Несторовски откако опцу во камера, нема да игра на мечот со Германија


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, одлучи да не го стави во составот Илија Несторовски, кој синоќа по постигнувањето на голот против Лихтенштајн се упати кон една од камерите и искажа вулгарни зборови. – Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да […]

Први бодови за македонската репрезентација во квалификациите за СП 2022


Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје забележа убедлива победа над Лихтенштајн со 5:0. За избраниците на селекторот Игор Ангеловски ова е прва победа и први три бода во квалификациите за Светското првенство следната година во Катар. Стрелци на головите беа Енис Барди, Александар Трајковски (два), Елиф Елмас и Илија Несторовски од пенал. На другите два […]

Марија Шарапова со мебелот заплива во дизајнерски води


САД – Поранешната руска тенисерка Марија Шарапова, во соработка со канадската компанија „Роув консептс“, ја подготви и претстави својата прва колекција мебел. Во нејзиниот прв дизајнерски потфат, тениската ѕвезда и љубителка на уметноста и архитектурата, се водеше од изразот „помалку значи повеќе“. Нејзината колекција содржи елегантни облици, рафинирани детали, неутрални бои, со нагласка на разновидноста и […]

Мојсовски: Правиме законски решенија за спортистите да добијат право на пензија


Правиме законски решенија со кои овозможуваме поранешните, но и сегашните спортисти да добијат право на пензиски стаж, пензиско осигурување и пензија. Денес ја исправаме децениската неправда кон спортистите, информира на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски. – Во заедничка координација сме со Фондот за пензиско осигрување, Министерството за правда, Министерството […]

Лејкерс го загубија четвртиот натпревар по ред по повредата на Леброн


Тимот на Лос Анџелес лејкерс ноќеска загуби на домашен терен од Филаделфија со 101:109 во меч од регуларниот дел во НБА-лигата. Екипата на Лос Анџелес го претрпе четвртиот пораз во низа. „Црната“ серија на Лејкерс започна на 20 март на мечот против Атланта (94:99), на кој беше повреден лидерот на тимот Леброн Џејмс. Покрај од […]

Пораз во драматичен финиш на македонските фудбалери на стартот на мундијалските квалификации


Македонската фудбалска репрезентација загуби вечерва на гостувањето кај Романија со 3:2 во премиерниот натпревар во квалификациите за пласман на Мундијалот 2022 во Катар. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски беа на чекор непоразени да се вратат од гостувањето во Букурешт, откако во финишот се вратија од негатива по водството на Романците од 2:0, со головите на Флоријан Настасе во 28 минута […]

Руските организатори на ЕП дадоа „зелено светло“ за навивачи од странство


Здравствените рестрикции поради Ковид-19 ќе бидат минимални за натпреварите од Европското фудбалско првенство, кои ќе се играат во Санкт Петерсбург, а стадионот ќе биде исполнет до 50 отсто од капацитет со дозвола за влез и за навивачи од странство, најави денеска генералниот директор на Организацискиот комитет Алексеј Сорокин.   – Се извинувам, но морам да […]

Млад фудбалер на Лацио загина во сообраќајна несреќа


Фудбалерот на младата екипа на италијанскиот прволигаш Лацио, 19-годишниот Даниел Гуерини загина во сообраќајна несреќа што се случи во средата вечер во јужно предградие на Рим. – Сите во клубот сме во шок и болка. На семејството на младиот Даниел Гуерини му изразуваме најдлабоко сочувство, соопшти Лацио. Според извештаите во италијанските медиуми, несреќата се случила […]

Во Јапонија тргна факелот со олимпискиот оган


Олимписки факел тргна низ Јапонија, се наведува на официјалната веб-страница на организацискиот одбор на Олимписките игри во Токио. Штафетата со огнот стартуваше во префектурата Фукушима на стадионот „Ј-Вилиџ“. Прв учесник на настанот беше фудбалерот Азуса Ивашимизу, кој играше за репрезентацијата на Јапонија од 2006 до 2016 година. Факелот за 121 ден ќе помине низ859 општини […]

ФИФА му изрече нова суспензија на Сеп Блатер


Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) денеска повторно го суспендираше својот поранешен претседател Сеп Блатер поради финансиски малверзации, седум месеци пред да му истече веќе изречената суспензија. Етичкиот комитет на ФИФА соопшти дека Блатер е суспендиран на шест години, заедно со поранешниот генерален секретар Џером Валке, на кого му е изречена осуммесечна суспензија. Блатер и Валке се казнети под обвинение дека меѓусебно делеле […]

ЕХФ лига: Еурофарм Пелистер убедливо поразен од Магдебург


Ракометарите на Еурофарм Пелистер со 24:32 го загубија првиот натпревар од Магдебург во осмина-финалето од Европската ракометна лига. Битолчани, вечерва на свој терен, без поддршка од публика и со преголем респект кон бундеслигашот, доживеаја висок и убедлив пораз кој беше навестен од самиот почеток на средбата кога гостите поведоа со 4:0 и на крајот славеа […]

Поранешниот репрезентативец Марковски нов тренер на Металург


 Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Иван Марковски е назначен за нов тренер на Металург, потпишувајќи двеиполгодишен договор со клубот за кој настапуваше како играч. – Иван Марковски од денеска му се придружува на стручниот штаб, како дел од еден долгорочен проект за силен Металург. Веќе од утре седнува на тренерското столче и ќе работи со тимот во наредните […]

ФИФА: Пандев заслужува да го видиме на Мундијалот во Катар


Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) во пресрет на утрешниот почеток на квалификациите за Мундијалот 2022 во Катар објави денеска листа со десет фудбалери, кои со својот квалитет заслужуваат настап на Светското првенство, вклучувајќи го меѓу нив и македонскиот капитен Горан Пандев. -Пандев сè уште импресионира во Серија А, сега во дресот на Џенова. Македонската репрезентација никогаш […]

Во Битола гостува ракометниот „бундес“ гигант Магдебург


Вечер во Битола во рамки на натпреварите од европската ракометна лига ќе гостува „бундес“ гигантот Магдебург од истоимениот германски град. Во пресрет на првата осмина-финална средба, тренерот на битолчани Жељко Бабиќ изјави дека против Еурофарм Пелистер никој не може да се смета за фаворит. – Среќни сме што во Битола ни доаѓа моќна германска екипа […]

Македонските фудбалери се собраа во Скопје за почеток на мундијалските квалификации


Четири месеци по последниот официјален натпревар против Ерменија во Лигата на нации, македонската фудбалска репрезентација се собра денеска во Скопје на завршни мини подготовки за претстојниот старт на квалификациите за пласман на Мундијалот 2022 во Катар. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски до крајот на март ќе одиграат три квалификациски натпревари во рамки на групата Ј, […]

Роналдо останува во Јувентус 


Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи, изјави денеска дека Кристијано Роналдо ќе остане во редовите на актуелниот италијански првак и во следната сезона, наспроти шпекулациите за заминување на Португалецот. -Ние веќе донесовме одлука и тоа е да го задржиме Роналдо во нашите редови. Тој е најдобриот светски фудбалер и ќе остане со нас, порача спортскиот директор на Јувентус за „Скај Спорт Италија“. Договор на […]

Гром усмрти салвадорска сурферка 


Салвадорската сурферка Катарине Дијаз го загуби животот по удар на гром за време на тренингот за претстојните квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио, соопшти денеска Меѓународната сурферска федерација (ISA). Несреќата се случила непосредно откако 23-годишната Диаз влегла во водата. Салвадор од 29 мај до 6 јуни ќе биде домаќин на Светското првенство во сурфање, на […]

Романија противник на македонските ракометарки во баражот за СП 2021


Противник на македонската женската ракометна репрезентација во баражот за пласман на Светското првенство 2021 е репрезентацијата на Романија. Ова е епилогот по денешната жрепка во која познати се и другите двојки. Мундијалот ќе се одржи на крајот на годинава во Шпанија. Двојки за другите плејоф пресметки: Турција – Русија Чешка – Швајцарија Словенија – Исланд […]

Барселона постигна 100 голови 16 сезони по ред


Фудбалерите на Барселона синоќа во рамките на 28. коло од Ла Лига го совлада Реал Сосиедад на гостински терен со резултат 6:1. Каталонскиот клуб има постигнато 100 погодоци на сите турнири во сезоната 2020/21. Така, Барселона постигна најмалку 100 гола 16 последователни сезони. После 28 одиграни кола од лигата, Барселона со 62 бода е на […]

Македонските ракометарки со максимални три победи одат во баражот за СП 2021


Македонската женска ракометна репрезентација со максимални три победи ги заврши настапите на квалификацискиот турнир во Скопје. Вечерва совладана е Грција со 20:19. До триумфот избраничките на селекторот Симе Симовски дојдоа потешко од очекувањата. На полувремето гостите имаа предност од 13:10. Најефикасна во таборот на „црвено-жолтите“ беше Сара Ристовска со 10 погодоци, а меѓу најзаслужните за […]