Полска ги отстранува двојазичните табли и ја намалува наставата на германски јазик


Советот на Европа го критикуваше односот на Полска кон германското малцинство во таа земја и негативните последици од намалувањето на часовите по мајчин јазик на само еден час неделно, како и отстранувањето на двојазичните табли. „Извештајот на експертите кои беа во Полска во март оваа година ги наведува очигледните негативни последици од намалувањето на часовите […]

Бајден: На Америка повеќе не ѝ треба постојно воено присуство во зоните на ризик


Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа оддаде почит на ветераните од војната во Авганистан и посочи дека на Америка повеќе не ѝ треба постојно воено присуство во зоните на ризик.  Изјавата на Бајден е на втората годишнина од крајот на војната во Авганистан. Тој вети продолжување на работата на ветерените за обезбедување безбедност и заштита […]

Што пишува на гробот на Пригожин? Мистериозни зборови поттикнуваат теории на заговор (фото)


На гробот на водачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин во Санкт Петербург има поема што може да предизвика теории на заговор за неговата смрт. Британски Гардијан објави дека станува збор за поема на Јозеф Бродски, руски добитник на Нобеловата награда за литература. Интересно е што Бродски, исто како и Пригожин, дошол во конфликт со властите […]

Грант Шапс е новиот британски министер за одбрана


Британскиот премиер Риши Сунак денеска го назначи еден од своите најблиски соработници, Грант Шапс, за министер за одбрана, со што почна нова реконструкција на владата пред парламентарните избори следната година. Поранешниот министер за одбрана Бен Валас денеска официјално поднесе оставка, исполнувајќи го ветувањето што го даде минатиот месец. Валас беше министер за одбрана четири години […]

Антон Јелизаров нов шеф на платеничката група Вагнер


Командантот Антон Јелизаров, познат по прекарот Лотус, е избран за нов водач на руската паравоена формација Вагнер, по смртта на претходниот водач и основач на таа група, Евгениј Пригожин. Како што пренесува британски Експрес, новиот газда на Вагнер учествувал во некои од најжестоките битки во војната во Украина и одиграл водечка улога во освојувањето на […]

Најмалку 73 жртви во пожарот во Јоханесбург


 Најмалку 73 лица загинаа, а 52 се повредени во пожарот во петкатната зграда во која живеат бездомници во Јоханесбург, Јужна Африка, соопштија денеска службите за итни случаи. Некои луѓе кои живееле во зградата во најголемиот град во Јужна Африка скокнале од прозорците за да се спасат од пожарот што избувна рано утринава, а некои загинаа, […]

Трамп се богател со измислени милијарди, можно е да му се забрани и водењето бизнис


Доналд Трамп го „надувал“ своето нето богатство за неколку милијарди долари, тврдат адвокатите на канцеларијата на јавниот обвинител во Њујорк како дел од нивната тужба за граѓанска измама против поранешниот претседател, неговите возрасни синови и Организацијата Трамп. Канцеларијата на јавниот обвинител имено соопшти дека нивните експерти за вреднување и сметководство утврдиле дека „нето вредноста на […]

Европските активисти за климата се соочуваат со „репресивна плима“


МИНХЕН, Германија – Пред Волфганг Мецелер-Кик да одговори на какви било прашања, тој внимава да го исклучи својот телефон. „По судска наредба, тие можат да го искористат“, вели тој. Во текот на изминатата година, Мецелер-Кик (49) помина неколку недели во затвор и собра десетици илјади евра казни. Неговото злосторство? Учество во протести за климата. Баварскиот […]

Британскиот министер за одбрана поднесе оставка


Лондон – Британскиот секретар за одбрана Бен Валас испрати писмо со оставка до премиерот на земјата Риши Сунак по четири години на функцијата. Ова се наведува во документот објавен од владата на Велика Британија во четвртокот. Потегот на  Валас може да предизвика мини реконструкција. Откако ја објави својата намера да се повлече од кабинетот претходно […]

Русија тешко ги забележува дроновите, а Украина тестира нови – копнени


Британското министерство за одбрана во својот дневен извештај за ситуацијата во Украина соопшти дека руската противвоздушна одбрана се бори да открие и уништи украински беспилотни летала лансирани од Киев кон Русија, судејќи според тоа колку од нив ги погодиле своите цели. Министерството додава дека вчерашните напади со украински беспилотни летала се најголемиот напад врз Русија […]

Најмалку 63 лица загинаа во пожар во висококатница во Јоханесбург


  Најмалку 63 лица загинаа во пожар во зграда што избувна утринава во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, покажуваат најновите информации на службите за итни случаи. Меѓу загинатите има и бебе. Повредени се уште 40 лица.   Пожарот избувна рано утринава по локално време, соопштија локалните служби за вонредни состојби. VIDEO: Aftermath of the […]

Петмина железничари загинаа во железничка несреќа во Италија


Торино – Воз удрил и усмртил петмина железничари кои работеле на ноќното одржување на пругата на периферијата на северниот град Торино, објавија денеска италијанските медиуми. Товарниот воз, кој сообраќал на линијата меѓу Милано и Торино, се движел со брзина од 160 км/ч кога удрил во тим задолжен за замена на елементите на железничката линија во […]

Стотици илјади Американци без струја поради ураганот Идалија


Вашингтон– Откако ја погоди Флорида во средата, ураганот Идалија се пресели во Џорџија со силни ветришта и потенцијално опасни услови по живот, оставајќи стотици илјади луѓе без струја, јави Би-Би-Си. Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека Идалија, која ја погоди Флорида како ураган од трета категорија, сега е од прва категорија, но „сè уште е […]

Нигер и Украина главни теми на неформалниот состанок на ЕУ во Толедо


Брисел – Ситуацијата во регионот на Сахел, пред се во Нигер, како и руската агресија врз Украина и мировната иницијатива предложена од Киев, ќе бидат главни теми на денешниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, што ќе се одржи во шпанскиот град Толедо. Домаќин на состанокот, со кој ќе претседава […]

Претседателот на Чиле покренува прва национална потрага по исчезнатите жртви на диктатурата на Пиноче


Претседателот на Чиле, Габриел Бориќ, во пресрет на педесетгодишнината од воениот удар во таа јужноамериканска земја, почнува национален план за потрага по повеќе од 1.100 лица исчезнати за време на диктатурата на генералот Аугусто Пиноче, пишува Њујорк Тајмс. Според податоците што ги објави американскиот весник, во текот на 17-годишното владеење на Пиноче (1973-1990) исчезнале 1.469 […]

Интерпол со децении се обидува да дознае кои се овие 22 убиени жени – стигнуваат нови информации


Која е жената чие што тело го пронајде мотоциклист во шума во близина на Хаген во јуни 1997 година – силувана, задавена, а потоа полиена со бензин и запалена? Која е жената чии останки беа пронајдени во мочуриште во близина на Келн во октомври 2001 година и која лежеше мртва толку долго што беше пронајден […]

ЕУ ќе воведе санкции за пучистите во Нигер


Мадрид– Европска Унија работи на подготовките за воведување санкции против членовите на хунтата, која минатиот месец ја презеде власта во Нигер, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. – Кога ќе се одлучува за санкциите, ЕУ ќе се обиде да ги преслика мерките преземени од Економска организација на западноафриканските […]

Едштадлер предлага земјите кандидати веќе да бидат на масата на ЕУ, но без право на глас


Виена – Австриската министерка за Европа, Каролине Едштадлер, денеска изјави дека нејзината земја се залага за интеграција на земјите-кандидати во Европската унија во фази, така што дури и пред формалното членство ќе им биде дозволено „да седнат на масата на ЕУ“ и да учествуваат во дијалог, иако без право на глас. Во интервју за австриското државно […]

Си-ен-ен ќе ја предводи Марк Томпсон, поранешен извршен директор на Њујорк тајмс


Вашингтон-  Марк Томпсон, поранешен извршен директор на Њујорк тајмс и генерален директор на Би-би-си, ќе биде новиот предводник на Си-ен-ен, објави телевизиската мрежа денеска.  Томпсон ја презема глобалната новостна организација во едно од најважните моменти во нејзината 43 годишна историја.  -Нема поискусен, попочитуван и покадарен извршител во безнисот со вести денес од Марк, и ние […]

Во ЕУ над 134 случаи на салмонела, веројатно поврзани со пилешко месо од Полска


Стокхолм – Европските здравствени власти регистрирале најмалку 134 случаи на салмонела, за кои веруваат дека се поврзани со контаминирано пилешко месо, јави ДПА. Европскиот центар за превенција и контрола на болести во Стокхолм соопшти дека случаи на салмонела биле откриени во 10 земји на ЕУ и Норвешка. Едно лице почина од последици од салмонела во Австрија. […]