Анкета: Победата на СП го зголеми моралот на Французите, но не и популарноста на Макрон


Освојувањето на фудбалското Светско првенство ги претвори Французите, долгогодишни песимисти, во оптимисти, но не ја зголеми популарноста на претседателот Емануел Макрон, покажа анкетата на Институтот Одокса.

Околу 62 отсто од анкетираните Французи, на 16 јули, еден ден по победата на Франција од 4 : 2 над Хрватска во Москва, сметаат  дека сега се оптимисти за иднината.

Во март 2016 година, кога Институтот Одокса последен пат го постави прашањето, 53 отсто од нив беа „песимисти”.

Околу 82 проценти од Французите сметаат дека победата ќе ја зајакне националната гордост, 74 проценти од нив сметаат дека ќе го подобрат имиџот на Франција во странство, а 39 отсто од нив изјавиле дека тоа ќе има позитивно влијание врз сопствениот морал.

Сепак, втората победа на Светското првенство во Франција по победата на домашен терен во 1998 година не ја подигна популарноста на Макрон.

Само 39 отсто од анкетираните од Одокса се со став дека Макрон е добар претседател, што е два отсто пониско од последната анкета на Одокса од 26 јуни.