Бајден: Путин е агресивен, избра војна и време е да ги почуствува последиците


Претседателот на САД, Џо Бајден, се обрати вечерва на нацијата најавувајќи ги новите мерки што ги презема против режимот на Владимир Путин со порака до граѓаните во земјите членки на НАТО – дека нема сомнение дека  ќе се активира членот пет , односно НАТО ќе се вклучи воено ако биде нападната некоја од земјите во …

Бајден: Путин е агресивен, избра војна и време е да ги почуствува последиците Read More »

Антивоени протести во Русија, уапсени над 700 лица


Руската полиција приведе повеќе од 700 луѓе на антивоените протести во повеќе градови во Русија, откако претседателот Владимир Путин испрати војници да ја нападнат Украина, соопштија независни набљудувачи. „Повеќе од 735 лица се приведени во 40 градови“, соопшти ОВД-Инфо, која следи апсења на митинзи на опозицијата. Повеќе од 330 лица се приведени во Москва, соопшти …

Антивоени протести во Русија, уапсени над 700 лица Read More »

Борис Џонсон ги замрзна парите на руските банки во Велика Британија


  Британскиот премиер Борис Џонсон   го претстави пакетот „остри“ санкции против Русија, насочени кон банки, членовите на потесното опкружување на претседателот Владимир Путин и екстремно богатите Руси со имот во Велика Британија. Западните земји го координираат воведувањето остри санкции против Русија поради инвазијата врз Украина. „Овој одвратен варварски потфат на Владимир Путин мора да заврши …

Борис Џонсон ги замрзна парите на руските банки во Велика Британија Read More »

НАТО знаел од октомври дека Путин ќе ја нападне Украина


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вечерва на Си Ен Ен соопшти дека во Алијансата уште од октомври имале информации дека Русија подготвува воена интервенција на Украина и дека се убедувале да ја спречат со дипломатски сретства. Столтенберг немаше одговор на заканата на рускиот претседател Владимир Путин дека, секој што ќе се обиде да и …

НАТО знаел од октомври дека Путин ќе ја нападне Украина Read More »

Директорка на московски театар даде оставка, не сака да работи за „убиецот“ Путин


Скромни антивоени протести избија – и веднаш беа задушени – во неколку руски градови денеска , вклучувајќи ја и Москва, централниот град Челјабинск и Новосибирск во Сибир. Полицијата ги приведе демонстрантите во сите три града веднаш по нивното појавување. Исто така некои истакнати членови на руското граѓанско општество ја осудија војната. Познатите личности, вклучително и …

Директорка на московски театар даде оставка, не сака да работи за „убиецот“ Путин Read More »

„Ние не го сакаме ова“: Московјани реагираат на инвазијата врз Украина


  Темно, мрачно расположение го исполни московскиот воздух во четвртокот наутро, додека Русите се помируваа со фактот дека нивниот претседател започна широка воена офанзива насочена кон Украина. „Срам ми е за мојата земја. Да бидам искрен со вас, јас сум без зборови. Војната е секогаш страшна. Ние не го сакаме ова“, рече Никита Голубев, 30-годишен …

„Ние не го сакаме ова“: Московјани реагираат на инвазијата врз Украина Read More »

Москва под хакерски напад, „урната“ страницата на Путин


Голем број веб-страници на руската влада, вклучително и онаа на претседателот на Русија Владимир Путин, т.е. на  Кремљ, е „урната“ од хакерски напад. Нападот е одговор на руските хакерски напади на украинските институции со кои сакаат да создадат паника во земјата и да ја отсечат воената команда. 

Давид против Голијат: Колкава е разликата во воената моќ меѓу Русија и Украина


Со оглед на тоа што Русија започна инвазија врз Украина, едно од клучните прашања во моментов е актуелно колку навистина може да се споредува воената моќ меѓу двете земји. Не треба да се има премногу знаење за актуелните настани за да се заклучи дека Русија е воено супериорна, но еве ги бројките. Русија има поголема …

Давид против Голијат: Колкава е разликата во воената моќ меѓу Русија и Украина Read More »

Мапа на руските пробиви според геолокациите


  Исклучително е тешко да се проверат информациите за тоа колку далеку напреднале руските трупи, бидејќи кружат многу лажни информации, но германскиот новинар на „Билд“, Јулијан Ропке, ја користи геолокацијата на достапните слики и видео снимки за да ја потврди позицијата на напаѓачките трупи. Тој ја објави оваа мапа на која се гледа напредокот на …

Мапа на руските пробиви според геолокациите Read More »

Русите влегоа во Чернобил, можно е оштетување на складот за нуклеарен отпад


 Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Черашченко, попладнево  изјави дека руските сили влегле во областа Чернобил. -Во борбите можеби е оштетен и објектот за складирање нуклеарен отпад, изјави советникот, а јави дописникот на американската телевизија Ен-Би-Си, Ричард Енгел. „Тие, додаде Герешченко, влегоа во зоната на Чернобил од територијата на Белорусија“.   Советниокот додава …

Русите влегоа во Чернобил, можно е оштетување на складот за нуклеарен отпад Read More »

Како лажеа Путин и Захарова за воената интервенција (ВИДЕО)


Руските медиуми наголемо ги објавуваа изминатите денови потсмевањата на претседателот Владимир Путин и на портпаролите на Кремљ, Дмитриј Песков и Марија Захариева за наводните западни лажни најави дека ќе има руска интервенција во Украина. Па така, Захариева пред медиумите прашуваше дали e објавено точното време кога ќе почне војната бидејќи, не можејќи да разбере информациското …

Како лажеа Путин и Захарова за воената интервенција (ВИДЕО) Read More »

Трас до рускиот амбасадор: Треба да се засрамите од себе!


Рускиот амбасадор во Обединетото кралство бил повикан од  британската министерка за надворешни работи Лиз Трас за да ги објасни постапките на Русија. -Тоа беше лош состанок, изјавил официјален претставник на министерката за надворешни работи, кој според него завршил така што Трас побарала од амбасадорот да си замине. Трас му порачала на амбасадорот дека треба да …

Трас до рускиот амбасадор: Треба да се засрамите од себе! Read More »

Зеленски: Не знам уште колку ќе бидам жив


Австрискиот канцелар Карл Нехамер Пред парламентот во Виена изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му телефонирал напладне, велејќи дека „се јавува од земја за која не знае уште колку ќе постои“. Зеленски, исто така, рече дека „се јавува како претседател кој не знае уште колку ќе биде жив“, рече Нехамер.  

Конечно и Шредер го критикуваше Путин


  Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, пријател на Путин поврзан во бизнисот со руски гас, ја осуди руската инвазија на Украина денеска, откако врз него се зголемуваше притисокот да го стори тоа. „Војната и страдањата што таа ги предизвикува за народот на Украина мора да завршат што е можно поскоро“, рече Шредер на Линкедин. „Тоа …

Конечно и Шредер го критикуваше Путин Read More »

„Киев индепендент“: Досега убиени стотина руски војници, речиси исто толку Украинци


„Киев индепендент“ јави дека досега украинските сили убиле околу стотина руски војници, а до 14 часот по локално време уништиле  7 руски авиони, 4 хеликоптери и  повеќе од 10 оклопни возила. Русија ги окупирала градовите Хеническ и Нова Каховка во Херсонската област. Медиумот исто така објави дека осумдесетина Украинци, војници и  цивили, загинале во руската воена …

„Киев индепендент“: Досега убиени стотина руски војници, речиси исто толку Украинци Read More »

И Орбан го осуди рускиот напад на Украина


Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го осуди рускиот воен напад на Украина. „Со нашите сојузници од ЕУ и НАТО, го осудуваме рускиот воен напад“, рече Орбан по состанокот на советот за безбедност, додавајќи дека „Унгарија ќе остане на маргините на воениот конфликт, бидејќи безбедноста на Унгарците е најважна“. Тој додаде дека Унгарија ќе обезбеди хуманитарна …

И Орбан го осуди рускиот напад на Украина Read More »

Макрон: „Нема да покажеме слабост“


  Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција и нејзините европски сојузници направиле сѐ за да се обидат да го спречат нападот врз Украина. Тој рече дека нема да покажат „слабост“ во нивниот одговор. Макрон во телевизиското обраќање до нацијата во четвртокот рече дека рускиот напад е „пресвртница во европската историја“ и како резултат „ќе …

Макрон: „Нема да покажеме слабост“ Read More »

Руско лудило: Путин го обвини Евреинот Зеленски дека е нацист


Владимир Путин утрово ѝ објави војна на Украина со изговор дека сака да ја демилитаризира и денацифицира. Неколку часа порано, украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој има еврејски корени, го упати последниот апел за мир, демантирајќи ги неоснованите обвинувања од Путин дека Украина ја водат нацисти.Тој директно ѝ се обрати на руската јавноста, и тоа на …

Руско лудило: Путин го обвини Евреинот Зеленски дека е нацист Read More »

Украински воен авион со 14 патници се урна во близина на Киев


Украински воен авион со 14 лица денеска се урна јужно од Киев, соопшти службата за итни случаи. Службата соопшти дека „сѐ уште одредува колку луѓе загинале“. Инцидентот се случил на околу 20 километри јужно од Киев, по извештаите за напад на неколку локации низ градот. Засега не е јасно дали авионот бил погоден од руски …

Украински воен авион со 14 патници се урна во близина на Киев Read More »