Швајцарија на Црвениот крст му предаде 120 златни прачки од непознато потекло


Женева– Сите 120 златни прачки имале лого и сериски број, но и покрај напорите, истражителите не успеаја да го лоцираат сопственикот на пакетот.

Во октомври 2019 година, кондуктер во воз кој патувал од Сент Гален до Луцерн открил пакет со изненадувачка содржина. Пакетот содржел 120 златни прачки. На пакетот пишуваше „Вредности на МКЦК“ (Меѓународен комитет на Црвениот крст).

По истрагата што траеше четири години, обвинителите рекоа дека можеле само да заклучат дека испраќачот сакал да го испрати златниот пакет до МКЦК, па и го направиле, со што истрагата завршила.

Обвинителството во соопштение за јавноста не ја прецизира вредноста на златото што го добила невладината организација со седиште во Женева. Како што пренесува француската новинска агенција АФП, ваквото количество 24-каратно злато на пазарот достигнува вредност од околу 220.000 евра.

МКЦК потврди дека имаат намера да го продадат златото и да ги искористат приходите за финансирање на нивните многубројни хуманитарни активности. Организацијата во април призна дека се соочува со сериозен недостиг на средства кои и се потребни за да продолжи да работи на сите 350 локации низ светот, пренесува „Дело“.

Вкупниот буџет на МКЦК за 2023 година изнесува две милијарди швајцарски франци (2,09 милијарди евра), според АФП.