Сан: Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер сити до 2025 година


Манчестер сити постигна начелен договор со тренерот Хосеп Гвардиола за продолжување на договорот со клубот до 2025 година, пишува „The Sun“. Актуелниот договор на 51-годишниот фудбалски стручњак истекува во јуни 2023 година. Гвардиола е тренер на „граѓаните“ од 2016 година. За тоа време, Манчестер сити три пати стана шампион на Англија, четири пати го освои […]

Битола подготвена за големото ракометно дерби


Македонскиот ракометен шампионат се ближи кон својот крај, а исходот за тоа дали Вардар ќе ја одбрани титулата или Еурофарм Пелистер ќе го преземи тронот во голема мера ќе биде познат вечер по одигрување на големото дерби закажано за 19 часот. Домаќините се подготвени, салата е целосно распродадена, а во неа се очекува да присуствуваат […]

Перез: Би ја напуштил Формула 1 доколку ме сметаат за втор возач


Возачот на Ред Бул, Серхио Перез смета дека нема прв и втор возач во тимот, туку дека тој и Макс Верстапен имаат ист третман. – Би ја напуштил Формула 1 доколку ме сметаат за втор возач на тимот. Тоа би било непочитување кон мојата кариера. Возам во Формула 1 затоа што знам дека можам да […]

Реал Мадрид е шампион на Шпанија


Реал Мадрид ја освои 35. титула на Шпанија. Клубот од Мадрид последен пат беше шампион во 2020 година, а минатата сезона нивниот градски ривал Атлетико ја освои титулата. Титулата шампион ја потврдија избраниците на Карло Анчелоти со победата од 4-0 против Еспањол на „Сантијаго Бернабеу“. Реал до победата дојде со головите на Бразилецот Родриго во […]

Почина Мино Рајола, најпознатиот фудбалски менаџер, веста ја соопшти неговото семејство


Мино Рајола почина на 55-годишна возраст, објави неговото семејство на својот официјален профил на Инстаграм. Рајола беше менаџер на многу планетарно популарни фудбалери, од Златан Ибрахимовиќ до Пол Погба, Марко Верати до Ерлинг Браут Халанд и Матијс де Лигт. Во семејната порака се вели: „Мино се бореше до крај со истата сила што ја стави […]

Ливерпул остана во трка за титулата


Фудбалерите на Ливерпул забележаа попладнево исклучително важна победа (1-0) на гостувањето кај Њукасл и привремено го презедоа првото место на табелата во Премиер лигата. Голот вреден три бодови го постигна Наби Кеита во 19 минута на асистенција на Диего Жота. Фудбалерите на Њукасл бараа фаул во напад, но главниот судија Андре Маринер по кратка проверка само го […]

Квалификации СП: Украина на 11 мај гостува во Менхенгладбах


Фудбалската репрезентација на Украина во рамки на подготовките за мундијалскиот бараж ќе одигра пријателски натпревар против германскиот прволигаш Борусија од Менхенгладбах. Натпреварот е закажан за 11 мај во Менхенгладбах, а целиот приход од влезниците ќе биде наменет за украинските семејства кои ја напуштија земјата поради руската инвазија. – Задоволство ни е што ќе ја нагостиме […]

Мемфис последен четвртфиналист во плејофот на НБА-лигата


Мемфис рано утрово ја совлада Минесота во шестиот натпревар од првото коло на НБА плејофот со 114:106. Гризлис по оваа победа на гостински терен ја добија серијата со вкупни 4-2 и обезбедија пласман во четвртфиналето. Брукс со 23 поени беше најефикасен во победничката екипа, Едвардс постигна 30 во домашниот тим. Следен противник на Мемфис ќе […]

Падна пресуда: Борис Бекер оди во затвор две и пол години


  Пад на славниот германски тенисер Борис Бекер. Тој оди во затвор две и пол години. Познатиот германски тенисер Борис Бекер оди во затвор на две и пол години, беше одлучено денеска на судењето во Велика Британија. Скај спорт објави дека во затвор ќе помине половина од тоа време, една година и три месеци. Тој […]

На руските и белоруските тенисери дозволено учество на Ролан Гарос


Франција– Руските и белоруските тенисери ќе можат да играат на Отвореното првенство на Франција во 2022 година. Ова информација ја соопшти претседателот на Француската тениска федерација Жил Моретон. Тој нагласи дека учеството на овие тенисери на Грен слемот Ролан Гарос е можно само со неутрален статус. – Позицијата не е променета. До денес, ние ја почитуваме […]

Зграда Серена Вилијамс- Најк ја почести тениската ѕвезда


САД- Серена Вилијамс е позната по нејзиното извонредно гранслем наследство – поточно има 23 титули. Сега нејзиното наследство е зацементирано во зграда од 1 милион квадратни метри во седиштето на Најк во Бивертон, Орегон. Во објавата на Инстаграм во средата, Вилијамс рече дека е нејзин детски сон да има зграда од Најк. „Кога бев само […]

Ракомет: Сениорките против Франција, Холандија и Романија на ЕП 2022


Женската македонска ракометна репрезентација доби многу тешка група за Европското првенство 2022. Избраничките на селекторот Љубомир Савевски на еврошампионатот од 4 до 20 ноември ќе играат во Ц-групата во Скопје заедно со селекциите на Франција, Холандија и на Романија. На попладневната ждрепка во Љубљана, извлечени беа и другите три групи: А-групата ја сочинуваат: Норвешка, Унгарија, […]

Мино Рајола е жив: „Ме умревте два пати за четири месеци“


Фудбалскиот агент Мино Рајола се огласи на Твитер за да ја објави неговата здравствена состојба откако извештаите во Италија тврдеа дека тој починал. Реал Мадрид дури испрати сочувство на Твитер откако раширените извештаи велат дека Рајола починал. „Моменталната здравствена состојба за оние што се прашуваат: по втор пат за 4 месеци ме убиваат. Се чини […]

Почина еден од најпознатите фудбалски агенти Мино Рајола


На 54-годишна возраст денес почина италијанскиот фудбалски агент Мино Рајола. Од многубројните свои клиенти, Рајола ги застапуваше интересите и на Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Ерлинг Халанд, Џанлуиџи Донарума, Матијс де Лихт, Марко Верати, Хенрих Мхитарјан… Во јануари беше објавено дека Рајола е итно хоспитализиран во Милано, но гласините подоцна беа демантирани од неговото опкружување: „Мино […]

Клоп: Ливерпул одигра добро, расположението и на реваншот со Виљареал треба да биде исто


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази задоволството на изданието на неговите избраници во полуфиналето од Лигата на шампионите со Виљареал. „Црвените“ синоќа на „Енфилд“ победија со 2:0. – Јасно беше дека треба да продолжиме да притискаме цел натпревар. Штом Виљареал го надмине притисокот, веднаш создава закана. Но, во најголем дел, завршивме одлична работа и одигравме […]

АМС ќе го награди Арсовски и ќе дава поддршка за боксот и во иднина


Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, на денешната прес-конференција вети награда за Петар Арсовски кој неодамна го освои бронзениот медал на Европското првенство за млади боксери. – Честитки за младиот Петар кој дефинитивно после многу години направил одличен резултат за македонскиот бокс. После толку години имаме млад шампион кој дефинитивно се надевам […]

Федерер го пропушта Вимблдон, планира враќање на турнирот Swiss Indoors во октомври


Швајцарија– Роџер Федерер има намера да се врати на тенисот по повеќе од една година пауза-  на Swiss Indoors во октомври. Настанот во Базел објави во соопштение објавено на неговата веб-страница во вторникот дека 20-кратниот Грен слем шампион „официјално влезе на турнирот и ќе се појави на влезната листа со заштитениот АТП ранг“ на бр.9. […]

Бензема на само три гола од рекордот на Роналдо во Лигата на шампионите


Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема се приближува до рекордот на Кристијано Роналдо по голови во Лигата на шампионите. Французинот синоќа беше двоен стрелец во полуфиналната пресметка на турнирот со Манчестер сити (3:4). Сега Бензема има 14 гола сезонава во Лигата на шампионите. Ова е петти резултат во историјата на елитното фудбалско натпреварување. Рекордот за […]

Сити го пречекува Реал во првото полуфинале во ЛШ


Фудбалерите на Манчестер сити и Реал Мадрид вечерва се среќаваат во првиот натпревар од полуфиналните пресметки во Лигата на шампиони (ЛШ). По поразот во ланското финале од Челзи, фудбалерите на Манчестер сити ќе се обидат да дојдат до европскиот трофеј, но на патот ќе им стои голема пречка во мадридски Реал, кој во својата историја има 13 европски титули. […]

Модриќ останува во Реал до лето 2023


Шпанија – Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ, иако е во поодминати играчки години, ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една сезона, објави угледниот италијански новинар и добар познавач на трансфер-пазарот Фабрицио Романо. – Новиот договор ќе биде потпишан до јуни 2023 година. Никогаш немало проблеми околу тоа. Во прашање се само завршните состаноци, документацијата […]