Никогаш немало толку многу раселени луѓе. Војните и климатските катастрофи се причина


Бројот на внатрешно раселени лица достигна рекордни 71,1 милиони ширум светот минатата година поради конфликтите како што се војната во Украина и климатските катастрофи како што се монсунските поплави во Пакистан, покажаа податоците објавени во четвртокот. Центарот за мониторинг на внатрешно раселување (IDMC) со седиште во Женева соопшти дека бројот покажал зголемување од 20 отсто […]

Трамп: Ако бидам повторно избран за претседател, ќе го решам прашањето за војната во Украина за 24 часа


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп јавно изјави дека доколку биде избран за претседател, во рок од 24 часа ќе го реши прашањето за војната во Украина. – Ако повторно станам претседател, таа војна ќе ја решам за еден ден, за 24 часа. И двајцата претседатели, (Владимир) Путин и (Володомир) Зеленски, имаат слабости и силни страни, […]

Зеленски вети дека повторно ќе ја заземе цела Украина


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера вети дека ќе го врати секој дел од територијата која Русија и ја одземала на Украина, додека неговите војници од првата линија оствариле територијални придобивки во Бахмут. „Нема да оставиме ниту едно парче од нашата земја на непријателот – тиранијата нема да владее никаде. Мораме да ги вратиме слободата, безбедноста […]

САД одобрија трансфер на запленетите руски средства за помош на Украина


Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд синоќа го одобри првиот трансфер на конфискуваните руски средства кои ќе бидат искористени за помош на Украина. – Иако ова е прв трансфер на запленети руски средства за реконструкција во Украина, тој нема да биде последен, рече Гарланд. Минатата година американското Министерство за правда го обвини рускиот олигарх Константин Малофеев […]

Финска: Премиерката Сана Марин прво ги загуби изборите, а сега и се разведува


  Финската премиерка Сана Марин и нејзиниот сопруг Маркус Раиконен ќе се разведат по 19 години заедно, објави Марин во средата на Инстаграм. „Заедно поднесовме барање за развод. Благодарни сме за 19 години заедно и нашата сакана ќерка“, напиша Марин во објавата на Инстаграм.  „Сè уште сме најдобри пријатели, кул еден кон друг и љубезни […]

Путин го губи трпението со Пригожин


  Низа остри изјави на шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој прво го проколна раководството на Министерството за одбрана, а потоа зборуваше за одреден „дедо“ кој е „среќен“, но може да испадне дека е „целосен шупак“. сериозно го вознемири Кремљ. Аргументите на Пригожин, кој речиси половина година залудно го напаѓа Бахмут со приватна војска составена […]

ЕУ нема пари, ќе воведува нови давачки


За само четири години виталните фондови на ЕУ за поддршка на истражувањето, иновациите, земјоделството, здравството или зелената транзиција може драстично да се намалат. Всушност, целиот буџет на ЕУ ќе мора да се намали за над 15 милијарди евра годишно, освен ако не обезбедиме нови извори на директни приходи за да го одржиме, предупреди Жозе Мануел […]

Чешка ќе и обезбеди на Украина неколку борбени авиони


Чешката Република може да и обезбеди на Украина неколку борбени авиони Ел-159 како поддршка на планираната украинска контраофанзива, изјави денеска чешкиот претседател Петр Павел. Прага е меѓу најверните сојузници на Киев од почетокот на руската инвазија минатиот февруари, обезбедувајќи воена опрема вредна милијарди долари, од муниција до тенкови. Борбениот авион Ел-159 од чешко производство е […]

Франција отвори истрага за воено злосторство за смртта на новинарот Солден


  Француските власти отвораат истрага за воено злосторство за смртта во Украина на новинарот на Франс прес Арман Солдин. Информацијата ја соопшти француското антитерористичко обвинителство. Истрагата им е доверена на службениците на Централното биро за борба против злосторства против човештвото и злосторства од омраза и има за цел да ги утврди околностите под кои настапила […]

Португалија бара помош од ЕУ поради големата суша


Португалските власти денеска побараа помош од Брисел за земјоделскиот сектор, поради сушата што ја зафати државата. Министерката за земјоделство Марија до Сеу Антунеш изјави дека сувото време влијае на земјоделството и резервоарите за вода, поради што побарала од Европската комисија да го реши проблемот и да и даде поддршка на Португалија. Метеоролошката агенција ИПМА претходно […]

Директор во СЗО предупредува дека обезните деца можеби ќе живеат пократок живот


Извршниот директор на Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) Роб Батлер денеска во Загреб предупреди дека последиците од дебелината кај децата значително ќе влијаат на квалитетот и должината на животот на идните генерации. – Ако не дејствуваме сега, последиците во иднина ќе бидат големи и ќе влијаат на нашите економии, здравствени системи и на […]

Американскиот конгресмен републиканец, Џорџ Сантос, уапсен по лажните наводи во биографијата и финансиите


  Американскиот конгресмен Џорџ Сантос, њујоршки републиканец познат по измислувањето клучни делови од неговата животна приказна, беше уапсен во средата по федерални кривични пријави пред очекуваното појавување на суд. Во обвинението се вели дека Сантос ги навел поддржувачите да донираат на компанија под лажен изговор дека парите ќе бидат искористени за поддршка на неговата кампања. […]

Украина тврди дека извела успешен контранапад кај Бахмут


  Украинската војска им нанела „огромни загуби“ на руските сили во успешниот контранапад во близина на источниот град Бахмут во средата, тврдат украинските власти. Говорејќи во видео споделено на Телеграм, Андриј Билецки, шеф на 3-та напаѓачка бригада на Украина, рече дека „единиците на 72. бригада на Руската Федерација се поразени“. „6-та и 8-та чета на […]

Арман Солдин – од босански бегалец до светски новинар чија приказна заврши во Украина


  Кој е Арман Солдин, видео новинарот на агенцијата АФП, што загина вчера во руски ракетен напад врз Часив Јар, во регионот Донецк? Неговата смрт го погоди и Борис Џонсон, поранешниот британски премиер, беше одбележана со едноминутна почит во Националното собрание на Франција, доби посмртно признание од високи украински функционери и е тема на секој […]

Пригожин го исмеjува „дедо“ Путин


  Видеото објавено вчера од Евгениј Пригожин, основачот на приватната воена компанија „Вагнер“, ги обнови шпекулациите за несогласувања меѓу руските сили кои се борат во Украина. Основачот на платеничката организација постојано критикуваше високи воени лица, но досега се воздржуваше од директни напади врз рускиот претседател Владимир Путин. Сега, Институтот за проучување на војната (ISW) во […]

(Видео) Интерпол бара помош: Со години се обидува да го открие идентитетот на овие 22 убиени жени


Интерпол апелираше до јавноста да помогне во идентификувањето на телата на 22 жени убиени во Германија, Холандија и Белгија во период од неколку децении, чии идентитети никогаш не биле утврдени. Интерпол сака да ги реши овие „заборавени случаи“ на убиства на жени што се случиле пред 10, 20, 30, па дури и 40 години и […]

Столтенберг: Украина ќе влезе во НАТО, но прашање е кога


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека сите членки на Северноатлантската алијанса се согласни Украина да стане членка, но прашање е кога тоа ќе се случи. – Прво, сите сојузници се согласни дека Украина ќе стане членка на НАТО. Сите тие се согласуваат дека Украина има право да го избере својот пат и дека […]

Едно девојче убиено во сиропиталиште, а деветмина повредени во напад со нож во Полска


Во напад со нож во сиропиталиште во Полска маж уби тинејџерка и повреди девет лица, соопшти полицијата на градот Лоѓ. „Полицијата го приведе мажот синоќа и ги истражува причините за нападот“, изјави портпаролката Анета Собиерај за јавната телевизија. Како што изјавила, 16-годишната штитеничка починала на лице место, а пет лица се хоспитализирани. На останатите повредени […]

Градоначалничката на Чикаго прогласи вонредна состојба поради мигрантите


Градоначалничката на Чикаго во заминување, Лори Лајтфут прогласи вонредна состојба како одговор на илјадниците мигранти кои се населиле во градот, често во тешки услови за живот, откако ја преминале јужната американска граница за да побараат азил. Наредбата ја означи досега најмрачната прогноза на администрацијата во заминување за тоа како ќе поминат најранливите новодојденци во Чикаго […]

Просветните синдикати во Романија излегуваат на протестен марш во Букурешт


 Три романски синдикални федерации за образование денеска ќе одржат протестен марш од Плоштадот на победата до плоштадот на Парламентот во Букурешт. Демонстрациите се очекува да бидат едни од најголемите во последните години. Според прелиминарните информации, во него ќе бидат вклучени 15.000 учесници. Денеска незадоволните ќе одлучат дали ќе излезат на генерален штрајк на 22 мај. […]