Кавани прв двоен стрелец на двете полуфиналиња во евро-куповите во последните 35 години


Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани постигна два гола синоќа во полуфиналниот натпревар од Лигата на Европа со Рома (2:3). Во првиот натпревар (6:2) 34-годишниот Уругваец исто така двапати го погоди голот на римјаните. Кавани стана првиот фудбалер во последните 35 години кој постигнал два гола во секое од двете полуфиналиња на едно европско натпреварување. …

Кавани прв двоен стрелец на двете полуфиналиња во евро-куповите во последните 35 години Read More »

Пивара Скопје и Скопско партнери на македонската фудбалска репрезентација


Пивара Скопје ќе биде еден од спонзорите на македонската фудбалска репрезентација на претстојното Европско првенство. Новото партнерство на Пивара Скопје и Скопско со Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ), со кое се обезбедува поддршка на македонската фудбалска репрезентација за нејзиниот настап на Европското првенство 2020 ќе биде објавено денеска. На настанот се предвидени обраќања на претседателот …

Пивара Скопје и Скопско партнери на македонската фудбалска репрезентација Read More »

Марковски уште три години на клупата на Металург, останува и Хорват


Седумкратниот македонски ракометен шампион Металург договори денеска продолжување на соработката со својот тренер Иван Марковски за уште три години, а во тимот, како што е соопштено, останува и хрватскиот репрезентативец Златко Хорват. -Мојата поддршка во следните три години, како предводник на стручниот штаб, ја добива Иван Марковски, заради енергијата, посветеноста, умешноста да се биде најхрабар кога е …

Марковски уште три години на клупата на Металург, останува и Хорват Read More »

Македонските ракометари против Данска, Словенија и Црна Гора на ЕП


Унгарија – Актуелниот светски првак Данска и репрезентациите на Словенија и на Црна Гора ќе бидат противници на македонските ракометари во групната фаза на Европското првенство што во јануари идната година ќе се одржи во Унгарија и Словачка. Жрепката попладнево во Будимпешта одлучи македонските ракометари да бидат дел од групата А во која натпреварите ќе се играат во унгарскиот град Дебрецин. Двете …

Македонските ракометари против Данска, Словенија и Црна Гора на ЕП Read More »

Челзи и Сити ќе добијат по 4.000 влезници за финалето во Истанбул


Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска изрази надеж дека ќе може да им подели на Челзи и Манчестер сити по најмалку 4.000 влезници за нивните навивачи за финалето во Лигата на шампиони. Потврдувајќи дека Истанбул останува домаќин на завршниот натпревар закажан за крајот на овој месец, УЕФА наведе дека ќе продолжи тесно да соработува со Фудбалската …

Челзи и Сити ќе добијат по 4.000 влезници за финалето во Истанбул Read More »

ПСЖ е убеден дека ќе го ангажира Меси и на Аргентинецот го темели својот состав за идната сезона


Пари Сен-Жермен не се откажа од намерата да потпише договор со напаѓачот на Барселона, Лионел Меси. Парижаните го планираат својот состав за следната сезона, со 33-годишниот Аргентинец во него, објавија француските медиуми. Исто така, ПСЖ е заинтересиран за дефанзивецот на Барселона, Емерсон Апаресидо, кој сега игра на позајмица во Бетис. Францускиот клуб сака да го …

ПСЖ е убеден дека ќе го ангажира Меси и на Аргентинецот го темели својот состав за идната сезона Read More »

Англиско финале во Лигата на шампионите


Челзи ќе биде противникот на Манчестер сити во финалето на фудбалската Лига на шампионите. „Сините“ од Лондон вечерва на својот терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во реваншот од полуфиналето на елитното натпреварување и по 1:1 во Мадрид, со вкупни 3:1 се изборија за големото финале. Стрелци на головите за Челзи беа Тимо Вернер …

Англиско финале во Лигата на шампионите Read More »

Познати сите учесници на фајнлфорот во кошаркарската Евролига


Во полуфиналето на овогодишниот завршен турнир во кошаркарската Евролига, што од 18 до 20 мај ќе се одржи во Келн, ќе играат ЦСКА Москва – Анадолу Ефес и Барселона – Армани. Кошаркарите на Барселона во решавачкиот, петти, натпревар од четвртфиналето го совладаа синоќа на домашен терен Зенит од Санкт Петерсбург со убедливи 79:53, додека екипата на Армани во петтиот …

Познати сите учесници на фајнлфорот во кошаркарската Евролига Read More »

Покетино: Понекогаш треба да имате среќа 


Тренерот на ПСЖ Маурисио Покетино оцени дека неговите фудбалери одиграле синоќа добар натпревар во реваншот во Манчестер и покрај поразот од 2:0 со што францускиот првак остана без пласман во финалето во Лигата на шампиони (ЛШ). – Игравме како што се договоривме. Почнавме добро, доминиравме, создававме шанси, а малку екипи можат да доминираат против Манчестер сити. Понекогаш треба да …

Покетино: Понекогаш треба да имате среќа  Read More »

УЕФА одлучи: Репрезентациите на Евро 2020 со по 26 играчи


Европската фудбалска федерација донесе одлука репрезентациите учесници на претстојното Европско првенство наместо 23 да однесат 26 играчи. – Со цел да се намалат ризиците на тимовите кои се соочуваат со недостиг на достапни играчи поради можни позитивни резултати од тестовите КОВИД-19 и следните мерки за карантин пропишани од надлежните органи, беше донесено одлука, да се …

УЕФА одлучи: Репрезентациите на Евро 2020 со по 26 играчи Read More »

Македонија во третиот шешир за ЕП во ракомет


Македонската ракометна репрезентација ќе се најде во третиот шешир при извлекувањето на групите за ЕП 2022, откако „црвено-жолтите“ како второпласирани ги минаа квалификациите и обезбедија учество на уште едно големо натпреварување. Заедно со Македонија дел од овој трет шешир се уште и Франција, Чешка, Исланд, Белорусија и Словачка, селекции со кои Македонија нема да може …

Македонија во третиот шешир за ЕП во ракомет Read More »

Истрага во Англија за создавањето на Суперлигата


 Фудбалскиот сојуз на Англија издаде соопштение дека започна официјална истрага за создавање на Суперлигата. – Откога дознавме за Суперлигата, нашиот приоритет беше да спречиме тоа да се случи, и сега и во иднина. Ние постојано разговаравме за ова прашање со владата, Премиер лигата и УЕФА. Особено, разговаравме со владата за закон што ќе ни овозможи …

Истрага во Англија за создавањето на Суперлигата Read More »

Максимум илјада гледачи дневно на Роланд Гарос


Франција – Овогодишното издание на тенискиот грен-слем турнир Ролан Гарос ќе се одржи со публика на трибините, но во ограничен број, соопштија властите во Париз. – Донесовме одлука капацитетот на трибините да биде исполнет до 35 отсто или најмногу 1.000 луѓе, соопшти францускиот министер за спорт Жан Мишел Бланке. Доколку состојбата со пандемијата на коронавирус биде поволна, бројот …

Максимум илјада гледачи дневно на Роланд Гарос Read More »

Македонските ракометари в четврток ги дознаваат противниците на ЕП


Австрија– Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека жрепката со која ќе бидат одредени групите за Европското првенство 2022 ќе биде извршена в четврток во Виена, откако во неделата беа комплетирани сите учесници на завршнио турнир. Македонските ракометари своето седмо учество на европските првенства го остварија со ефект од пет победи и еден пораз, завршувајќи како второпласирани во …

Македонските ракометари в четврток ги дознаваат противниците на ЕП Read More »

Македонија ја совлада Швајцарија за крај на квалификациите и пласман на ЕП


Македонската ракометна репрезентација со победа ги затвори квалификациите за пласман на ЕП 2022 година. Македонија на домашен терен ја совладаа Швајцарија со 29-28. Оваа е најдобриот пласман во едни квалификации на нашата репрезентација во историјата, откако националниот тим запишаа пет победи и само еден пораз за второ место во групата. Никола Митревски запиша 16 интервенции …

Македонија ја совлада Швајцарија за крај на квалификациите и пласман на ЕП Read More »

Хамилтон го освои португалското Гран при


 Британскиот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена за Голeмата награда на Португалија. Второто место му припадна на Холанѓанецот од Ред Бул, Марк Верстапен, додека трет беше другиот тркач на Мерцедес, Валтери Ботас. За Хамилтон ова беше 97 победа во кариерата и втора во тековната сезона. По …

Хамилтон го освои португалското Гран при Read More »

Италијанските фудбалери ќе се вакцинираат пред Европското првенство


Селекторот на италијанската репрезентација Роберто Манчини состави проширен список од 35 играчи на кои ќе смета за претстојното Европско првенство со цел сите фудбалери, кои ќе играат на завршниот турнир, да бидат вакцинирани. Нивното вакцинирање треба да почне в понеделник и предизвикува остри реакции во јавноста поради бавното темпо на имунизација во 60-милионската Италија. Досега првата доза …

Италијанските фудбалери ќе се вакцинираат пред Европското првенство Read More »

Стефановски излета од патеката, остана без пласман на втората трка во Монца


Македонскиот автомобилист Игор Стефановски остана без пласман на втората трка од првенството на ТЦР Италија, откако денеска излета од патеката во Монца и предвреме ја заврши трката. Инцидентот се случи на шест минути пред крајот на трката и завршниот круг, во моменти кога Стефановски беше седмопласиран на патеката и натпреварувачот зад него Душан Курил имаше близок контакт со …

Стефановски излета од патеката, остана без пласман на втората трка во Монца Read More »

Светски рекорд: Копачките на Меси продадени за 143.000 евра


  Познатата аукциска куќа „Кристис“ ги продаде копачките на Лионел Меси за неверојатни 143.000 евра. Копачките кои напаѓачот на Барселона ги носеше кога го постигна 644 гол за Барса се најдоа на аукција со цел собирање пари во добротворни цели. Меси ги донира копачките на Националниот музеј Каталонија, откако го постигна 644 за Барса, рекорден …

Светски рекорд: Копачките на Меси продадени за 143.000 евра Read More »

Ф1: Ботас ќе стартува од пол-позицијата на трката во Португалија


Финецот Валтери Ботас ќе стартува од пол – позицијата на утрешната трка во Формула 1 за Големата награда (ГН) на Португалија, откако возачот на Мерцедес беше најбрз на денешните квалификации. За Ботас ова е прва пол – позиција сезонава и вкупно 17. во кариерата. Покрај него во првиот ред на неделната трка ќе му биде клупскиот колега и актуелен …

Ф1: Ботас ќе стартува од пол-позицијата на трката во Португалија Read More »