Анкета: Победата на СП го зголеми моралот на Французите, но не и популарноста на Макрон
Освојувањето на фудбалското Светско првенство ги претвори Французите, долгогодишни песимисти, во оптимисти, но не ја зголеми популарноста на претседателот Емануел Макрон, покажа анкетата на Институтот Одокса. Околу 62 отсто од анкетираните Французи, на 16 јули, еден ден по победата на Франција од 4 : 2 над Хрватска во Москва, сметаат дека сега се оптимисти за иднината. […]