Атлетико Мадрид со 3-0 го победи Марсеј во финалето од Лига Европа


Атлетико Мадрид со убедливи 3-0 го победи Марсеј во финалето од Лига Европа и по трет пат се закити со овој трофеј во второто по ранг натпреварување во Европа. Антоан Гризман беше стрелец во 21-та и во 49-та минута, додека капитенот на Атлетико, Габи, погоди во 89-та минута. Екипата на Диего Симеоне и пред натпреварот […]

Мората ќе прифати помала плата за да се врати во Јувентус


Шпанскиот напаѓач на Челзи, Алваро Мората е подготвен да ги намали финансиските побарувања, за да се врати во Јувентус, тврди „Кориере дело Спорт“. „Бјанконерите“ имаат голема желба да го вратат дваесет и шестгодишниот стрелец. Мората во исто време е подготвен да прифати драстично помала плата за да се врати во Јувентус. Во моментов, Мората добива […]

Атлетико Мадрид ќе заработи 26,6 милиони евра ако победи во финалето на Лига Европа


Aтлетико Мадрид ќе прибере 26,6 милиони евра, ако победи во финалето на Лига Европа против Олимпик Марсеј. Атлетико Мадрид ќе заработи 6,5 милиони евра, ако успее победи против Французите во финалето. Пораз во него ќе значи дека „црвено-белите“ ќе загубат три милиони евра, бидејќи во клупската каса ќе влезат само 3,5 милиони евра. Она што […]

Рамос: Имаме можност повторно да покажеме дека сме кралевите на Европа


Фудбалери на Реал Мадрид учествуваа во специјален настан пред денешниот тренинг во спортскиот центар „Валдебебас“, организирано од „Movistar Likes“. Педесетина фанови на „лос бланкос“ ја имаа честа да се сретнат со своите идоли и да им постават прашања пред финалето во Лигата на Шампионите. – Имаме можност повторно да покажеме дека сме кралеви на Европа. […]

Лига Европа: Вечерва се игра финалето Олимпик-Атлетико


Олимпик Марсеј со трета европска титула или Атлетико Мадрид со седма. Дилемата ќе биде симната вечерва по пресметката меѓу францускиот и шпанскиот претставник на „Стад де Лион“ во финалето на тековното издание на УЕФА Европа лигата што започнува во 20.45 часот. „Ни даваат мали шанси за победа, но ние сме дојдени во Лион да дадеме […]

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето во Рим


Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на „Мастерс“ турнирот во Рим. Најдобриот српски тенисер беше подобар од Николас Басилашвили во вториот круг на турнирот во „вечниот град“, откако победи во два сета – 6:4 и 6:2. Имаше голема борба меѓу двајца тенисери во првиот сет, но одлуката падна во финишот, кога Новак со два брејка […]

Ривалдо го советува Нејмар: Бегај од ПСЖ!


Во кратко интервју што го даде за „Газета“ Ривалдо, еден од лидерите на последната генерација на „кариоките“, кои го освоија Светското првенсто, смета дека најдобриот играч на Бразил Нејмар треба да го напушти Пари Сен Жермен. – Ако не си замине, никогаш нема да освои нешто значајно, изјави Ривалдо. Под „значајно“, поранешниот бразилски репрезентативец мисли […]

Силекс и Работнички во директен дуел за излез во Европа


Силекс е домаќин на Работнички во најинтересниот натпревар од 35.коло на Првата македонска фудбалска лига. Исходот од овој натпревар може да биде пресуден за тоа која екипа покрај Шкендија и Вардар ќе ја претставува Македонија во евро-куповите. По триумфот против Академија Пандев во минатото коло, Работнички има два бода предност пред кратовскиот. – Сите во […]

Секс скандал во турската таеквондо репрезентација


Претставници на турскиот таеквондо национален тим предизвикаа секс скандал откако организирале оргија и изложија фотографија на социјалните мрежи. Петмина членови на репрезентацијата, како што се забележува на фотографијата, се забавувале со единствената девојка, за која тамошните медиуми објавија дека, исто така, е спортист. Фановите веќе побараа федерацијата да ги казни спортистите за неморално однесување. На […]

Славен Белупо му раскина на Китановски


Хрватскиот фудбалски прволигаш Славен Белупо и македонскиот интернационалец Томе Китановски спогодбено го раскинаа договорот. Од клубот од Копривница порачаа дека Китановски со своите настапи во пролетниот дел од шампионатот не ги исполнил очекувањата. Така, завчерашниот меч против Истра, од каде што дојде во Копривница на почетокот од годината, му беше последен во дресот на „фармацевтите“.

МЗТ против Работнички во финалето


МЗТ Скопје со 3:1 во полуфиналната серија против Блокотехна обезбеди пласман во финалето од плејофот. Актуелниот првак на гостински терен славеше со 72:74 во четвртиот меѓусебен дуел. Ова беше најнеизвесен дуел во полуфиналната серија, а во текот на целиот натпревар двете екипи и покрај обидите не воспоставија посериозна предност. Победникот беше решен во самиот финиш, […]

Вардар е повторно првак на Македонија


Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во македонското првенство на едно коло до крајот на плејофот, откако со 38:25 го совладаа Пролет. За „црвено-црните“ ова е четврта титула во низа или вкупно 12-тата титула првак на Македонија. Сезонава Вардар рутински стигна до титулата во домашното првенство, без при тоа да има сериозна конкуренција. За разлика […]

Емери: Нејмар е уморен од лагите


Шпанскиот фудбалски стручњак Унаи Емери, кој изминативе две сезони беше тренер на Пари Сен Жермен, истакна дека Нејмар е врвен играч, но дека нештата поврзани со него најчесто се предимензионирани. Во изминатиот период се појавија гласини дека бразилскиот фудбалер е незадоволен во парискиот клуб и дека планира да се врати во Шпанија, но не во […]

Манчини: Сакам да ја вратам Италија на врвот на европскиот и светскиот фудбал


Новиот тренер на Италија, Роберто Манчини даде прво интервју за неговиот нов пост, откако официјално беше објавен за нов ментор на „азурите“ и беше претставен на медиумите. Специјалистот беше многу возбуден околу новиот предизвик, и откако се смири, откри кои се неговите цели. Тие се дефинитивно многу високи, како што одговара на еден од најголемите […]

Иниеста следната недела ќе открие дали ќе оди во Кина или Јапонија


Фудбалерот на Барселона Андрес Иниеста ќе ја продолжи својата кариера во Кина или Јапонија, а неговиот избор ќе стане познат следната недела. Фудбалерот кој минатата недела наполни 34 години, во април објави официјално дека ќе го напушти каталонскиот клуб, во кој ја помина целата кариера. – Ми претстои веројатно да ја земам најважната одлука во […]

Работнички е прв финалист во кошаркарскиот плејоф


Работнички со максимални 3:0 во полуфиналната серија против Куманово обезбеди пласман во финалето од плејофот. Екипата од „Градски парк“ на домашниот терен славеше со 81:65 во третиот меѓусебен дуел. Работнички не дозволи изненадување и уште во почетокот на натпреварот воспостави контрола на теренот. Тоа се одрази резултатски и избраниците на Марин Докузовски на крајот од […]

Ширер: Манчестер сити ќе доминира во Премиер лигата


Поранешниот англиски фудбалер, Алан Ширер, смета дека следните неколку години Манчестер сити ќе доминира во Премиер лигата. – Во моментов не би се обложил на ниту еден друг клуб дека ќе ја освои Премиер лигата. Сити оваа сезона јасно прати порака до останатите, истакна Ширер. Манчестер сити со 100 поени беше убедливо прв оваа сезона, […]

Тухел е новиот тренер на ПСЖ


Германскиот фудбалски стручњак, Томас Тухел, е новиот тренер на Пари Сен Жермен, соопштија од францускиот клуб. Тој денеска во Париз потпиша двегодишен договор и на клупата на ПСЖ ќе го замени Унаи Емери. Тухел последните две сезони беше тренер на Борусија Дортмунд, но поради несогласувања со раководството на клубот си поднесе оставка само три дена […]

Ѓоковиќ го совлада Долгополов во Рим


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Украинецот Александар Долгополов со 2:0 во сетови (6:1, 6:3) во првото коло на Мастерсот во Рим. Ѓоковиќ го победи украинскиот тенисер за 56 минути и го одигра веројатно најдобриот натпревар сезонава, откако се врати на терен по повредата. Српскиот тенисер рутински го доби првиот сет, додека во почетокот […]

Венгер: Останувам во фудбалот, зависник сум од играта


Францускиот фудбалски стручњак Арсен Венгер на натпреварот против Хадерсфилд за последен пат седеше на клупата на Арсенал, но изјави дека со сигурност останува во фудбалот. Венгер 22 години беше тренер на Арсенал, а поради тоа во 22-та минута од натпреварот против Хадерсфилд беше поздравен со овации. – Дефинитивно останувам во фудбалот. Без разлика дали ќе […]