Путин ја обвини Полска дека сака да изврши инвазија на Украина


  Рускиот претседател Владимир Путин денеска рече дека Полска има планови да го заземе западниот дел на Украина. Според него, полските власти се надеваат дека „ќе ги вратат, како што веруваат, нивните историски територии“. Вака претседателот реагираше на говорот на директорот на Службата за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин за време на состанокот на Советот за […]

Торнадо во Милано: Застрашувачки снимки од невремето во Италија


Италија денеска беше погодена од торнадо, а на социјалните мрежи може да се видат застрашувачки снимки. Силна бура со екстремни појави како виор и „топки“ град поголеми од тениски топчиња, со дијаметар до 7-8 сантиметри, го зафати северниот дел на Ломбардија и Венето – во периодот од четврток навечер до петок наутро. World Weather News […]

Во Алабама извршена првата смртна казна по укинувањето на забраната


 Шеесет и четиригодишен затвореник осуден на смрт поради убиство е погубен денеска во Алабама со смртоносна инјекција, првпат во таа американска држава по укинувањето на забраната на егзекуциите во февруари. Џејмс Барбер беше егзекутиран во затворот Холман во Атмор, Алабама, се вели во соопштението на јавниот обвинител Стив Маршал. Тој беше осуден во Алабама во […]

Кремљ го уапси Игор Гиркин по острите критики на Путин


  Поранешниот „министер за одбрана на „Донецката Народна република“ Игор Гиркин беше приведен во петокот на 21 јули, а неговата куќа беше претресена по жестоките обвинувања против Владимир Путин. „Денеска околу 11,30 часот кај нас дојдоа претставници на истражниот комитет. Во тоа време не бев дома. Набргу, според консиержот, го зедоа мојот сопруг под мишка […]

Министрите за внатрешни работи на ЕУ ги усогласуваат мерките за справување со миграциски кризи


Министрите за внатрешни работи на ЕУ направија чекор напред кон усогласувањето на Пактот за миграција и азил на Унијата, постигнувајќи напредок во прецизирањето на мерките насочени кон ефикасно справување со вонредни миграциски кризи, информира шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка. – Се надеваме дека пред крајот на овој месец ќе го имаме ставот на […]

„Политико“: Дали стравот на граѓаните од миграцијата може да доведе до распад на Белгија


Белгија, државата во која се наоѓаат седиштата на ЕУ и НАТО, подолг период има нефункционален политички систем и е светскиот рекордер за најдолго време потребно за формирање влада од над 500 дена и порано или подоцна таа би можела да престане да постои, оценува белгискиот портал „Политико“ во анализа објавена денеска на денот кога Белгија […]

Зеленски го смени украинскиот амбасадор во Велика Британија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го смени амбасадорот во Велика Британија, Вадим Пристајко, пренесоа британските медиуми. Во уредбата на претседателот не се посочуваат причините за смената, но се наведува дека Присајко е отстранет и од функцијата украински претставник во Меѓународната поморска организација. Велика Британија е силен сојузник на Киев по инвазијата на руските сили врз Украина […]

Европската комисија добитник на Светската награда за мир и слобода


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ќе престојува во Њујорк, каде во името на институцијата на ЕУ со која раковиди ќе ја прими Светската награда за мир и слобода. Церемонијата на врачување на наградата, што ја доделува Светската асоцијација на правници, ќе се одржи во седиштето на Економскиот и социјален совет на […]

Нов руски ракетен напад врз Одеса – гаѓани земјоделски комбинати


 Руските сили ноќеска, четврта ноќ по ред, го нападнаа украинскиот пристанишен град Одеса. Гувернерот на регионот Одеса, Олех Кипер, наведе дека Русите ноќеска напдите ги префрлиле од пристанишната инфраструктура кон земјоделските комбинати во регионот. „Русите ја нападнаа Одеса со крстосувачки ракети „Калибр“ од Црното Море. Обидувајќи се да ги заобиколат системите за противвоздушна одбрана, непријателот […]

Вагнер ја плаши Полска, распоредува војници на границата


Полскиот безбедносен комитет одлучи да премести воени трупи на истокот на земјата поради присуството на групата Вагнер во Белорусија, изјави денеска секретарот на комитетот Збигњев Хофман, јави државната новинска агенција ПАП. Во видео објавено во средата, шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин ги пречека своите борци во Белорусија. Тој им рекол дека засега нема да учествува […]

Скандалот се проширува – четврти европратеник фатен во мрежата на „Катаргејт“


  И тогаш беа четворица. Белгиската пратеничка Марија Арена стана четвртата актуелна членка на Европскиот парламент оваа недела која беше целосно вмешана во корупцискиот скандал „Катаргејт“, седум месеци откако серијата апсења од висок профил ја потресе ЕУ до нејзините срж. Таа останува неиспрашана, необвинета и белгиските власти не поднеле барање за укинување на нејзиниот пратенички […]

Американка (18) се обидела да изнајми убиец да ѝ го убие синот (3)


Јазмин Паез (18) од Мајами е обвинета дека оваа недела се обидела да изнајми платен убиец да го убие нејзиниот 3-годишен син. Инспекторите рекоа дека во вторникот биле контактирани од маж кој води лажна веб-страница за најмување убијци и соопштил дека една жена контактирала со операторот за да договори убиство на нејзиното дете, пренесува ABC. […]

Полска распоредува војници на исток од земјата поради присуството на Вагнер во Белорусија


 Полскиот безбедносен комитет одлучи да премести воени трупи на истокот на земјата поради присуството на групата Вагнер во Белорусија, изјави денеска секретарот на комитетот Збигњев Хофман, јави државната новинска агенција ПАП. Во видео објавено во средата, шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин ги пречека своите борци во Белорусија. Тој им рекол дека засега нема да учествува […]

Британските конзервативци изгубија две стратешки важни изборни единици


Владејачките британски конзервативци денеска загубија две стратешки важни изборни единици, но неочекувано ја задржаа старата изборна единица на Борис Џонсон, што претставува неуспех за главната опозициска Лабуристичка партија. Вонредните избори беа еден од последните изборни тестови пред парламентарните избори следната година и се сметаат за показател за изгледите на двете главни партии. Конзервативците ја задржаа […]

МААЕ се уште нема пристап до покривот на нуклеарката во Запорожје


Експертите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и натаму чекаат да добијат пристап до покривот на нуклеарната централа во Запорожје, што е заземена од руските сили, јави ДПА. Специјалистите на МАЕЕ претходно неделава извршија дополнителни инспекции на централата и открија дека „нема видливи индикации за експлозиви или мини“, се наведува во извештајот на МААЕ […]

Шефот на ЦИА смета дека Путин му подготвува одмазда на Пригожин


Директорот на ЦИА Вилијам Барнс тврди дека рускиот претседател Владимир Путин веројатно сè уште размислува како да се справи со шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин. Пред еден месец, платениците на Вагнер и нивниот шеф организираа бунт во Русија. – Бунтот на Вагнер откри значајни слабости во системот на моќ што го изгради Путин. Путин сè […]

„Цунами“ на десницата во Европа


Низ Европа, национал-конзервативните партии победија на неодамнешните избори, додека нивната популарност во анкетите се зголемува. Незадоволните гласачи им приоѓаат во голем број, а некои либерални набљудувачи веќе зборуваат за „цунами на десницата“ во Европа. Со години, естаблишментот се обидуваше да ги спречи десничарските партии да дојдат на власт – работите сега се менуваат, пишува германскиот […]

Макрон ќе прави реконструкција на француската влада


Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ги смени министрите за образование и за здравство, како дел од долго очекуваните промени во владата, пренесе ДПА. Клучните министерства во владата, што ги контролираат финансиите, надворешната политика, одбраната и правосудството, не се зафатени со промените, соопштија од кабинетот на Макрон. Макрон уште во вторникот изјави дека премиерката Елизабет Борн […]

Касетната муниција е во украински раце, распоредена на терен


 Касетната муниција испорачана од САД е во рацете на Украина и распоредена на терен, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби. „Добивме некои првични повратни информации од Украинците и тие ја користат доста ефикасно“, рече Кирби на брифинг со новинарите. Тој додаде дека касетната муниција влијае на руските одбранбени формации и […]

Посебен режим за британските дипломати во Русија


Москва објави дека британските дипломати кои работат во Русија ќе треба однапред да ги известат властите за нивните движења низ земјата. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало британскиот вршител на должноста Том Дод за да го информира за „процедурата за известување за движењето на вработените во британските дипломатски претставништва“. Москва соопшти дека […]