Макрон ја зголеми предноста во анкетите на помалку од два месеци пред претседателските избори во Франција


Франција– Поддршката за францускиот претседател Емануел Макрон е на највисоко ниво на помалку од два месеци пред првиот круг од претседателските избори благодарение на неговата улога во украинската криза, покажа анкетата објавена синоќа. Поддршката на Макрон порасна за два отсто според анкетата на ИФОП, спроведена по барање на Париз Меч. Тој сега ужива 28 проценти …

Макрон ја зголеми предноста во анкетите на помалку од два месеци пред претседателските избори во Франција Read More »

Украина потврди дека Русија употребила вакуум бомба што е забранета во светот


    Амбасадорката на Украина во САД во понеделникот апелираше до членовите на американскиот Конгрес за дополнителна помош бидејќи нејзината земја се противи на руската „брутална војна“, тврдејќи дека Русија користела т.н. вакуумска бомба, или термобарично оружје, во понеделникот при инвазијата на Украина. „Денеска употребија вакуум бомба, што всушност е забрането со Женевската конвенција“, изјави …

Украина потврди дека Русија употребила вакуум бомба што е забранета во светот Read More »

Поддржувачите на Навални ги повикуваат Русите на граѓанска непослушност


Движењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој отслужува затворска казна во Русија, ги повика Русите на кампања за граѓанска непослушност во знак на протест против руската инвазија на Украина, пренесува Хина. – Путин и објави војна на Украина и се обидува да ги натера сите да мислат дека Украина е нападната од Русија, односно од сите нас. Но, тоа …

Поддржувачите на Навални ги повикуваат Русите на граѓанска непослушност Read More »

Руските сили слабо напредуваат, но наголемо разурнуваат (ВИДЕО)


Руската војска постигна мал напредок кон Киев во изминатите 24 часа поради логистички тешкотии, додека армијата ја зголеми употребата на артилерија северно од главниот град, покажуваат податоците на британското воено разузнавање, пренесува Гардијан. „Рускиот напредок кон Киев постигна мал напредок во изминатите 24 часа, веројатно како резултат на континуираните логистички тешкотии“, соопшти британското Министерство за …

Руските сили слабо напредуваат, но наголемо разурнуваат (ВИДЕО) Read More »

Од почетокот на руската инвазија врз Украина околу 350.000 бегалци влегоа во Полска


Од почетокот на руската инвазија oколу 350.000 Украици влегоа во Полска, информираше денеска полскиот заменик министер за внатрешни работи, Мациеј Васик. – Во последните 24 часа, 100.000 лица ја минаа полско-украинската граница, додаде Васик за „Полски радио 1“. Тој појасни дека вкупно, од четвртокот, бројката изнесува 350.000 бегалци. Според Обединетите нации, вкупниот број на лица …

Од почетокот на руската инвазија врз Украина околу 350.000 бегалци влегоа во Полска Read More »

Бразил ќе воведе „хуманитарен пасош“ за бегалци од Украина


Бразил планира да воведе „хуманитарен пасош“ за прием на бегалци од Украина, изјави претседателот Жаир Болсонаро. Бразилскиот претседател најави дека мерката што би требало да стапи на сила најдоцна до задутре е дел од напорите на земјата да ги прими сите евентуални бегалци од Украина. Болсонари истовремено ја повтори својата „неутрална“ позиција по однос руската …

Бразил ќе воведе „хуманитарен пасош“ за бегалци од Украина Read More »

Австралија и испраќа 50 милиони долари на Украина


Aвстралија – Австралија ќе донира 50 милиони долари за воена поддршка на Украина. Австралискиот премиерот Скот Морисон во вторникот рече дека парите се наменети за воена и невоена помош. – Зборуваме за проектили, муниција, зборуваме за поддршка во одбраната на сопствената татковина на Украина, рече тој.

Кибер напад врз членка на НАТО може да ја активира клаузулата за колективна одбрана


Белгија – Кибер напад врз земја-членка на НАТО може да го активира членот 5, клаузула за колективна одбрана, изјави претставник на НАТО. Воената алијанса со години јасно става до знаење дека сериозен кибер напад може да ја активира клаузулата, но таквото сценарио досега беше главно хипотетички. – Сојузниците, исто така, признаваат дека влијанието на значајните злонамерни …

Кибер напад врз членка на НАТО може да ја активира клаузулата за колективна одбрана Read More »

Во црква во Сакраменто маж ги убил своите три деца и сопругата, а потоа и себеси


САД– Во црква во Сакраменто, Калифорнија, маж пукал и ги убил своите три деца и сопругата, по што се самоубил. Според Си-Ен-Ен, тој влегол во црквата и ги убил своите три деца, сите помлади од 15 години, а потоа се самоубил. Петто лице е пронајдено мртво и идентификувано како сопруга на убиецот, изјави портпаролот на …

Во црква во Сакраменто маж ги убил своите три деца и сопругата, а потоа и себеси Read More »

Закана од Москва: Сите кои испорачуваат оружје за Украина ќе сносат одговорност


Русија – Руското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека сите оние кои испорачале смртоносно оружје во Украина ќе одговараат доколку се употреби за време на руската воена операција во земјата. Министерството додаде дека чекорите што ги презема Европската унија против Русија нема да останат без одговор. Речиси сите европски земји најавија помош за Украина во …

Закана од Москва: Сите кои испорачуваат оружје за Украина ќе сносат одговорност Read More »

ОН: Над половина милион бегалци се во соседните земји на Украина и бројот се зголемува


САД– Во соседните земји на Украина во моментов се наоѓаат 520.000 украински бегалци и тој број драстично се зголемува од час во час, изјави Филипо Гранди, високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР), вчера пред Советот за безбедност на ОН. Гранди, кој се обрати пред Советот преку видео-конференциска врска од Женева, истакна дека работел на …

ОН: Над половина милион бегалци се во соседните земји на Украина и бројот се зголемува Read More »

Твитер и Фејсбук ги ограничуваат вестите за Русија


САД– Компанијата Мета, сопственик на Фејсбук, и Твитер го ограничуваат присуството на вести од руски државни информативни изданија на нивните платформи. Ограничени се само медиумите, обвинети за ширење дезинформации во врска со инвазијата на Москва врз Украина. Технолошките платформи станаа дополнителен фронт за меѓународен напад, како и на големиот број лажни вести. Мета соопшти дека …

Твитер и Фејсбук ги ограничуваат вестите за Русија Read More »

Зеленски ги укинува визите за странци


Украина – Украинскиот претседател Володимир Зеленски времено ги суспендира условите за влезна виза за сите странски државјани кои се подготвени да се приклучат на украинската Меѓународна одбранбена легија и да се борат на страната на Украина против руската инвазија. Указот на Зеленски ќе стапи во сила од денеска и ќе остане во сила се додека е …

Зеленски ги укинува визите за странци Read More »

ЕУ го вклучи и Дмитриј Песков во санкциите против Русија


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков е еден од 26-те истакнати личности на кои Европската унија им воведе санкции поради руската инвазија врз Украина, се наведува во одлуката објавена во службениот весник на Унијата. На списокот се наоѓаат олигарси и бизнисмени кои работат во нафтениот, банкарскиот и финансискиот сектор, но и членови на руската Влада, високи …

ЕУ го вклучи и Дмитриј Песков во санкциите против Русија Read More »

Дали граѓаните на САД треба да бидат загрижени поради можноста од нуклеарна војна? Бајден вели: „Не“


Американските граѓани не треба да се плашат од нуклеарна војна, изјави вечерва американскиот претседател Џозеф Бајден, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин нареди руските сили за одвраќање, кои вклучуваат и нуклеарно оружје, да бидат ставени во состојба на висока готовност. Додека Бајден заминувал од говорницата во Белата куќа, еден од американските новинари го прашал …

Дали граѓаните на САД треба да бидат загрижени поради можноста од нуклеарна војна? Бајден вели: „Не“ Read More »

Осум држави поддржаа итно пристапување на Украина во ЕУ, меѓу нив и Бугарија


Украина заслужува веднаш да влезе во Европската унија, се наведува во отвореното писмо од претседателите на осум земји-членки на ЕУ – Бугарија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно вечерва објави дека потпишал официјално барање неговата земја да се приклучи на Европската унија. Тој беше посоветуван писмено да ѝ …

Осум држави поддржаа итно пристапување на Украина во ЕУ, меѓу нив и Бугарија Read More »

ЕУ стави под санкции и моќни руски олигарси


  Европската унија денеска додаде уште 26 лица на списокот со санкции наметнати поради инвазијата на Москва на Украина, вклучително и некои од најблиските луѓе на рускиот претседател Владимир Путин и неколку од највисоките олигарси во земјата. Меѓу санкционираните е Игор Сечин, извршен директор на државната нафтена компанија „Роснефт“ и поранешен заменик-шеф на администрацијата на …

ЕУ стави под санкции и моќни руски олигарси Read More »

Франција ја преселува амбасадата од Киев во Лавов


Франција денеска соопшти дека ја преселила својата амбасада во Украина од главниот град Киев во Лавов на западот на земјата. По слична одлука на САД, Канада и Израел, министерот за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан рече дека Франција ја преселила дипломатската мисија поради „ризиците и заканите“ со кои се соочува главниот град на Украина.

Италија прогласи вонредна состојба за да се справи со украинските бегалци


 Италијанската Влада прогласи вонредна состојба до крајот на годината за да се справи со очекуваниот прилив на бегалци од Украина, одлучи денеска Советот на министри во Рим. Со таквиот потег Владата може да преземе итни мерки во одредени случаи без претходни консултации во Парламентот. По руската инвазија врз Украина, Италија, каде живее голема украинска заедница …

Италија прогласи вонредна состојба за да се справи со украинските бегалци Read More »

Конвој руски возила и тенкови долг 27 километри оди кон Киев


  Конвој руски тенкови и други воени возила што се упатуваат кон Киев се протега на дури 27 километри, пренесува Ројтерс. Сателитските снимки од конвојот ги направи „Максар“ во понеделникот попладне, а од нив се открива дека конвојот се наоѓа во близина на аеродромот Антонов, за кој последните денови се водат жестоки битки. Ако ова …

Конвој руски возила и тенкови долг 27 километри оди кон Киев Read More »