Во Јужна Кореја напаѓач со автомобил влетал во случајни минувачи, а потоа напаѓал со нож, еден загинат, 14 повредени


Најмалку едно лице е убиено во напад со нож во Јужна Кореја, јави јужнокорејската приватна новинска агенција. Маж од јужнокорејскиот град Сонгнам во четвртокот со својот автомобил влетал во случајни минувачи, а потоа излегол од возилото и избодел некои од нив, при што повредил 14 лица. Девет лица беа избодени со нож, а пет беа […]

Зеленски: Борбите на фронтот се тешки, нападите се многу силни, а украинските сили доминираат


Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето редовно ноќно обраќање до нацијата изјави дека руските војници со сите сили се обидуваат да ги запрат одбранбените сили на Украина, но дека украинските бранители доминираат. -Нападите се многу силни. Во правец на Купјанск, Лиман, Бахмут, Маринка, Авдејевка. Јужниот правец. Секаде е тешко. Но, што и да прави непријателот, […]

Што е „Бивер“, украинскиот камиказа дрон што и се заканува на Москва


  Украина би можела да користи ново „самоубиствено“ беспилотно летало за гаѓање на Москва, сметаат експертите, додека ехото на војната со беспилотни летала во Украина почнува да одекнува во руската престолнина. „Њусвик“ цитираше разузнавачки извештаи со отворен код кои сугерираат дека украинските беспилотни летала „Бивер“ можеби стојат зад неодамнешните напади врз Москва, за кои Кремљ […]

Трагедија во Мексико: Најмалку 18 загинати, автобус со мигранти падна во провалија длабока 40 метри


Најмалку 18 лица загинаа, а 23 се повредени во автобуска несреќа во западно Мексико. Автобусот превезувал Мексиканци и мигранти на северот на земјата, соопштија властите. „Вкупниот број загинати во несреќата е 18, од кои тројца се малолетни и 15 возрасни“, соопшти полицијата во државата Најарит, додавајќи дека несреќата се случила ноќе. „Повеќето од патниците беа […]

Трамп: Тажен ден за Америка, ова е прогон на политички противник


Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, веднаш по сослушувањето пред судот во Вашингтон изјави дека обвиненијата против него се „прогон на политички противник“.  -Ако не можете судски да ги процесирате, тогаш прогонувате ги, рече Трамп додека им се обрати на медиумите на аеродромот во Вашингтон.  Тој оцени дека „ова е многу тажен ден за Америка“  -Ова […]

Руско МО: Спречен обид за напад со украински дронови врз базата во Новоросијск


Уништени се два брода без екипаж со кои вооружените сили на Украина се обиделе да ја нападнат поморската база во Новоросијск, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. „Вооружените сили на Украина синоќа се обидоа да ја нападнат поморската база Новоросијск користејќи два чамца без екипаж. Беспилотните чамци беа визуелно откриени и уништени со оган од […]

Русија од почетокот на годината регрутирала 230.000 војници


 Повеќе од 230.000 војници се регрутирани во руската армија од почетокот на годината, изјави поранешниот претседател Дмитриј Медведев, додека руската офанзива во Украина продолжува во осумнаесеттиот месец. „Од 1 јануари до 3 август (…) повеќе од 231.000 луѓе беа ангажирани според договорот“, рече Медведев. Поранешниот руски претседател, кој моментално ја извршува функцијата заменик секретар на […]

Трамп се изјасни за невин по обвиненијата за обид за поништување на резултатите од изборите во 2020 година


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се изјасни дека не е виновен по ниту една од четирите точки од обвинението за обид за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година. Трамп се изјасни за невин откако судијката Моксила Јупајаха му ги прочита сите точки од обвинението. Обвинителите не побараа Трамп да биде затворен, а […]

Путин: Сите руски функционери треба да возат руски автомобили


Сите руски функционери треба да возат домашни автомобили, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со менаџерите на производствените компании. Според него, од министерствата и управата се бара да не продолжуваат да купуваат автомобили од странско производство, па дури и да се фокусираат на тоа. „И сите функционери во државата да возат домашни автомобили. […]

Не јасно е дали Трамп ако биде осуден може да се кандидира за претседател на САД


Вашингтон – Уставот на САД има јасен одговор само на некои прашања поврзани со обвинувањата против Доналд Трамп една година и неколку месеци пред следните претседателски избори. Други прашања ќе ги втурнат САД на нејасна територија, објави Њујорк тајмс, неколку часа пред Трамп да се појави на суд по новите обвиненија поврзани со обидот за поништување […]

Бар: Трамп добро знаеше дека ги загуби изборите


Вашингтон– Доналд Трамп „добро знаеше дека ги загуби изборите“, изјави денеска за Си-ен-ен, поранешниот јавен обвинител на САД Вилијам Бар, кој на функцијата го постави токму претходниот претседател на земјата. Тој го изјави ова само неколку часа пред да му се суди на републиканецот Трамп под обвинение за заговор за да предизвика неоправдано поништување на […]

Пуч и џихад: Нигер го остварува кошмарот на Европа


  Кога САД одлучија во март годинава да ги искористат лекциите од Украина за споделување разузнавачки информации и за избегнување катастрофа, се свртеа кон лидерот на Чад, земја голема колку Франција, Шпанија и Германија заедно. Му кажаа дека платеници од руската приватна воена компанија „Вагнер“ сакаат да го убијат. Неколку месеци подоцна, не Чад, туку […]

Зошто Кина не е толку моќна како што мисли Западот?


Претседателот Кси Џинпинг сака да ја проектира Кина како моќен трговски партнер – или опасен противник – на речиси секоја земја што се надева дека ќе биде успешна во 21 век. „Подем на Истокот и пад на Западот“ е неговото мото. Како што кинескиот раст забрза и западните политичари се загрижени за тоа како да […]

333 кукли против злоставувањето


333 кукли со големина на дете се наредени пред катедралата во Келн, Германија. Тие се дел од уметничката инсталација „Скршени души во морето на тишината“- критика за односот на католичката црква кон случаите на злоставување. Завиткани во бели и виолетови ленти, куклите покажуваат со прстот кон обележјето на Келн и симболот на католиците – акцијата има […]

Папата ги повика студентите да го направат светот поправеднo и поинклузивнo место


 Папата Франциско денеска на вториот ден од посетата на Португалија, ги повика студентите да го направат светот поправедно и поинклузивно место и да ја искористат својата привилегија во борбата против глобалното затоплување и економската нееднаквост. Тој ги повика студентите да преземат ризик и да го отфрлат искушението само да одржуваат статус кво, односно, како што […]

Смртна казна за атентаторот во синагогата во Питсбург


Смртна казна му беше изречена во средата (02.08.2023) на човекот кој уби 11 лица во синагогата во центарот на Питсбург во САД во 2018 година, што е најтешкиот антисемитски напад во историјата на земјата. Убиецот Роберт Бауерс, најпрво поттикнувал омраза против Евреите на интернет и пропагирал екстремистички верувања пред, по внимателно планирање, да изврши масакр во синагогата „Дрво […]

Претседателите на Грција, Италија, Хрватска, Малта, Португалија и Словенија со заеднички апел за климатската криза


   Заеднички апел во кој ја нагласуваат итната потреба за решавање за опасностите од климатската криза во Медитеранот, упатија претседателите на Грција, Италија, Хрватска, Малта, Португалија и Словенија, земји членки на групата Араиолос, јави дописничката на МИА од Атина.  Шефовите на државите истакнуваат дека климатската криза е веќе тука, последиците се видливи, особено во Медитеранот, […]

АФП го тужи Х


Агенцијата Франс прес во средата објави дека поднела тужба во Париз против платформата Х на Илон Маск, порано позната како Твитер, обвинувајќи ја дека одбива да разговара за потенцијална исплата за дистрибуција на содржината на новинската агенција. Во 2019 година, Франција усвои регулатива за „сродни права“ што ги принудува големите интернет платформи да влезат во […]

Речиси 50.000 Украинци изгубија еден или повеќе екстремитети поради војната


Вашингтон – Од почетокот на руската воена агресија, бројот на Украинци кои останаа без еден или повеќе екстремитети достигна 50.000, што е споредливо со обемот на ампутации во Првата светска војна, објави Волстрит журнал. Весникот се повикува на информации од најголемиот производител на протези во светот – германската компанија „Ottobock“ и нејзини партнери. Поради долгиот […]

Зеленски – најважната дезинформациска мета на Кремљ


Уште на почетокот на руската инвазија врз Украина, властите во Кремљ сметаа дека таа ќе биде готова за три дена и дека Киев ќе падне ако не првиот, тогаш сигурно вториот ден. При таков план „елитните“ трупи на чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, инаку дел од руската национална гарда, заедно со другите руски трупи влегоа во Украина […]