Пригожин тврди дека Вагнер го зазел Ростов: „Ќе се упатиме кон Москва“


Шефот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгени Пригожин, вети дека ќе го собори военото раководство на Русија, неколку часа откако Кремљ го обвини за вооружена побуна. Пригожин кажа дека неговите борци преминале од Украина во Русија и влегле во градот Ростов на Дон, додавајќи дека ќе ги уништат сите кои ќе им застанат на пат. […]

Kинески компании и државјани се обвинети во САД за трговија со опасен опиоиден лек


Четири кинески компании се обвинети во САД за тргување со хемиски производи за производство на фентанил, опасен опиоиден лек, соопшти денеска американскиот министер за правда Мерик Гарланд. Обвинети се и осум вработени или функционери на тие компании, а двајца од нив се уапсени, додаде Гарланд на прес-конференција. Само една од компаниите беше обвинета дека увезла […]

САД воведоа санкции за двајца руски шпиони кои според Вашингтон се обиделе да влијаат на избори


САД денеска воведоа санкции за двајца руски разузнавачи кои се обиделе да се вмешаат во изборите во земјата како дел од „глобалните операции за штетно влијание на Москва“, соопшти американското Министерство за финансии. Егор Сергеевич Попов и Алексеј Борисович Суходолов, офицери на руската Федерална служба за безбедност, работеа на поткопување на демократските процеси во САД […]

До 35.000 смртни случаи поради жештините во Франција од 2014 година


Од 2014 година, меѓу 30.000 и 35.000 луѓе починале во лето во Франција поради жештините, соопшти денеска француската Агенција за јавно здравје. Овие бројки, како што се посочува, не се поврзани само со периоди на екстремна топлина. „Треба да се забележи дека значителен дел од тие смртни случаи се луѓе помлади од 75 години“, соопшти […]

Германскиот претседател Штајнмаер предупреди на конфликти поради недостиг на вода


Светот се соочува со зголемен ризик од конфликт, бидејќи водата станува се поретка поради климатските промени, предупреди денеска германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, цитиран од ДПА, во изјава за време на неговата посета на Киргистан. Заканата бара два правци на дејствување, нагласи Штајнмаер за време на посетата на Националниот парк Ала-Арча во централноазиската република. „Од една […]

Канаѓаните повеќе нема да можат да ги следат вестите на Фејсбук и Инстаграм


Канаѓаните повеќе нема да можат да ги следат вестите на Фејсбук и Инстаграм, објави компанијата-мајка „Мета“, откако Канада побара од дигиталните компании да им платат на медиумите за објавување вести. Горниот дом на канадскиот парламент во четвртокот го усвои Законот за интернет вести, а тој ќе стапи на сила за шест месеци. „Редакциите низ целата […]

Тајниот американски систем за прислушување ја регистрирал имплозијата на подморницата Титан


Американската морнарица ги анализирала звуците што се слушаат по исчезнувањето на подморницата Титан во Атлантикот во неделата, за време на експедиција до потонатиот брод Титаник. „Воената морнарица ја откри ‘акустичната аномалија’ набргу откако Титан изгуби контакт со површината и исчезна, само неколку часа по нуркањето“, изјави службеникот. Тој рече дека звукот бил во согласност со […]

Десетици илјади жители на северозападна Индија се евакуирани поради поројните монсунски дождови


 Десетици илјади луѓе во северозападниот дел на Индија се сместени во специјални кампови што ги поставија властите во државата Асам, откако поројните монсунски дождови ги поплавија селата во регионот, а оваа недела едно лице го загуби животот. Во Асам е објавено највисоко ниво на тревога, а локалните власти се подготвуваат за нови дождови овој викенд […]

Синот на пакистанскиот милијардер бил преплашен пред патувањето: „Имаше чувство дека нешто не е во ред“


  Сулеман Давуд, син на пакистанскиот бизнисмен, бил преплашен од обиколката на Титаник во подморницата Титан на „ОушнГејт“. Азмех Давуд, сестра на пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и тетка на Сулеман, вели дека 19-годишниот студент не бил за нуркање кон Титаник. „Беше преплашен, но замина бидејќи тоа беше подарок за Денот на таткото“, рече таа. „Сулман […]

Режисерот на „Титаник“ тврди дека ја предвидел судбината на Титан: „Почувствував што се случи“


Режисерот на филмот „Титаник“ и експерт за подморници Џејмс Камерон изјави во петокот дека ја предвидел судбината на подморницата Титан неколку дена пред да бидат пронајдени нејзините останки. Сите пет патници загинаа во катастрофалната имплозија на подморницата. Камерон изјави за ББЦ Њус дека предвидел што се случило со подморницата неколку дена пред да се потврди […]

Макрон ја обвини Русија дека ја дестабилизира Африка


Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска ја обви ни Русија дека е „сила која ја дестабилизира Африка“ и изрази жалење што Москва избрала да „нема корисна улога за меѓународната заедница“. – Таа земја (Русија) е дестабилизирачка сила во Африка преку разни приватни формации кои доаѓаат да го прегазат и уценат цивилното население, изјави Макрон маргините […]

Руската безбедносна служба тврди дека уапсилa петмина шверцери на цезиум -137 кои работеле за Украина


Руската безбедносна служба – ФСБ денеска соопшти дека уапсила пет лица кои се обиделе да купат килограм радиоактивен цезиум-137 за 3,5 милиони долари за еден украински државјанин, пренесе Тасс. Руската агенција пренесува дека ФСБ соопштила дека цезиумот-137 требало да биде изваден од Русија за да се користи за наводен инцидент со оружје за масовно уништување, […]

Резолуција во Сенатот на САД: Секаква употреба на нуклеарно оружје на Русија во Украина ќе се смета за напад на НАТО


Во американскиот Сенат се подготвува резолуција според која ако Русија употреби нуклеарно оружје во Украина тоа ќе ја вклучи одбранбената клаузула на НАТО и ќе се смета за напад врз воената алијанса. Демократскиот сенатор Ричард Блументал од Конектикат, и републиканецот Линдзи Грем од Јужна Каролина, во Сенатот регистрираа нацрт резолуција според која „каква и да […]

Бајден и Моди ја поздравија новата ера на односи помеѓу САД и Индија


Американскиот претседател Џо Бајден и индискиот премиер Нарендра Моди на синоќешната средба во Белата куќа ја поздравија новата ера во односите на нивните земји и најавија договори насочени кон спротивставување на кинеското глобално влијание. – Партнерството е посилно, поблиско и подинамично од кога било досега, истакна Бајден на заедничката прес-конференција со Моди, додавајќи дека трговијата […]

Намалување на ризиците или дистанцирање: како Германија планира да ги редефинира односите со Кина?


Додека германското Министерство за надворешни работи ја финализира стратегијата на својата влада за Кина и се обидува да ги надмине најновите несогласувања околу најсоодветната политика за справување со „земја партнер и противник во исто време“, кинескиот премиер Ли Чијанг и големата министерска делегација ќе ги посетат Берлин и Минхен, каде веќе почнаа консултациите на ниво […]

Зеленски: Очигледно, радијацијата не прашува кој е неутрален и може да стигне до кого било во светот


 Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека Украина на меѓународните партнери им доставила целосни информации за ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје и акциите на руските сили. -Одржавме брифинг за нашите партнерски земји за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје. Имаше претставници на земјите од Г7 и Г20, како и претставници на меѓународни организации. Овде, во канцеларијата, изјави […]

Сирени за воздушни напади низ цела Украина, во руската област Курск соборен дрон


Од рано утринава завиваат сирените за воздушна опасност на повеќе места ширум Украина, предупредувајќи за напади со руски ракети и беспилотни летала. На каналите на Телеграм има објави за експлозии во неколку региони, од Лавов на запад, до Херсон на југ, но нема потврди за жртви, пишуваат британските медиуми. Руската противвоздушна одбрана доцна синоќа соборила […]

ОН: Израелските сили лани убиле 42 палестински деца


Обединетите нации го обвинија Израел за убиство на 42 палестински деца во 2022 година, главно со боева муниција испукана од израелските сили, се наведува во внатрешен извештај на светската организација до кој дојде ДПА. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на чие барање беше подготвен извештајот, изјави дека е „длабоко загрижен“ не само од бројот […]

Што е имплозија: Поранашен офицер објаснува што се случувало со патниците во подморницата


Поранешниот офицер на британската морнарица Дејвид Расел, кој помогна во потрагата по исчезнатата подморница „Курск“ во 2000 година, вели дека имплозијата на трупот на подморницата значи дека патниците во неа умреле веднаш. „Луѓето ќе сакаат да знаат што го предизвикало неуспехот на оваа подморница, која, точно разбирам, била на таа длабочина многу пати претходно. Треба […]

Официјално потврдена смртта на петтемина патници во подморницата „Титан“


Компанијата „Оушн Гејт“ ја потврди смртта на петте патници на исчезнатата подморница „Титан“, чии делови денеска беа откриени на дното на океанот. Остатоците од подморницата се откриени на 500 метри од потонатиот брод „Титаник“ што сакале да го видат. Опремата за слетување и задниот отвор на исчезнатата подморница беа откриени денеска од подморница со далечинско […]