Општина Ѓорче Петров ѝ врати 62 акции на Македонија ЃП


Општина Ѓорче Петров со одлука на Советот вчера ѝ врати 62 акции на Македонија ЃП, со цел тимот да пронајде нови инвеститори во иднина. Градоначалникот на општин Ѓорче Петров, Александар Стојкоски беше на тренингот на македонскиот прволигаш и најави дека ќе продолжи со поддршката кон клубот. – На последната седница на Советот на Општина Ѓорче […]

Почна продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија за ЕП 2024


Денеска, почна продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија на Националната арена „Тодор Проески“ од квалификациите за ЕП 2024.Билетите ќе се продаваат по цена од 300 и 500 денари, објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Продажбата на билетите, како што велат од ФФМ ќе биде исклучиво преку продажната мрежа на „МК тикетс“ со физичко […]

Ѓоковиќ пак ќе биде прв на АТП листата


Њујорк- Новак Ѓоковиќ ќе се врати на првото место на ранг-листата на Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) по гранслем-турнирот САД опен, откако забележа победа во воведното коло на тој турнир на мечот со Французинот Александре Милер со 6-0, 6-2, 6-3. Ѓоковиќ, кој ќе го смени на врвот бранителот на титулата на САД опен, Карлос Алкараз, […]

Почнува Европскотo првенство во одбојка, нашата земја домаќин на дел од натпреварите


Одбојкарската федерација на Македонија на денешната конференција за печат ги најави деталите за претстојното 34-то Европско првенство во одбојка во машка конкуренција, на кое годинава за првпат ја имаме честа да бидеме домаќини. Вчера официјално започна првенството и ќе трае се до 16 септември На годинешното првенство покрај нашата земја, домаќини се уште три земји, […]

Документарецот за Буштур награден за најдобра режија на Меѓународниот фестивал во Златибор


Документарниот филм „Среќна 13“ посветен на ликот и делото на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштур доби награда за најдобра режија на Меѓународниот фестивал за спортски филм што годинава по 12 пат се одржа во Златибор. Специјалното жири, составено од еминентни познавачи на филмот и на спортот, одлучи дека „Среќна 13“ продуциран од […]

Шпанската фудбалска федерација побара оставка од Рубиалес


 Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), составена од 19 регионални сојузи, побара синоќа „моментална оставка‘ од претседателот Луис Рубиалес (46) бидејќи ја бакна в уста фудбалерката Џенифер Ермосо (33) за време на доделувањето на златните медали на неодамнешното Светско првенство. Претседателите на регионалните сојузи, вклучувајќи ги Мадрид, Каталонија, Баскија и Андалузија, по состанокот објавија соопштение во кое […]

Пантелеон ГС ќе му помогне на РК Вардар да се врати на победничките патишта


Македонската компанија Пантелеон ГС застана зад ракометниот клуб Вардар 1961 како нов спонзор на најтрофејниот и најпрепознатлив македонски спортски бренд. Компанијата реши да ја препознае и поддржи напорната работа која РК Вардар ја вложува во враќање на препознатливото име меѓу трофеите и успесите, промовирајќи се како нов спонзор и партнер на клубот. РK Вардар е […]

УС Опен: Ѓоковиќ го совлада Милер, во второто коло утре со Запата


Њујорк– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утринава го совлада Французинот Александар Милер со 3:0 во првото коло на УС Опен. Резултатот во сетови беше 6:0, 6:2, 6:3. Најдобриот српски тенисер по 17-ти пат во кариерата учествува на УС Опен, а го освои УС Опен во 2011, 2015 и 2018 година. Во 2. коло Ѓоковиќ игра против […]

Србија, Словенија. Шпанија и САД се пласираа во втората фаза на СП


Манила – Кошаркарите на Србија го совладаа попладнево Порторико со 94-77 и обезбедија пламсан во втората фаза на Светското првенство каде им се приклучи и Словенија со триумф над Грузија од 88-67 До вториот триумф во групата Б репрезентацијата на Србија ја предводеа Богдан Богдановиќ и Никола Јовиќ со по 17 поени. Најзаслужен за втората победа […]

Стартува ЕП во одбојка, Скопје меѓу градовите домаќини


 Со натпреварот меѓу кодомаќинот Италија и Белгија денеска почнува 33. Европско првенство за одбојкари на кое на картата домаќини меѓу осумте градови е и Скопје. Скопје е домаќин на групата Ц во која противници на македонската одбојкарска репрезентација се селекциите на Данска, Чешка, Црна Гора, Холандија и Полска. Воведниот натпревар на ЕП македонските одбојкари ќе […]

Манчини нов селектор на Саудиска Арабија


Дубаи – Италијанскоит стратег Роберто Манчини е нов селектор на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, објави синоќа фудбалската федерација на оваа земја (САФФ). Манчини пред две недели поднесе оставка на клупата на актуелниот европски првак Италија, а со Саудиска Арабија потпиша договор на четири години. Неговото деби на клупата на Саудиска Арабија ќе биде на 8 […]

Американците најуспешни на Светското атлетско првенство


Будимпешта – Со 29 освоени медали, од кои 12 златни, атлетичарите од Соединетите Американски Држави беа најуспешни на Светското првенство кое синоќа заврши во Будимпешта. По четири златни медали освоија Шпанија и Канада, додека Јамајка и Кенија по три златни одличја. Според вкупниот број освоени медали, зад Американците се пласираа Јамајка со 12, и Кенија и […]

Денеска стартува УС Опен, Ѓоковиќ во поход по 24. Грен слем титула


Њујорк– На тениските терени на Флешинг Медоус во Њујорк денеска започнува последниот Грен слем турнир во сезоната, УС Опен. Годинешниот награден фонд на УС Опен е 65 милиони долари. Победниците во машка и женска поединечна конкуренција ќе добијат по три милиони долари, а поразените во финалето ќе добијат по 1,5 милиони долари. Најдобриот српски тенисер […]

Летонија се пласираше во втората фаза на Светското кошаркарско првенство, Франција елиминирана


Џакарта – Репрезентацијата на Летонија денес ја совлада селекцијата на Франција (88:86) и обезбеди пласман во второто коло на Светското првенство во 2023 година. Франција, која важеше за еден од фаворитите пред почетокот на турнирот, доживеа втор пораз во два меча и ја загуби шансата да ја продолжи борбата за титулата. На првиот натпреварувачки ден Французите […]

ФИФА го суспендираше Рубиалес поради бакнеж на репрезентативка


ФИФА привремено го суспендираше Луис Рубиалес, претседателот на шпанската фудбалска федерација, од „сите активности поврзани со фудбалот“ поради неговиот бакнеж со репрезентативката Џени Хермосо. „Оваа суспензија, според која му е забрането да игра фудбал и на домашен и на меѓународен план, привремено ќе трае 90 дена, до покренување на дисциплинска постапка“, соопшти ФИФА. Рубиалес одбива […]

Окипинти од Италија и Жуис од Франција победници на Охридскиот пливачки маратон


Италијанскиот пливач Алесио Окипинти е победник на 36-тиот Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид ја исплива за 4:53:14 часа, што е нов рекорд на патеката. Во женска конкуренција најдобра беше французинката Каролин Жуис, која замислената целна линија ја мина после 5:05:59 часа пливање. Првите честитки на победниците на целта […]

Македонец од Прага претстави иновативна апликација – Тргување на берза преку фудбалски тимови


Љубителите на спортот отсега имаат можност да го почувствуваат искуството на тргување со акции, преку нова гејмифицирана спортска берза на www.sportxmarket.com.  Оваа платформа има за цел да им овозможи на корисниците бесплатно да тргуваат со акции на фудбалски тимови базирани на реални спортски резултати, нудејќи комбинација од возбуда, стратегија и конкуренција меѓу фановите.  Овој иновативните […]

Маратонците од Охридскиот пливачки маратон со поддршка за вклучување на лицата со атипичен развој во спортот


Вклучување на лицата со атипичен развој во спортот беше повод за денешната средба на охридските маратонци со учесниците на пливачкиот камп „Inclusive Wellness Society“ што викендов во организација на спортското друштво „ИТК Македонија“ се одржува во Охрид. Интенцијата на средбата беше да се мотивираат сите млади, особено оние со атипичен развој да се интегрираат и […]

Означен стартот на 36-тиот Охридски пливачки маратон


Сите 15 пријавени пливачи денеска во 10 часот влегоа во водите на Охридското Езеро кај Свети Наум, на стартот на 36-тиот меѓународен Охридски пливачки маратон. Шестте пливачки и деветмината маратонци ќе треба да ги испливаат 25-те километри колку што е долга патеката „Климе Савин“, од Свети Наум до целта кај Градското пристаниште во Охрид. Оваа […]

Меси ангажираше личен телохранител додека игра фудбал


Мајами – Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси ангажираше личен телохранител, објави „Daily Mail“. Според британскиот медиум, телохранителот го избрал косопственикот на клубот Дејвид Бекам. Чуварот на Аргентинецот Јасин Чуеко бил поранешниот војник на специјалните сили на американската армија и има борбено искуство во Ирак и Авганистан, знае боречки вештини и учествувал во неколку ММА […]