Шпанија одложува наплата на ДДВ за основните прехранбени производи


Шпанија нема да наплатува данок на додадена вредност (ДДВ) на основните прехранбени производи додека цените не бидат „посоодветни“, рече министерката за економија Надиа Калвино.

На 1 јануари, владата ја суспендираше наплатата на 4 отсто ДДВ за основните прехранбени производи како – леб, сирење, млеко, овошје и зеленчук и житарки, бидејќи цените на храната силно ги погодија буџетите на домаќинствата на Шпанците.

Мерката е дел од пакетот вреден 10 милијарди евра, усвоен во декември, а требаше да остане на сила до крајот на јуни.

-Владата нема да наплатува ДДВ за основните прехранбени производи дури и по истекот на тој период, а анализира кои други мерки би можеле да останат во сила, рече Калвино