Поплава во Југозападна Романија, црвено ниво на тревога поради невреме


 Црвено ниво на тревога за силен дожд, невреме и ризик од поплави е на сила за цела Југозападна Романија. Во округот Дол поплавата веќе однесе десетици домаќинства. Евакуирани се 60 лица. Куќите за неколку минути се наполниле со вода, пренесува Диџи24. На места водата достигнува два метри.

Спасувачките екипи извлекоа маж заробен меѓу два потока. „Луѓето се апсолутно уништени. Некои од нив се многу стари и немаат каде да одат“, пишуваат локалните медиуми.

Поради сложената ситуација, вонреден состанок одржа комисијата за вонредни ситуации при Министерството за животна средина, води и шуми.

„Сакам максимална мобилизација за да нема жртви во поплавите, повика ресорниот министер Мирча Фичет.

Црвеното ниво на тревога е на сила за окрузите Мехединци, Караш Северин, планинскиот регион на окрузите Горж и Хунедоара. Обилните врнежи се очекува да продолжат и во текот на викендот, предупредуваат метеоролозите.