Меси се искачи на шестото место по голови од слободен удар во историјата на фудбалот


Мајами – Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси постигна гол од слободен удар утринава во осминафиналето на Лига купот против Далас (4:4, пенали 5:3). Овој гол беше 64-ти за Аргентинецот од слободен удар. Тој се искачи на 6-то место по оваа статистичка категорија во историјата на фудбалот. Напаѓачот на „Ал-Наср“ Кристијано Роналдо се наоѓа на 9. […]

Арсенал го победи Манчестер сити на пенали и го освои ФА Суперкупот


Лондон – Арсенал попладнево го победи Манчестер сити со 1:1 во ФА Суперкупот на пенали со 4:1. Средбата се одржа во Лондон на стадионот „Вембли“. Резултатот го отвори играчот од средниот ред на „граѓаните“, Кол Палмер, кој погоди во 77. минута по додавањето на Кевин Де Брујне. Во 90+11 минута израмни напаѓачот на „топчиите“, Леандро […]

Македонската кошаркарска репрезентација по втор пат во два дена поразена од Полска


Белград – Македонската и полската кошаркарска репрезентација одиграа уште еден контролен меч во Белград. И денешниот, како и вчерашниот го доби Полска. На втората контролна средба одиграна во СЦ „Ранко Жеравица“, Полска победи со 84:52, по одличната втора четвртина која ја реши во своја корист со 30:19.  Македонскиот селектор Александар Јончевски одлучи на оваа втора проверка […]

Алкараз: Секој навивач на Реал сака Мбапе да дојде во Мадрид


Мадрид – Шпанскиот тенисер и прв светски рекет Карлос Алкараз се произнесе за можниот трансфер на напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе во Реал Мадрид. – Секој навивач на Реал сака Мбапе да биде во Мадрид. Сите сакаат да го видат во својот тим. Се надевам дека ќе ја прочитаме веста дека Мбапе се сели […]

Буфон шеф на делегацијата на Италија


Рим – Прославениот италијански голман Џанлуиџи Буфон доби нова функција. Тој ќе биде на чело на делегацијата на италијанската репрезентација. Четириесет и петгодишниот Буфон пред три дена најави дека се пензионира како играч. – Се враќам во репрезентацијата затоа што детето кое првпат ги мина портите на Коверчиано пред 30 години, сè уште сака да […]

Кошарка ЕП У-16: Франција втор противник на македонската репрезентација


 Македонската репрезентација денес ќе се соочи со Франција во второто коло на Европското првенство за кошаркари до 16 години кое се одржува во Скопје. Во првото коло вчеравечер „црвено-жолтите“ ја победија Белгија со 63:57. На другиот натпревар од Б-групата, Литванија беше поуспешна од Франција со 102:94. Вкупно 16 репрезентации поделени во четири групи учествуваат на […]

Циципас ја прекина серијата од пет порази во финалето на АТП турнирите


Лос Кабос – Грчкиот тенисер Стефанос Циципас утрово го совлада Австралиецот Алекс Де Минаура со 6:3, 6:4 во финалето на турнирот во Лос Кабос. Дваесет и четиригодишниот Грк дојде до трофеј во Мексико и со тоа ја прекина серијата од пет порази во финалето на АТП турнирите. Во претходните финалиња Циципас загуби на Мастерсот во […]

Лука Дончиќ ќе им помогне на поплавените во Словенија


Познатиот словенечки кошаркар Лука Дончиќ, чија игра во дресот на Далас Маверикс ја покорија планетата, донесе одлука која предизвика ентузијазам во целиот регион. Имено, тој реши да им пружи поддршка на своите сонародници кои беа погодени од страшните поплави кои ја погодија неговата татковина. Дончиќ преку својот Инстаграм профил сподели емотивна порака во која се […]

УЕФА ја потврди казната за „Левски“ од 40.000 евра за хулиганството во Скопје


  Дисциплинската комисија на УЕФА ги потврди казните изречени на софискиот клуб „Левски“ при гостувањето во Скопје на мечот со „Шкупи“ во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Казната за „Левски е 40 илјади евра, објави бугарската телевизија Нова. „Шкупи“ ќе треба да плати казна од 41.250 евра, од кои 10 илјади се за расистичко […]

Манчестер сити го објави рекордниот трансфер на Гвардиол


 Манчестер сити го објави трансферот на дефанзивецот на Лајпциг, Јошко Гвардиол. Договорот со 21-годишниот Хрват е на пет години. Играчот ќе игра со број 24. Трансферот ќе ги чини „граѓаните“ 90 милиони евра, со што Гвардиол стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот. Гвардиол настапува за Лајпциг од 2021 година. Хрватот на 87 натпревари за […]

Стадионот „Тодор Проески“ доби забрана од УЕФА


Македонскиот фудбал се соочува со уште еден непредвиден проблем. Тревникот на нашиот најголем стадион „Тодор Проески“ е во очајна кондиција и Европската фудбалска унија (УЕФА) не даде дозвола за натпревари од европските клупски натпреварувања во август на таков тревник. Тоа е голем проблем за цело фудбалско движење кај нас, за Струга Трим Љум која игра […]

УЕФА забрани гостински навивачи на натпреварите меѓу хрватски Динамо и грчки АЕК


Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе одлука двата натпревари од квалификациската фаза во Лигата на шампиони меѓу загрепски Динамо и атински АЕК да се играат без присуство на гостински навивачи. Одлуката, како што наведе УЕФА, е донесена од „безбедносни причини“. Пресметката меѓу Динамо и АЕК е во рамки на третото квалификациско коло во Лигата на шампиони. […]

ФИФА започна истрага за наводите за сексуална злоупотреба на Светското првенство за фудбалерки


Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) покрена истрага по обвинувањата за сексуална злоупотреба во репрезентацијата на Замбија за време на Светското првенство за жени што се одржа во Австралија и Нов Зеланд. ФИФА најави строги казни доколку истрагата покаже дека обвиненијата се основани. Неколку медиуми објавија дека селекторот на Замбија, Брус Мвепе е обвинет за сексуална злоупотреба, […]

Деветта генерација ученици во Академијата на ФФМ


Академијата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) оваа година ја прими деветта генерација ученици од своето формирање во 2014 година. Дел од фудбалската Академија на ФФМ во новата сезона 2023/24 ќе бидат вкупно 54 деца од генерациите 2009 и 2010. – Со условите кои ги овозможуваме, со поддршката од УЕФА преку програмата за развој, сметам […]

УЕФА го казни „Шкупи“ со 42.000 евра, клубот одговорноста ја впери кон дел од навивачите


Македонскиот претставник во Конференциската лига „Шкупи“ објави денеска дека е казнет од УЕФА со 42.000 евра поради навивачките инциденти поврзани со минатонеделниот натпревар во Скопје против бугарски „Левски“, лоцирајќи ја притоа вината кон дел од своите приврзаници. Потсетувајќи во опширно соопштение објавено на нивниот официјален сајт дека ова не е прв пат клубот да плаќа […]

Том Брејди малцински сопственик на Бирмингем


Бирмингем – Поранешната НФЛ ѕвезда Том Брејди стана малцински сопственик на англискиот фудбалски второлигаш Бирмингем, соопшти денеска клубот. Брејди, кој е седумкратен освојувач на Супербоул во НФЛ лигата, склучи партнерство со компанијата Бирмингем Сити Најтхед Капитал Менаџмент и стана претседател на новиот советодавен одговор на фудбалскиот клуб Бирмингем. „Бирмингем е култен клуб со толку богата историја […]

Познати сите осминафиналисти СП за фудбалерки


Одиграни се последните натпревари во групната фаза на Светското првенство за фудбалерки на кое последни патници во осминафиналето се репрезентациите на Мароко и Колумбија. Во нивниот меѓусебен дуел Мароко попладнево триумфираше со 1-0 што беше резултат кој и двете репрезентации ги однесе во нокаут фазата. Групата фаза не успеа да ја мине двократниот светски првак […]

Иванишевиќ: Синер и Новак се единствените кои можат да го загрозат Алкараз на УС Опен


Њујорк – Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ кажа свое видување за тоа кој може да го загрози првиот светски рекет Карлос Алкараз на УС Опен. Алкараз неодамна го победи Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон. – Јаник Синер и Новак се единствените кои можат да му се заканат. Играта на Синер не му одговара на Алкараз. […]

Буфон објави дека се пензионира


Рим- Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон објави дека се повлекува од фудбалот. – Па, тоа е тоа момци! Вие ми дадовте сè. Јас ви возвратив. Го направивме тоа заедно“, напиша Буфон на своите социјални мрежи приложувајќи видеоклип од моменти за паметење. Буфон последните две сезони ги помина во Парма, тим од Втората лига на Италија. Претходно, […]

Меси двоен стрелец втор натпревар по ред за Интер Мајами


Лионел Меси продолжува со ефикасните игри по трансферот во Америка. Аргентинецот ноќеска беше двоен стрелец за Интер Мајами во натпреварот од 1/16 финалето од Лига купот против Орландо Сити. Интер Мајами победи со 3:1, а Меси погоди во 7, и 71. минута. За 36-годишниот Меси ова е петти гол во три натпревари за американскиот тим. […]