Кисинџер: Втората студена војна може да биде поопасна од првата
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2020/04/kisincer.jpg)
Втората студена војна може да испадне поопасна од првата, предупредува поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер во интервју за Мундо објавено синоќа.
– Оваа втора студена војна би можела да започне меѓу САД и Кина, предвидува поранешниот државен секретар.
Според Кисинџер, една од причините зошто Втората студена војна може да се покаже поопасна од првата е фактот што Кина и САД имаат споредливи економски ресурси – нешто што, според поранешниот државен секретар, не било присутно во Првата студена војна.
Вашингтон и Пекинг имаат заедничка обврска да спречат катастрофален судир, истакнува Кисинџер.