Бартомеу: Еден ден Меси ќе каже доста е, ние мора да го подготвиме клубот за иднината


Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, рече дека клубот треба да биде подготвен за фактот дека Лионел Меси еден ден ќа ја заврши кариерата. – Еден ден Меси ќе каже доста е. Ние мора да го подготвиме клубот за иднината. Треба да привлекуваме извонредни млади играчи, бидејќи сакаме да ја продолжиме ерата на успех. Ова …

Бартомеу: Еден ден Меси ќе каже доста е, ние мора да го подготвиме клубот за иднината Read More »

Наполи ќе потроши 200 милиони евра за трансфери во текот на летото


Калчолигашот Наполи ќе потроши околу 200 милиони евра за трансфери во текот на летото, објави „Тутоспорт“. Клубот од Неапол сака да стане конкурентен во борбата за трофејот и конечно да го симне од врвот Јувентус кој доминира во италијанскиот фудбал. За да го дополни буџетот, Наполи планира да продаде неколку фудбалери, меѓу нив и капитенот …

Наполи ќе потроши 200 милиони евра за трансфери во текот на летото Read More »

Висок пораз за МЗТ Скопје на гостувањето кај Динамик


Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром претрпе убедлив пораз вечерва на гостувањето кај Динамик во 19.коло од АБА 2-лигата. Домаќините победија со 98:75, благодарение на 15 скокови повеќе (40:25) 14 асистенции (26:12) и помалку изгубени топки (10:16). Најефикасен во составот на Ѓорѓи Кочов беше Вудард со 26 поени, но со еден расположен играч не може …

Висок пораз за МЗТ Скопје на гостувањето кај Динамик Read More »

Реал и Атлетико ќе се борат за Икарди


Капитенот на Интер, Мауро Икарди може да го напушти клубот во текот на летото. Според „АС“, Реал и Атлетико претендираат на 25-годишниот Аргентинец. Договорот на Икарди со Интер ќе истече на 30 јуни 2021 година. Страните во моментов преговараат за продолжување на договорот. На трансфер пазарот за фудбалери вредноста на Икарди се проценува на 100 милиони евра. …

Реал и Атлетико ќе се борат за Икарди Read More »

Манџукиќ одбил понуда од Кина вредна десет милиони евра по сезона


Напаѓачот на Јувентус, Марио Манджукич одби да се пресели во кинескиот Далијан Ифан во јануарскиот трансфер прозорец, објави „Спорт Медиасет“. Наводно, Хрватот ја одбил понудата која изнесувала 10 милиони евра по сезона. Актуелниот договор на Манџукиќ со италијанскиот шампион важи до 30 јуни 2020 година. Оваа сезона, 32-годижниот напаѓач одигра 22 натпревари постигна девет голови …

Манџукиќ одбил понуда од Кина вредна десет милиони евра по сезона Read More »

Барселона го сака Иско


Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско може да го напушти клубот. Според „Дејли Стар“ Барселона е сериозно заинтересирана за неговите услуги. Од друга страна, Иско е подготвен да го напушти Реал поради тензиите со тренерот Сантијаго Солари. Договорот на 26-годишниот фудбалер со „кралскиот клуб“ важи до 30 јуни 2022 година. Неговата цена на фудбалскиот пазар …

Барселона го сака Иско Read More »

Кучето на Сала доби нов дом: Таа е дел од нашето семејство


Нала, неговата верна сопатничка, сега е дел од нас и нашето семејство. Никогаш не помисливме да ја дадеме на посвојување“, напиша Ромина Сала, сестра на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, кој настрада во авионската несреќа над Ла Манш. Семејството до последен момент се надеваше дека Емилијано е жив. На длабочина од 67 метри во морето, пронајдено …

Кучето на Сала доби нов дом: Таа е дел од нашето семејство Read More »

Тотенхем нема да игра на новата арена против Арсенал


Раководството на Тотенхем потврди дека на 2 март „Спарс“ ќе го преземе Арсенал на Вембли, а не, како што беше планирано претходно, на нивниот нов стадион. – Во моментов можеме да потврдиме дека работата за воспоставување и верификација на сите безбедносни системи е близу до завршување. Сега треба да ги тестираме перформансите на системите за …

Тотенхем нема да игра на новата арена против Арсенал Read More »

Боатенг: Играњето во тим заедно со Меси е магично


Во пресрет на вечерашното „Ел Класико“ во полуфиналето на шпанскиот куп, фудбалерот на Барселона, Кевин-Принс Боатенг ја пофали играта на неговиот тимски колега Лионел Меси. – Играв против Меси. Тоа е една од најтешките работи во фудбалот. Но, ако играте во истиот тим со него, тогаш тоа е неверојатно. Магично е. Целосно треба да ја …

Боатенг: Играњето во тим заедно со Меси е магично Read More »

Аврамовски: Брзо ќе се адаптирам во Вардар


Најновото засилување на Вардар, Даниел Аврамовски, очекува лесна адаптација во новата средина и брзо наметнување кај стручниот штаб. – Очекувам брзо да се адаптирам затоа што со голем дел од играчите се знам. Сум играл со нив и по репрезентација и по клубовите, добро ме познаваат, добри ги познавам и јас нив. Во пролетниот дел …

Аврамовски: Брзо ќе се адаптирам во Вардар Read More »

Во Челзи разочарани од изјавите на Куртоа


 Раководството на Челзи е непријатно изненадено од од изјавите на поранешниот голман Тибо Куртоа, кој сега настапува за Реал Мадрид. Белгискиот голман го критикуваше директорот на клубот, Марин Грановски. Куртоа забележува дека Грановски не го поддржувал кога сакал да го напушти Челзи. – Не е лесно да се преговара со Марин, но ова не е …

Во Челзи разочарани од изјавите на Куртоа Read More »

Конор Макгрегор можно е да оди во Украина


 Поранешниот светски шампион во UFC во лесна и полулесна категорија Конор Макгрегор може да дојде во Украина за да присуствува на турнир во организација на WWFC. Во конкуренција за натпреварите се пријавени и неговите спаринг партнери од Ирска, Блејн О’Дрискол и Николај Гроздев. Конор Мекгрегор може да ја посети Украина. Тој сака да ги поддржи …

Конор Макгрегор можно е да оди во Украина Read More »

Инфантино единствен кандидат на претседателските избори во ФИФА


Светската фудбалска федерација (ФИФА) на својата официјална веб-страница потврди дека сегашниот претседател на организацијата Џани Инфантино, ќе биде единствениот кандидат на претстојните претседателски избори. Изборот на новиот шеф на ФИФА ќе се одржи на 5 јуни 2019 година на конгресот на организацијата во Париз. Претходно беше објавено дека Инфантино ја има поддршката од 196 национални …

Инфантино единствен кандидат на претседателските избори во ФИФА Read More »

Минимален пораз за Работнички од Црвена ѕвезда


Работнички попладнево загуби со 2:1 од српскиот шампион Црвена ѕвезда на третиот пријателски натпревар на зимските подготовки во Анталија. „Романтичарите“поведоа со голот на Дејан Блажевски во 41. минута, Црвена ѕвезда израмни две минути подоцна преку Вукановиќ, а конечниот резултат го постави  Ебисилио во 54. минута. За Работнички пенал не искористи Баже Илијоски во 36. минута. …

Минимален пораз за Работнички од Црвена ѕвезда Read More »

Јувентус го носи Ромеро од Џенова за 30 милиони евра


Одбранбениот играч на Џенова, Кристијано Ромеро е близу до трансферот на Јувентус за 30 милиони евра, според италијанските медиуми. Овој 20-годишен фудбалер од Аргентина треба да пристигне во Торино на 1 јули, кога ќе се отвори следниот преоден рок, а постои можност да се остане уште една сезона во Џенова како позајмен од Јувентус. Во …

Јувентус го носи Ромеро од Џенова за 30 милиони евра Read More »

Меси постигна повеќе од 20 гола во текот на 11 сезони по ред во Примера


Капитенот и напаѓач на Барселона, Лионел Меси, е единствениот играч во историјата на Шпанското фудбалско првенство со постигнати повеќе од 20 гола 11 сезони по ред. Оваа сезона, по само 22.кола Меси веќе постигна 21 гол за Барселона во Примера. Претходните сезони Аргентинецот во дресот на каталонскиот клуб ги заврши со оваа ефикасност: 2018 – …

Меси постигна повеќе од 20 гола во текот на 11 сезони по ред во Примера Read More »

Буфон: Штета што нашата победничка серија е прекината


Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Буфон, помалку е разочаран дека клубот не успеал да го продолжи својот победнички поход во Француското фудбалско првенство. Парижаните во изминатото коло загубија од Олимпик Лион (1:2). Пред тоа, тие имаа 18 победи и две нерешени средби оваа сезоната. Штета е што нашата победничка серија е завршена, објави Буфон …

Буфон: Штета што нашата победничка серија е прекината Read More »

Игуаин среќен во Челзи


Напаѓачот на Челзи, Гонзало Игуаин е задоволен од можноста да работи со тренерот Маурицио Сари. Аргентинец во зимскиот трансфер прозорец се пресели од Милан во Челзи, и веќе постигна два гола з асвојот нов клуб. – Сари е тренер кој на мене делува позитивно и тоа се рефлектира во моите изданија. Тој знае како да …

Игуаин среќен во Челзи Read More »

Раул не е повеќе селектор на Македонија


Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) денеска соопшти дека ја прекинуваат соработката со Шпанецот Раул Гонзалез по взаемна согласност. – Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер …

Раул не е повеќе селектор на Македонија Read More »

Почина Мати Никенен: Спортски гениј и деструктивец во приватниот живот


Еден од најголемите ски скокачи на сите времиња, легендарниот Финец, Мати Никенен, почина во 56-та година од животот. Ексцентрик и генијалец, кој одбележа една ера во спортот, ги сруши сите рекорди и стана икона, симбол, не само на овој спорт, тука на осумдесетите години. Во кариерата освои сѐ. Има четири олимписки злата и едно сребро, …

Почина Мати Никенен: Спортски гениј и деструктивец во приватниот живот Read More »