Мечот Ѓоковиќ – Циципас во Атина откажан од безбедносни причини


Атина – Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер на сите времиња, нема да игра против Стефанос Циципас пред почетокот на турнирот во Атина, иако натпреварот беше планиран. Пред почетокот на турнирот од серијата 250 во Атина, Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас требаше да се натпреваруваат на мини терен во натпревар кој ќе беше забавен, но грчките …

Мечот Ѓоковиќ – Циципас во Атина откажан од безбедносни причини Read More »

НБА одобри продажба на ЛА Лејкерс за 10 милијарди долари


Управниот одбор на НБА лигата едногласно ја одобри продажбата на мнозинскиот удел во Лос Анџелес Лејкерс на милијардерот Марк Волтер. „Се очекува трансакцијата да се комплетира наскоро“, се вели во соопштението на НБА. Претходно, американските медиуми објавија дека Лос Анџелес Лејкерс ќе бидат продадени на Марк Волтер за приближно 10 милијарди долари. Волтер е извршен …

НБА одобри продажба на ЛА Лејкерс за 10 милијарди долари Read More »

Победа за нашите ракометари во првиот дуел со Јапонија


 Македонската ракометна репрезентација оствари победа во првиот контролен дуел со Јапонија. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров славеа триумф со 29:27 на дуелот што се одигра во салата во Автокоманда и беше од затворен тип, па двајцата селектори Лазаров и Тони Херона имаа можност да комбинираат. Вториот пријателски дуел двете репрезентации ќе го одиграат на 1.ноември …

Победа за нашите ракометари во првиот дуел со Јапонија Read More »

Неизвесно продолжението на Светскиот куп во скијање – нема снег


 Неочекувани проблеми на стартот од сезоната во Светскиот куп во скијање. Изминатиов викенд се одржаа првите две трка – велеслалом (мажи и жени). Како што е познато стартот на сезоната е во Зелден и тоа е последниот викенд во октомври. Но, по трките во Зелден неизвесно е како ќе продолжи сезоната. Планирани се трки во …

Неизвесно продолжението на Светскиот куп во скијање – нема снег Read More »

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика


Македонските ракометни легенди и гостите од Европа синоќа приредија ракометно уживување и спектакл во салата „Јане Сандански“. Ракометните легенди беа на сцена, а целиот настап беше во организација на „Спортско радио 90,3 ФМ“, кое слеваше 20 години од своето постоење. Спортскиот настан беше поздравен со околу 4.000 навивачи, а резултатот беше во втор план и …

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика Read More »

Доживотна суспензија за фудбалерите насилници од Слупчане


Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Дисциплинскиот комесар на групата Север од третата лига донел одлука за доживотна суспензија на фудбалерите Орхан Демири (32) и Ердин Арифи (18) од ФК Беса Слупчане, поради физички напад и обид за линч на противнички фудбалер по завршување на натпреварот Беса – Аеродром, одигран во рамки на …

Доживотна суспензија за фудбалерите насилници од Слупчане Read More »

Ракометен ревијален спектакл во Скопје: Македонски легенди против европски


Под мотото „Легендите на сцена“, денеска (од 19 часот), во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијален ракометен спектакл во организација на Спортско радио 90,3 ФМ, кое годинава слави 20 години од своето постоење. За таа пригода, тие одлучија да организираат ревијален ракометен натпревар на македонските легенди против европските, со многу поранешни познати …

Ракометен ревијален спектакл во Скопје: Македонски легенди против европски Read More »

Спалети се согласи да го води Јувентус


Поранешниот селектор на италијанската репрезентација, Лучијано Спалети, ќе го преземе Јувентус, објави инсајдер Фабрицио Романо. Според Романо, 66-годишниот Италијанец се согласил да работи за клубот од Торино. Тој ќе потпише договор до крајот на сезоната 2025/26, со можност за продолжување доколку Јувентус се квалификува во Лигата на шампионите. Последната тренерска позиција на Спалети беше во …

Спалети се согласи да го води Јувентус Read More »

Нори го елиминираше Алкараз на Мастерсот во Париз


Париз – Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз, синоќа загуби од Британецот Камерон Нори, рангиран на 31. место во светот, во второто коло од Мастерсот во Париз, со 6:4, 3:6 и 4:6. Натпреварот траеше 2 часа и 25 минути. Алкараз сервираше осум аса, направи две двојни грешки и реализираше една од пет брејк топки. Нори сервираше …

Нори го елиминираше Алкараз на Мастерсот во Париз Read More »

Евролига: Баерн го победи Реал, Ѕвезда ја продолжи победничката серија


Минхен – Осум натпревари од 7.коло во кошаркарската Евролига се одиграа вчеравечер.  Баерн Минхен од голема негатива с еврати на средбата со Реал Мадрид и на крај славеше победа.  Црвена ѕвезда немаше проблеми со Лион и ја оствари петтата победа во низа. Постигнати резултати: Црвена ѕвезда – Лион Вилербан 79:65 Жалгирис – Виртус Болоња 86:65 Баерн …

Евролига: Баерн го победи Реал, Ѕвезда ја продолжи победничката серија Read More »

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина


Европската фудбалска федерација (УЕФА) парично ја казни Шкендија во износ од 20.000 евра поради истакнување транспаренти што се спротивни на спортскиот дух, за време на минатонеделниот натпревар во Скопје против Шелбурн во рамки на второто коло од главната фаза во Конференциската лига. Тетовскиот клуб соопшти вечерва дека официјално го примил решението од Дисциплинското, етичкото и …

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина Read More »

Роџерс поднесе оставка на клупата на Селтик


Оставка на клупата на Селтик поднесе Брендан Роџерс, а на негово место шкотскиот шампион привремено ги назначи поранешниот тренер Мартин О ’Нил и поранешниот клупски играч Шон Малони. Оставката на 52-годишниот северноирски стратег дојде поради лошите резултати во домашното првенство и елиминацијата во квалификациите за Лигата на шампиони од казахстанскиот Каират Алмати. Во неделата, Селтик …

Роџерс поднесе оставка на клупата на Селтик Read More »

Министерството за спорт гради нова спортска сала во Аеродром, зад ФФМ


Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, денеска го најавија стартот на проектот за изградба на нова современа спортска сала во општина Аеродром, во вредност од над 1 милион евра. Изградбата на овој нов спортски објект ја реализираат Министерството …

Министерството за спорт гради нова спортска сала во Аеродром, зад ФФМ Read More »

Масар Омерагиќ именуван за член на Олимпискиот комитет на ФИФА


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, е именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на Меѓународната фудбалска феерација (ФИФА). Комитетот, кој работи под покровителство на Советот на ФИФА, има задача да го унапредува и координира развојот на фудбалот во рамки на Олимписките игри и да соработува со Меѓународниот олимписки комитет во сите …

Масар Омерагиќ именуван за член на Олимпискиот комитет на ФИФА Read More »

Алиоски нема да биде на располагање за дуелот со Велс


Според информациите од швајцарските медиуми македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски доживеал сериозна повреда. Тој има повреда на левата фибула односно потешка фрактура, која најверојатно ќе го оддалечи неколку месеци од терените. Алиоски се збодил со повреда на дуелот меѓу неговиот тим Лугано и Сервет и по 20-тина минути го напуштил теренот. Се очекува паузата односно отсуството …

Алиоски нема да биде на располагање за дуелот со Велс Read More »

Влезниците за дуелот на ракометната репрезентација против Јапонија во Куманово се продаваат за 100 денари


 Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска соопшти дека цената на влезниците за пријателскиот натпревар што нашите ракометари ќе го играат против Јапонија во Куманово ќе се продаваат по цена од 100 денари. Влезниците ќе се продаваат на online платформата на mktickets.mk. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров денеска имаа собир во рамки на неделата на ЕХФ, …

Влезниците за дуелот на ракометната репрезентација против Јапонија во Куманово се продаваат за 100 денари Read More »

Единаесет месеци затвор за родителот, кој нападна двајца 15-годишни фудбалери на ФК Брегалница


Родителот кој на фудбалскиот натпревар меѓу младинските екипи Брегалница и Шкупи нападна двајца 15 годишни домашни фудбалери доби 11 месеци казна затвор. Портпаролот на Основниот суд –Штип и воедно судија кривичар, Сашко Георгиев денеска информираше дека кривичниот судски совет, чиј претседател е судијата Невена Перица ја има донесено пресудата за обвинетиот Авни Абгулиј од Скопје …

Единаесет месеци затвор за родителот, кој нападна двајца 15-годишни фудбалери на ФК Брегалница Read More »

ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула!


Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот остров Родос, шахистите на Алкалоид забележаа убедлива победа од 4,5 : 1,5 над најсилниот претставник на Израел, Ришон ле Цион, кој е седми носител на турнирот според почетниот рејтинг, со што ја освоија втората позиција на табелата, односно вицешампионската тутула! Овој турнир …

ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула! Read More »

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите


Согласно Статутот на Кошаркарската федерација на Македонија, особено членовите 2, 13, 14, 17, 18 и 43, Федерацијата има јасна обврска и должност да ги почитува и спроведува сите свои акти, да обезбеди еднаков третман кон сите клубови и да гарантира целосна регуларност на натпреварите во сите категории – без разлика на нивниот ранг, историја или …

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите Read More »

Членот на „Куќата на славните“, Гарнет, вмешан во НБА скандалот


Членот на „Куќата на славните“ и поранешен НБА играч Кевин Гарнет можно е дека учествувал во приватни покер партии поврзани со истрагата на американското Министерство за правда. Според новинарски истраги Гарнет можеби ќе биде дел од истрагата која ФБИ ја води за незаконско обложување и учество во покер. –  Голем број поранешни спортисти учествувале во …

Членот на „Куќата на славните“, Гарнет, вмешан во НБА скандалот Read More »