УНЕСКО сака да ја стави Венеција на листата на загрозено наследство


Експертите на УНЕСКО препорачаа Венеција и нејзината лагуна да бидат ставени на списокот на организацијата за загрозено наследство, наведувајќи дека градот се соочува со бројни закани. „Ефектите од континуираното влошување поради интервенциите на човекот, вклучително и континуираниот развој, ефектите од климатските промени и масовниот туризам се закануваат да предизвикаат неповратни промени на извонредната универзална вредност […]

Во поголемиот дел од Белгија прогласен „жолт“ аларм во очекување на поројни дождови


Белгискиот Кралски институт за метеорологија денеска прогласи „жолта“ метео аларм во поголемиот дел на Белгија, во очекување на поројни дождови во вечерните, ноќните и раните утрински часови, во кој период се предвидува да наврнат од 20 до 35 литри дожд на квадратен метар. „Жолтата“ фаза, што стапи во сила попладнево и ќе трае до утре […]

Украина од САД добила над 20 милијарди долари грантови од почетокот на инвазијата


Киев – Државниот буџет на Украина доби грантови од 1,25 милијарди долари од САД преку донаторски фонд на Светска банка, соопшти украинското Министерство за финансии . „Во 2023 година, Украина веќе доби 8,45 милијарди долари директни грантови за поддршка на државниот буџет од САД. Од почетокот на руската инвазија на Украина, државниот буџет доби 20,4 милијарди […]

„Фајненшел тајмс“: Тажно е, но Путин се подготвува за уште поголема војна


  Русија е на пат да донесе нов закон кој ќе овозможи нови мобилизации за војната во Украина, пишува „Фајненшел тајмс“ „Овие амандмани се напишани за голема војна и општа мобилизација. И таа голема војна веќе се намирисува“, изјави Андреј Картаполов, шеф на комисијата за одбрана на Думата, додека рускиот парламент брзаше да го усвои […]

Масовниот туризам ќе ја уништи Венеција, велат од УНЕСКО


Венеција- Центарот за светско наследство на УНЕСКО  во понеделникот препорача Венеција да биде додадена на нејзината листа на загрозени светски културни наследства, велејќи дека италијанските власти треба да ги засилат напорите за обезбедување на историскиот град и неговата околна лагуна. УНЕСКО во својата препорака наведува дека Венеција ризикува „неповратна“ штета поради низа прашања кои се движат од […]

Кина воведе ограничување за извоз на дронови со голем дострел за да не се користат за воени цели


Кина денеска воведе ограничувања за извоз на цивилни беспилотни летала со голем дострел, наведувајќи ја руската војна во Украина и загриженоста дека беспилотните летала би можеле да се користат за воени цели. Владата на кинескиот лидер Си Џинпинг одржува пријателски врски со Москва, но вели дека е неутрална во актуелната војна во Украина. Забраната за […]

Трагедија во воден парк: Почина татко, а ќерката е во критична состојба, откако ветер ги фрлил 50 метри


Еден човек загина, а неговата ќерка тешко е повредена во шокантен инцидент во воден парк во Франција, кога конструкција на надувување летнала во воздух, по налет на силен ветер што ја отфрлил околу 50 метри. Трагедијата се случи во водениот парк Wonderland во Сен-Максимин-Ла-Сен-Баум, во јужниот француски регион Вар, кога 35-годишен татко и неговото тригодишно […]

Русија пак го нападна Криви Рих, родниот град на Зеленски, четворица загинаа


  Руски проектили погодија станбен комплекс и универзитетска зграда во централниот украински град Криви Рих во понеделникот, при што загинаа четири лица, а голем број се ранети додека експлозиите ги заробија жителите под урнатините, изјави украинскиот министер за внатрешни работи. Еден од двата проектили уништи дел од станбената зграда меѓу четвртиот и деветтиот кат, изјави […]

Во Русија жена била држена во заточеништво 14 години и успеала да побегне


  Жена која 14 години била држена во заточеништво во рускиот регион Шељабинск успеал да му побегне на киднаперот и да се пријави во полиција. Таа била заточена во селото Смолино, соопшти Истражниот комитет на регионот. „Според истрагата, есента 2009 година, во реонскиот центар, осомниченот кој бил подејство на алкохол во приватна куќа донел локален […]

Принцот Алберт во средиштето на корупциски скандал


Монако – Принцот Алберт од Монако е замешан во поголема афера и му претстои правна битка поради наводите за неетички и коруптивни постапки, откако отпушти советник кој долго време бил „сива еминенција“ во неговата администрација. Клод Палмер (67), управителот на имотот на Алберт, доби наредба да се повлече, откако објави на мистериозна, анонимна интернет-страница, го […]

Шведска и Данска размислуваат да забранат палење на Куранот


Шведска и Данска размислуваат да го забранат палењето на Куранот бидејќи тоа ја загрозува нивната безбедност и предизвика силни протести во муслиманските земји, пишува ДПА.  Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека е во близок контакт со неговата данска колешка Мете Фредериксен за можната забрана. „Се наоѓаме во најсериозна безбедносна ситуација од Втората светска војна“, напиша […]

Пригожин објави дека „Вагнер“ го запира регрутирањето на платеници


  Групата„Вагнер“ го прекина регрутирањето на платеници и ги испрати повеќето борци на одмор по „напорна работа“, изјави нејзиниот шеф Евгениј Пригожин. „Додека сѐ уште имаме персонал, не планираме да спроведеме нов сет. ..Повеќето од нашите борци се на одмор, бидејќи пред тоа имаше долг период на многу напорна работа“, рече Пригожин во аудио пораката […]

Пума нападна дете во национален парк во САД, извршена е евакуација


Осумгодишно момче е полесно повредено во напад со пума во Олимпискиот национален парк во државата Вашингтон, соопшти Службата за национални паркови. Нападот се случил во петокот вечерта, а пумата се откажала од нападот откако мајката на момчето почнала да вика, пренесува NBC. Повредите биле полесни, па момчето било примено во болница само на преглед. Вработените […]

Судија ја отфрли тужбата на Трамп против Си-Ен-Ен од 425 милиони долари


  Федерален судија ја отфрли тужбата на Доналд Трамп за клевета од 475 милиони долари против Си-Ен-Ен, во која поранешниот претседател тврдеше дека описот на мрежата за неговите тврдења за изборна измама како „голема лага“ го поврзува со Адолф Хитлер. Во пресудата доцна во петокот вечерта, американскиот судија Рааг Сингал, кој беше номиниран од Трамп […]

ЕК предложи измени во правилата за безбедност на детските играчки


Европската комисијата предложи Регулатива за безбедност на играчките со која се ревидираат сегашните правила за заштита на децата од потенцијални ризици предизвикани од детските играчките. Како што соопшти Еврокомисијата, иако играчките што се продаваат на територијата на ЕУ и сега се меѓу најбезбедните во светот, целта на овие измени е дополнително да се заштити безбедноста […]

Илјадници луѓе евакуирани во Пекинг поради тајфунот Доксури


Пекинг ги забележа најобилните врнежи оваа година, откако тајфунот Доксура денеска го зафати кинескиот главен град, принудувајќи на евакуација околу 31.000 луѓе, објави државната телевизија CCTV. Силен дожд продолжува да паѓа во Пекинг, како и во Хебеј, Тијанџин и Шанкси, откако Доксури се надви над северна Кина, објави Државната метеоролошка управа (ЦМА). Ветровите околу центарот […]

Истражување на Пју: Американците ја гледаат Кина како најголема закана за САД


Речиси 50 отсто од Американците сметаат дека Кина е земјата која претставува најголема закана за САД, покажа истражувањето на Истражувачкиот центар Пју. Истовреме, само 17 отсто од американските граѓани ја навеле Русија како најголема закана, додека четири отсто од нив сметаат дека ниту една земја не претставува сериозна закана за САД. Речиси два отсто од […]

Започна извлекувањето на запалениот брод со автомобили на холандскиот брег


Товарниот брод со илјадници автомобили на холандскиот брег и натаму гори, а неговото извлекување за да се спречи еколошка катастрофа започна во текот на вчерашниот ден, но беше откажано поради ветерот, соопштија властите, додавајќи дека пожарот на бродот е со намален интензитет. Извлекувањето започна во попладневните часови, речиси пет дена по избувнувањето на пожарот, соопшти […]

Данска сака да ги ограничи демонстрациите поврзани со сквернавење на Куранот


Данската Влада соопшти дека сака да ги ограничи сите нови демонстрации поврзани со сквернавење на Куранот поради загриженост за безбедноста. Истакнувајќи дека од ваквите демонстрации екстремистите имаат корист и сеат поделеност, владата планира да ја „истражи“ можноста за интервенирање во ситуации „каде, на пример, други земји, култури и религии се навредени и кои би можеле […]

Украина ќе се консултира со САД за безбедносни гаранции


Украина следната недела ќе почне консултации со САД за безбедносните гаранции за Киев до крајот на процесот за пристапување во НАТО, изјави денеска шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак. – Почнуваме преговори со САД следната недела, напиша Јермак на Телеграм. Тој додаде дека безбедносните гаранции за Украина ќе бидат „конкретни и долгорочни обврски […]