Агуеро: Меси е само човек


Аргентинскиот напаѓач, Серхио Агуеро изјави дека целиот тим го поддржува Лионел Меси кој пропушти пенал при 1-1 против Исланд вчера на Светското првенство.
Агуеро го отвори резултатот во корист на „гаучосите“, но Алфред Финбогасон изедначи, а во второто полувреме Меси пропушти од белата точка, во првиот меч од групата „Д“.
– Меси покажа дека е само човек. Сите ние го поддржуваме. Тој немаше свој ден, но знаеме дека може да донесе победа на Аргентина во секој момент, рече Агуеро