Алкалоид со уште еден убедлив триумф на ЕКК
Шахистите на Алкалоид го победија израелски Реховот Чесс Скул со 5,5:0,5 во второто коло од Европското клупско првенство во Порто Карас, Грција. Израелскиот претставник единственото реми го „извади“ на петтата табла каде за „фармацевтите“ настапи Павел Елјанов. Останатите шахисти на „Алкалоид“ и во второто коло ја покажаа својата надмоќност, особено засилени со присуството на четвртиот …