Хаос во Холандија: Околу 500 патници останаа заглавени во воз речиси пет часа


Амстердам — Околу 500 патници останаа заглавени речиси пет часа во возот од Брисел до Амстердам во близина на Антверпен поради технички дефект.

Инцидентот се случил околу 19 часот, а патниците биле извадени од возот околу полноќ, јавува холандската ВРТ.

Според информациите, станува збор за воз на Бенелукс кој сообраќа од Брисел за Амстердам, а портпаролот на НМБС Димитри Темерман вели дека при поправката настанал дополнителен технички проблем поради што е одлучено да се евакуираат патниците.

Се додава дека околу 23 часот пристигнал друг воз кој ги прифатил патниците.

Патниците од возот на социјалните мрежи се пожалија на лоша комуникација, како и седење во темница без вода, пишува NL Times.

И холандската железничка компанија НС не знаела што се случува, но за проблемот дознала преку социјалните мрежи.