Американец со руско потекло е обвинет во Москва за шпионажа


Американски државјанин со руско потекло е приведен од руски суд во случај за шпионажа, за кој се познати малку детали, јавија синоќа руските медиуми.Американскиот Џин (Евгениј) Спектер бил обвинет за шпионажа, се изјаснил за виновен и се согласил да соработува со истрагата. Нему му се заканува затворска казна до 20 години. Руските државни медиуми јавија […]

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер го погоди главниот град на Колумбија


Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди колумбиската престолнина Богота, информира Колумбискиот геолошки институт. Потресот предизвика паника, па луѓето од канцелариите и рестораните веднаш излегоа на улиците. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил на длабочина од 14 километри, а неговиот епицентар бил на 18 километри северно од Вилависенсио, град со […]

Во САД починаа три лица по инфекција со ретка бактерија


Најмалку три лица починаа во Конектикат и Њујорк откако се заразиле со ретка бактерија што јаде месо, која може да се најде во топлите води или суровите школки, потврди денеска американското Министерство за јавно здравје. Сите три лица биле на возраст меѓу 60 и 80 години, објави Ен-Би-Си Њуз. Директорот за комуникации во Одделот за […]

Извештај: Варварски практики и негрижа за мигрантите во центрите за притвор во САД


Мигрантите кои се наоѓаат во центрите за притвор на Имиграциските и царинските служби (ИЦЕ) на Соединетите Американски Држави ја немаат потребната медицинска нега, живеат во небезбедни и нездрави услови и се изложени на малтретирање, се наведува во нов американски извештај. Инспекторите задолжени од Канцеларијата за граѓански права и слободи на Министерството за домашна безбедност на […]

Руски патнички авиони добија дозвола да влезат во воздушниот простор на ЕУ за да избегнат грмотевици


Три руски патнички авиони добија специјална дозвола накратко да влезат во воздушниот простор на Финска и Естонија за да избегнат грмотевици, соопштија денеска официјални лица, цитирани од ДПА. Европската Унија го затвори својот воздушен простор за руските авиони како дел од санкциите против Москва по руската инвазија на Украина, која започна во февруари минатата година. […]

(Видео) Огромен пожар на Тенерифе, илјадници луѓе избегаа


  Пожарникарите се борат со шумскиот пожар што избувна во планинскиот национален парк на шпанскиот остров Тенерифе, принудувајќи ги властите да евакуираат најмалку 3.800 луѓе. Пожарот се рашири на 31 километар и ги зафати двете страни на стрмните клисури во близина на вулканот Теиде, највисокиот врв во Шпанија, што го отежнува пристапот за пожарникарите. Поголемиот […]

Столтенберг: Украина сама ќе одлучи за условите за мировни преговори


На Украина е да одлучи кога ќе има услови за преговори за завршување на војната со Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, нагласувајќи дека Алијансата не го променила ставот. Украинците и само Украинците се тие кои можат да донесат одлука за тоа кога ќе се создадат услови за преговори. Говорејќи на конференција […]

Зеленски ја продолжи вонредната состојба и општата мобилизација, ги разреши воените комитети


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја продолжи вонредната состојба и општата мобилизација за 90 дена, објавено е на веб-страницата на Врховната Рада. Зеленски ги потпиша законите за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација до 15 ноември, пренесува Укринформ. Украинските власти воведоа вонредна состојба на 24 февруари 2022 година, истиот ден кога започна нападот на […]

Шпанија: Изборот на спикер на Конгресот ги зголеми шансите на Санчез да остане премиер


  Повторувањето на изборите во Шпанија се чини помалку веројатно откако во четвртокот беше постигнат договор во последен момент во врска со контролата на главното административно тело на шпанскиот парламент – што е поттик за социјалистичкиот премиер Педро Санчез. Набргу откако пратениците положија заклетва, каталонската сепаратистичка партија Жунтс ги даде своите гласови на Франсина Арменгол, […]

Русија ризикува војна со НАТО во Црното Море


Москва ризикува да предизвика директен воен конфликт со НАТО со пресретнување бродови во меѓународните води и обиди да наметне економска контрола над Украина, изјави за Политико поранешниот врховен командант на силите на НАТО во Европа, адмирал Џејмс Ставридис. Според пензионираниот американски адмирал, кој командуваше со силите на алијансата на континентот меѓу 2009 и 2013 година, […]

Најдолгиот тунел во светот, „Готард“ во Швајцарија, ќе биде затворен неколку месеци, 16 вагони излетаа од шините


Жeнева – Тунелот „Алптранзит Готард“ во Швајцарија, најдолгиот во светот, ќе биде затворен неколку месеци, соопштија официјални претставници, откако минатата недела 16 швајцарски товарни вагони излетаа од шините и уништија осум километри пруга. Патниците кои го користат возот за да патуваат меѓу северниот дел на Швајцарија и нејзиниот најјужен дел ќе мора да бараат алтернативен превоз, […]

Поплави во Германија, откажани десетици летови од аеродромот во Франкфурт


Десетици летови беа откажани денеска на аеродромот во Франкфурт, најпрометниот и еден од најголемите во Европа, поради поплави предизвикани од обилните врнежи од дожд. Аеродромот соопшти дека синоќа на пистата се насобрало многу вода, јави ДПА. На веб-страницата на аеродромот беше објавено дека синоќа до 23 часот се откажани околу 70 летови, додека 23 летови […]

Украина тврди дека напредува на југоисточниот фронт, борбите беснеат на исток


  Украинската војска во четвртокот соопшти заповеќе успех во својата контраофанзива против руските сили на југоисточниот фронт, еден ден откако го објави ослободувањето на селото што служеше како руска силна точка. Војската соопшти дека Украина постигнала напредок кон југот на Урожаине, село во Донецката област за кое Киев во средата соопшти дека го вратил додека […]

Африканскиот Зелен зид од 8.000 километри загрозен од државните удари во Африка


Големиот зелен ѕид беше официјално лансиран од Африканската унија во 2007 година. Целта беше земјите во овој дел од континентот да се борат против претворањето на земјата во пустина преку создавање на огромен појас со вегетација од Дакар на запад до Џибути на исток. Ѕидот на крајот ќе биде долг повеќе од 8.000 километри и […]

Светот како брендирана депонија: ЕУ сака да стави крај на брзата мода


Се проценува дека модната индустрија е еден од најголемите светски загадувачи, одговорна за околу 20% од отпадните води на планетата и околу 10% од емисиите на стакленички гасови во светот. ЕУ тргнува да го промени ова – но дали е тоа реална можност? Лидерите во индустријата Boohoo, Pretty Little Thing и ASOS навистина забележаа дека […]

Улогата на Западот и на Русија во случувањата во Нигер


  Наспроти позадината на организирањето државни удари и други предизвуици постигнувањето на мирен свет нема да е толку лесно, колку што може да си претставиме. Претставете си – Вие сте во средина на соборувањето на вашата влада, Вие судите за довербата, послушноста и лојалноста на вашите соборци… Државните службеници ви досаѓаат за платите што треба […]

Обвинителство предложи судење на Трамп на 4 март, во ек на претседателската кампања


Обвинител во Џорџија предложи судењето на Доналд Трамп за обид да се смени изборниот пораз, да  почне на 4 март 2024 година, во ек на кампањата за републиканска номинација на кандидатот за следните претседателски избори. Обвинителката Фани Вилис отвори кривична постапка против поранешниот американски претседател Доналд Трамп и предложи датум за судење кој е еден […]

СЗО го одржува првиот самит за традиционална медицина


Светската здравствена организација денеска го одржува својот прв самит за традиционална медицина, со предупредување дека третманите со природни производи можат да бидат ефикасна алтернативна здравствена заштита само ако научно се докажани. Традиционалните лекови се „прво пристаниште за милиони луѓе ширум светот“, соопшти здравствената агенција на ОН, при што разговорите во Индија ги здружија креаторите на […]

Протести на Флорида поради новите наставни упатства – дека ропството им помогнало на Афроамериканците


Десетици наставници, студенти и синдикални водачи протестираа синоќа во Мајами против новите стандарди на американската сојузна држава Флорида за учење за поранешното ропство на Афроамериканците како – корисно за нив. Новиот стандард на наставната програма бара од наставниците да ги учат средношколците дека црните робови „развиле вештини од кои, во некои случаи, би можеле да […]

На 20 илјади жители во Канада им е наредено да се евакуираат поради шумски пожари


Жителите на еден од најголемите градови на далечниот север во Канада добија наредба да се евакуираат поради големи шумски пожари што се закана за градот. Кризата во градот Јелоунајф е најновото поглавје од големите шумски пожари во Канада, бидејќи пламените јазици брзо се проширија низ целата земја, принудувајќи десетици илјади луѓе да се евакуираат и […]