(Видео) Најбрзиот гол во историјата на Лигата на нации


 

Напаѓачот на Швајцарија Харис Сеферовиќ влезе во историјата на УЕФА лига на нации.

Сеферовиќ го постигна најбрзиот гол во историјата на овие натпреварувања, во 57-та секунда од мечот.

Центарфорот на бенфика уште во првиот напад ја затресе мрежата на Португалија што беше доволно за голема победа на неговата репрезентација.

Сеферовиќ со удар со глава го совлада Риу Патрисија по центаршут на десниот бек на Швајцарија Силвано Видмер од десната страна на теренот.

Со оваа победа Швајцарија стигна до провите бодови во групата 2 Лига А, по три последователни порази од Чешка (2:1), Португалија (4:0) и Шпанија (1:0).