Само Манчестер сити и Интер ги добија сите натпревари во топ 5 лигите


 По поразот (1:3) на Реал Мадрид синоќа од градскиот ривал Атлетико, останаа само два клуба кои не загубија бодови во тековната сезона на петте најсилни лиги во Европа.

Во англиската Премиер лига Манчестер сити има шест победи и максимални 18 бодови, додека во италијанската Серија А, Интер има 15 бодови од пет натпревари во Серија А.

За одбележување е тоа што во финалето на Лигата на шампионите годинава се сретнаа токму овие две екипи.

Освен италијанската и англиската лига, во топ 5 европските лиги се и француската Лига 1, шпанската Ла Лига и германската Бундеслига.