Претседателот на Врховниот суд на Украина е приведен поради поткуп од 2,7 милиони долари


Претседателот на Врховниот суд на Украина Всеволод Књазев е приведен за поткуп од 2,7 милиони долари. Апсењето беше објавено вчера, денот кога украинскиот претседател Володимир Зеленски се врати во земјата по тридневната турнеја низ Европа. Зеленски најави дека добил ветувања за поголема помош од сојузниците и увери дека поддршката за пристапот на Украина во Европската […]

Силни експлозии во Киев, нападот „исклучително интензивен“


Киев синоќа беше цел на руски воздушен напад, што украинските власти го оценија како исклучително интензивен. Тоа е осми таков напад врз главниот град на Украина овој месец. Воздушната тревога сега е укината низ целата земја. – Нападот беше исклучителен по својата интензитет, максимален број проектили во најкраток временски период, изјави шефот на градската воена […]

Лани во 20 земји беа егзекутирани речиси 900 луѓе, најмногу во последните пет години


Речиси 900 луѓе биле егзекутирани во 20 земји во светот минатата година, најголем број од 2017 година, објави невладината организација „Амнести интернешенел“ во својот годишен извештај за смртната казна. Невладината организација забележува дека некои земји се зафатени од „смртоносна хистерија“. „Бројот на публикувани егзекуции во 2022 година е најголем во изминатите пет години, а рекордот […]

Се урна мал цивилен авион во Германија, двајцата пилоти загинаа


Две лица загинаа при уривање на мал цивилен авион „Лирџет“ во близина на воздушната писта на НАТО во близина на германскиот град Рендсбург, објави денеска „Билд“. Авионот бил изнајмен од германското воздухопловство, а двајцата пилоти загинале во, како што наведоа, тренажен лет. Несреќата се случила по полетувањето, а авионот требало да полета кон провинцијата Долна […]

Епско лудило над Бахмут


  Војната за Бахмут, која трае веќе десет месеци, добива епси размери. Иако од градот едвај има останато нешто, руските запаливи гранати паѓаа во ненормални количини во делот што е под контрола на Украина создавајќи слика како на апокалипса. Ваков напад имаше и пред десетина дена кога Украина ја обвини Русија дека го гранатирала градот  […]

Најмалку шестмина загинати во циклон во Мјанмар


Најмалку шест лица загинаа, а околу илјада се евакуирани од западниот брег на Мјанмар, откако силен циклон ги погоди таа земја и Бангладеш. При силниот налет на ветрот се повредени повеќе од 700 луѓе од околу 20.000 луѓе кои се засолниле во зградите на ридовите на градот Ситва, како што се манастирите, пагодите и училиштата. […]

Шефот на Вагнер ѝ понудил на Украина да ги открие локациите на руските трупи


Евгениј Пригожин, шефот на платеничките сили „Вагнер“ и понудил на украинската Влада да ја открие позицијата на руските војници, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на документи на американското разузнавање. Војниците на Вагнер беа во првите редови на крвавата руска офанзива за преземање на градот Бахмут. Меѓутоа, како што пишува Вашингтон пост, Пригожин во јануари, во […]

Кина почнува проекти за брак на „новата ера“ и повеќе деца


Кина ќе почне проекти во повеќе од 20 градови за да создаде брак на „нова ера“ и култура на раѓање што е најнов потег на властите за зголемување на наталитетот. Националното тело, Здружение за планирање на семејството, што ги спроведува владините популациски мерки, ќе почне проекти насочени кон охрабрување на жените да се мажат и […]

(Видео) Пожар во болница во Мадрид, загина маж


Шеесет и осумгодишен маж почина од вдишување чад, а 24 лица се полесно повредени во пожар во болницата Сан Карлос во Мадрид, јавуваат шпанските медиуми. Пожарот избувнал околу еден час по полноќ на петтиот кат од болницата, а причините се уште се истражуваат, соопшти портпаролот на министерството за здравство, пренесува „Ел Паис“. Noticias frescas en […]

Американски авиони пресретнаа руски авиони во близина на Алјаска


Американски борбени авиони пресретнале шест руски авиони во меѓународниот воздушен простор во близина на Алјаска, соопшти синоќа Командата за воздушна одбрана на Северна Америка (НОРАД). Во соопштението на НОРАД се наведува дека руските авиони биле бомбардери ТУ-95, авиони за полнење гориво Ил-78 и авиони ловци СУ-35. Северноамериканската команда за воздушна одбрана го опиша пресретнувањето како […]

Кина осуди американски државјанин на доживотен затвор за шпионажа


Американец со постојан престој на Хонг Конг е осуден на доживотен затвор во Кина под обвинение за шпионажа, соопшти локалниот суд. Толку тешка казна за странски државјанин за такво обвинение е релативно ретка во оваа азиска земја. Веројатно тоа дополнително ќе ги влоши кинеско-американските односи, кои веќе се на најниско ниво, јавија американски медиуми. Џон […]

Во Колумбија е запленета најголемата нарко-подморница во светот


 Колумбиската морнарица соопшти дека ја запленила најголемата нарко-подморница во историјата на Колумбија, долга 30 метри и широка три метри, а во неа имало три тони кокаин, јавија колумбиските медиуми. Подморницата била запрена во вторникот, на пат кон Централна Америка. Тоа е досега најголемата откриена нарко-подморница, бидејќи тие почнаа да се користат за таа намена во […]

Лукашенко исчезна од јавноста по извештаите за влошено здравје


  Откако претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ја напушти Русија без да присуствува на свечениот ручек во чест на Денот на победата, тој исчезна од јавниот терен. Изданието „Наша нива“ објави дека причина за избрзаното заминување на претседателот е неговата здравствена состојба. На 14 мај, шефот на белоруската држава не присуствуваше на годишната церемонија на […]

Контраофанзивата нема цел да нападне руска територија, вели Зеленски


  БЕРЛИН – Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата изјави дека неговата земја подготвува контраофанзива наменета за ослободување на областите окупирани од Русија, а не за напад на руска територија. Зборувајќи за време на прес-конференцијата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, Зеленски рече дека целта на Украина е да ги ослободи териториите во нејзините […]

Двајца руски полковници загинаа кај Бахмут, потврди Москва


  Во битките кај Бахмут загинаа двајца високи воени офицери, соопшти руското Министерство за одбрана. Според министерството, во последните два дена вооружените сили на Украина се обидувале да ја пробијат одбраната на руските војници северно и јужно од Бахмут. Три напади беа „успешно одбиени“. Одбраната на едно од локациите ја водеше лично командантот на 4. […]

„Еуроактив“ има нов сопственик, медиумска куќа од Антверпен


  „Медиахуис“со седиште во Антверпен, Белгија, е новиот сопственик на бриселското издание „Еурактив“. Основачот на „Еурактив“ и поранешен сопственик Кристоф Леклер ја продаде публикацијата што ја основаше во 2000 година за необјавена сума. „Медиахуис“ е една од најголемите медиумски групи во Европа и поседува некои од најстарите и најпрестижните весници, како што се холандскиот НРЦ, […]

Нови портрети од крунисувањето: Кралот Чарлс, наследникот Вилијам и наследникот по него Џорџ


  Можеби помина една недела од крунисувањето на британскиот крал Чарлс III, но палатата сè уште објавува пикантерии од големиот ден, овој пат во форма на две новообјавени фотографии направени по крунисувањето. На една слика, Чарлс е сликан со неговиот постар син Вилијам, принцот од Велс и неговиот внук принцот Џорџ во собата на тронот […]

Германија одобри 2,7 милијарди евра помош во оружје за Украина


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски слета во Берлин во текот на ноќта додека се обидува да ја зајакне поддршката од клучните сојузници. „Веќе во Берлин“, напиша Зеленски на Твитер кратко по полноќ во неделата, пристигнувајќи од Италија каде што се сретна со италијанските власти и со папата Франциско. Германската влада одобри нов пакет оружје за […]

Тајланд излезе на избори со надеж дека ќе ги отстрани генералите од власта


  Тајланѓаните во недела гласаат на избори кои би можеле да доведат до пораз на лидерот поддржан од војската, кој владее со Тајланд речиси една деценија. Сепак, поради изборниот систем обликот на новата влада е „многу непредвидлив“, велат аналитичарите, и не е јасно дали продемократските кандидати ќе успеат да ги соборат генералите. Од 2014 година, […]

Русија загуби два авиони и два хеликоптери во еден ден на руска територија (Видео)


Се чини дека Москва изгуби четири воени авиони при соборувањето во саботата во областа Брјанск во Русија, на околу 50 километри североисточно од границата со Украина, јави Политико. Два воени хеликоптери Ми-8 и два борбени авиони – Су-34 и Су-35 – претрпеа несреќи во саботата, според извештаите на руските државни медиуми и про-Кремљ блогери. Според […]