа во воздух клучниот мост кој гого поврзува опколениот град Бахмут на истокот на Украина со блиското село Хромово, соопшти украинската полиција. Во полицијата во градот Константинивка за Си-Ен изразија надеж дека мостот ќе се санира во наредните денови, затоа што е витална артерија за извлекување на цивили […]

Украина нареди делумна евакуација на жителите на Купјанск, во регионот на Харков


Украина вчера им нареди евакуација на ранливите категории жители на градот Купјанск, на североисточното воиште, каде има напредување на руските сили, соопшти воената администрација. „Во општина Купјанск почна задолжителна евакуација на семејствата со деца и жителите со намалена подвижност поради континуираното бомбардирање на територијата од руските сили“, соопшти воената управа на регионот Харков. Гувернерот на […]

Угледен адвокат од САД ги убил сопругата и син му поради своите финансиски злоупотреби


Поротата во Јужна Каролина (САД) вчера го прогласи поранешниот угледен адвокат Ричард А. Мардо за виновен за убиството на неговите сопруга и син, по шестнеделните сослушувања што го привлекоа вниманието на јавноста ширум земјата. По тричасовно заседавање, 12-члената порота го прогласи Мардо (54) за виновен за убиство на Меги (52) и Пол (22), кои биле […]

Против Доналд Трамп може да се поднесуваат граѓански тужби за неговата улога во нападот врз Капитол


САД– Американското Министерство за правда, во официјален документ денеска наведе дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп може да биде тужен во граѓанска постапка од жртвите на нападот на Капитол и не може да се крие зад неговиот претседателски имунитет. Полицајците и членовите на Конгресот бараат отштета од Трамп, кого го обвинуваат дека ги охрабрувал неговите […]

Аргентина го раскина договорот за Фолкландските Острови


Аргентина– Аргентинската влада побара од Обединетото Кралство повторно да почнат преговори за суверенитетот на Фокландските Острови, соопшти аргентинското Министерство за надворешни работи. Фокландите или Малвинските острови, како што ги нарекуваат Аргентинците, се наоѓаат во јужниот дел на Атлантикот, на околу 600 километри од аргентинското копно. Британските медиуми пренесуваат дека шефот на аргентинската дипломатија, Сантијаго Кафијеро, […]

Речиси една четвртина од населението на Германија се доселеници


 Речиси четвртина од германското население има мигрантско потекло, објави денеска заводот за статистика. „Деветнаесет милиони или 23 отсто од германското население се или доселеници или двајцата родители им се доселиле во Германија“, се наведува во извештајот.. Од нив, 14,2 милиони или 17,3 отсто се луѓе кои се доселиле во Германија од друга земја по 1950 […]

Руската тајна служба не успеала да ги фати „украинските саботери“


  Федералната служба за безбедност на Русија извести за неутрализирање на „саботери“ во областа Брјанск, истакнувајќи дека „како резултат на преземените мерки, беше запрен налетот на украинските националисти во областа Климовски“. Од соопштението на ФСБ, произлегува дека диверзантско-извидувачката група (ДСГ) непречено ја напуштила Русија, а нема информации за приведување или уништување на нејзини членови. ФСБ […]

Руска лажна провокација или украински напад на руска територија?


Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, денеска ги нарече „класична намерна провокација“ тврдењата на руските власти дека украинска диверзантска група извршила инвазија на руска територија. Руските власти тврдат дека украински диверзанти ја преминале границата и во областа Брјанск во Русија зеле неколку лица како заложници. „Според прелиминарните информации, неколку лица се земени како заложници во […]

Шредер може да остане во СДП, одлучи Арбитражниот суд на партијата


Германија– Арбитражниот суд на германската Социјалдемократска партија (СДП) одлучи поранешниот канцелар Герхард Шредер да остане во партијата и покрај неговите „врски“ со Русија. Со тоа судот во второстепена постапка го одби барањето на дел од членовите на партијата, пишува весникот „Франфуртер Алгемајне Цајтунг“ (Frankfurter Allgemeine Zeitung). Веста прв ја објави германски „Шпигел“, повикувајќи се на […]

Блинкен и Лавров се сретнаа за првпат по руската инвазија


Во Њу Делхи, на маргините на состанокот на Г-20, се сретнаа рускиот и американскиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и Ентони Блинкен. Состанокот, пишува „Њујорк Тајмс“, бил непланиран и се случил откако руската влада ги обвини западните држави за „уцени и закани“. Блинкен, како што им кажа на новинарите висок американски функционер, му изнел […]

Одбиена нова молба на убиецот на Роберт Кенеди за пуштање од затвор


САД– Специјална комисија на американската сојузна држава Калифорнија вчера го одби новото барање за условно ослободување поднесено од Сирхан Сирхан, кој според пресудата, смртно го застрелал сенаторот Роберт Кенеди во 1968 година. Инаку, во август 2021 година, друга комисија даде зелено светло за негово ослободување, но во јануари следната година, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом […]

Русија умре – нема ни таква држава, ни таков народ


„Русија умре. Нема ни таква држава, ни таков народ“, пишува рускиот новинар Константин Егерт, а го пренесува бугарски „Дневник“. Според него, руското образовано општество беше поразено од режимот и Кремљ успеа да ги втурне Русите во политички сон. -Ништо не може да го разбуди општеството кое не сака да ја знае вистината. И ако дознае, […]

Вандализирана Малата сирена во Копенхаген, насликано руско знаме


  Малата сирена, симболот на Копенхаген, стана цел на вандализам во текот на ноќта, а непознати лица насликаа руско знаме на нејзината база. Данската полиција соопшти дека покренала истрага. Малата сирена, хероината на Ханс Кристијан Андерсен, се наоѓа на оддалечениот брег на пристаништето во Копенхаген и од 1913 година, кога е поставена, често е мета […]