Меѓународниот олимписки комитет најави Олимпијада на видео игри


Првите олимписки е-спорт игри наскоро треба да бидат додадени во програмата на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), кој сака да ја привлече и задржи помладата публика. ИОК соопшти дека на состанокот следниот месец во Париз ќе побара дозвола од своите членки да го одобрат предлогот за формирање на олимписки видеоигри. Преговорите околу можниот домаќин се во […]

ЕВРО2024: Пивски рестрикции на дуелот меѓу Англија и Србија


Германската полиција соопшти дека ќе воведе рестрикции за алкохол на натпреварот од првото коло од групата Ц на Европското фудбалско првенство меѓу Англија и Србија, што се игра во Гелзенкирхен. Германската полиција излезе со соопштение дека на стадионот во Гелзенкирхен ќе биде забрането точење на обично пиво кое содржи меѓу четири и пет проценти алкохол, […]

НБА: Далас со висока победа се избори за петти натпревар


Кошаркарите на Далас се изборија за петти натпревар од финалето во НБА лигата, совладувајќи го синоќа Бостон на домашен терен со убедливи 122-84. Лука Дончиќ постигна 25 од своите 29 поени во првото полувреме, а Кајри Ирвинг додаде 21 поени за Далас, кој сега ја намали негативата на 3-1 во серијата до четири победи. Најефикасни […]

Германија ја наполни мрежата на Шкотска на отворањето на Европското првенство


Германија ја победи Шкотска со 5:1 на првиот натпревар на ЕП 2024 на „Алијанц Арената“ во Минхен. Фудбалерите на Џулијан Нагелсман одиграа неверојатно прво полувреме во кое целосно го надиграа противникот и остварија три гола предност. Флоријан Вирц го отвори резултатот во десеттата минута, а веднаш потоа Џамал ​​Мусиала погоди атрактивно за својата екипа. На […]

Легенда на Борусија Дортмунд го презеде тимот


Германскиот тим Борусија Дортмунд и официјално го назначи својот поранешен фудбалер Нури Сахин за тренер. Триесет и пет-годишниот поранешен играч од средниот ред го наследува Еден Терзиќ, кој минатата сезона го предводеше тимот од Вестфален до финалето во Лигата на шампионите. Лично двајцата спортски директори на „жолто-црните“ – Ларс Рикен и Себастијан Кел, го објавија […]

Сѐ се врти околу фудбалот: Почнува ЕП 2024


Фудбалската еуфорија продолжува. Седумнаесеттото издание на Европското фудбалско првенство почнува вечерва во Германија и го означува враќањето на натпреварувањето во неговиот вообичаен четиригодишен циклус откако настанот во 2020 година беше одложен за 2021 година поради пандемијата Ковид-19. Сите погледи на бројните фудбалски фанови во наредниот месец ќе бидат насочени кон еден од стадионите во Германија […]

Пепе и Роналдо ја предводат листата на најстари играчи на ЕУРО


Двајцата највозрасни играчи на овогодинешното Европско првенство во Германија доаѓаат од Португалија. Пепе, кој на 26 февруари наполни 41 година, ќе игра за шампионите на Стариот континент од 2016 година. Дефанзивецот на Порто повторно го најде своето место во националниот тим. Второто место на листата на најстари му припаѓа на колегата Кристијано Роналдо, кој на […]

Почнува фудбалската еуфорија: Европското првенство УЕФА ЕУРО 2024 го отвораат Германија и Шкотска


Вечерва во 21:00 часот по македонско време започнува долгоочекуваното УЕФА ЕУРО 2024! Воведниот натпревар го игра домаќинот Германија против Шкотска во натпревар од групата А на натпреварувањето, што се одржува на „Алијанц Арената“ во Минхен. Пред натпреварот ќе има и традиционално отварање на кое ќе му биде оддадена почит и на легендарниот фудбалер Франц Бекенбауер […]

Во игра се милијарди: Кои репрезентации вредат најмногу на ЕП 2024?


Цел јуни и дел од јули ќе бидат посветени на фудбалот, кога кај домаќинот во Германија ќе се одржи 17. издание на Европското првенство во фудбал. Една година претходно УЕФА објави дека две земји, Германија и Турција, понудиле да бидат домаќини на првенството, на крајот, со 12 гласа „за“ и еден воздржан (Турција доби четири […]

Един Терзиќ повеќе не е тренер на Борусија Дортмунд


Германскиот стручњак со балкански корени неочекувано поднесе оставка откако неодамна беше поразен од Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите. Откако Терзиќ поднесе оставка до управата на клубот, останува да се види дали ќе има обид да се убеди да остане или ќе следи дефинитивно збогување. Покрај неочекуваното заминување на тренерот, во јавноста протекоа […]

„Мајка ми крши прсти кога играм“: Елиф Елмас за фудбалот


  Фудбалскиот дијамант, како што го нарекуваат голем број на љубители на фудбалот, на само 24 година зад себе има одлична кариера за која би сонувал секој фудбалер. Првите професионални чекори ги започнува во Работнички, потоа продолжува во турскиот гигант Фенербахче, италијанскиот Наполи, со кого станува првак на Италија, го освојува и италијанскиот куп. Моментално […]

Фудбалот ја парализира Албанија – сите одат во Германија


Парламентот во Албанија нема да заседава поради фудбал. Европското првенство ја парализираше Албанија“, објави шпански „АС“ во анализа на актуелната политичка ситуација во таа земја. Како што објави гореспоменатиот портал, албанскиот парламент нема да заседава во наредните десет дена бидејќи целата делегација ќе отпатува за Германија. Албанија ќе игра во Дортмунд, Хамбург и Дизелдорф против […]

Гатузо го презеде Хајдук


Легендата на Милан, Џенаро Гатузо е нов тренер на Хајдук Сплит, официјално соопштија од хрватскиот клуб. Тој потпиша договор со тимот до летото 2026 година, а следната недела ќе пристигне во Сплит за да биде претставен пред навивачите на стадионот Пољуд и да започне со работа. Четириесет и шест-годишниот тренер до неодамна беше на чело […]

Бостон на чекор од триумф во НБА финалето


Бостон Селтикс го победи Далас Маверикс со 106:99 (30:31 20:20 35:19 21:29) во натпревар од финалето на НБА, а со успехот „Келтите“ сега водат со 3:0. Тоа значи дека Бостон речиси сигурно ќе ја освои титулата во НБА оваа сезона, бидејќи ниту еден тим во историјата на асоцијацијата не успеал да се опорави од негативата […]

Меси ќе ја заврши кариерата во Интер Мајами


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси (36) најави денеска дека Интер Мајами, клубот чиј дрес во моментов го носи, најверојатно ќе биде последен во неговата славна кариера. „Цел живот играм фудбал и тешко ми е да го напуштам. Не сум подготвен за тоа. Дури и малку се плашам дека ќе дојде денот кога ќе треба да заминам. […]

Надал го пропушта Вимблдон


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да настапи на третиот грен слем турнир сезонава кј идниот месец ќе се игра во Вимблдон, најави денеска капитенот на Дејвис купот на Шпанија, Давид Ферер. „Рафа нема да игра на Вимблдон“, изјави Ферер, цитиран од весникот „Мундо Депортиво“. Според Ферер, 38-годишниот Надал сака што подобро да се подготви за […]

ФФМ: Филип Поповски ќе биде делегат на финалето на ЕВРО2024


Поранешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Филип Поповски, ќе биде делегат на финалето на ЕВРО2024 кое ќе се одигра на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин. Како што денеска соопшти ФФМ, Поповски е одреден за делегат на трите натпревари од групната фаза кои ќе се одиграат на Олимпискиот стадион во Берлин: […]

Столе Димитриевски и официјално нов голман на Валенсија


Македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски и официјално е нов голман на Валенсија, објавија од клубот. Очекувањата се во новата сезона да биде прв голман на Валенсија, бидејќи главна цел на клубот е да заработи поголема сума на пари од Георги Мамардашвили. Популарниот Столе одигра шест сезони во Рајо Ваљекано, каде што се етаблира како еден од […]

Гвардиола ги откри своите фаворити за ЕП 2024


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, одговори на прашањето кои селекции ги смета за фаворити за Европското првенство во Германија кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули. -Германија и Шпанија. Англија? Се поблиску до конечна победа. Време е тие да го направат тој чекор. Имаат многу добра генерација во средниот ред и […]

ЕВРО2024: Европската титула ја освојуваа 16 селектори


Низ историјата на европските фудбалски првенства, вкупно 16 селектори можат да се пофалат дека ја освоиле титулата. Ниту еден селектор ја нема освоено европската круна два или повеќе пати, а единствениот кој беше европски првак на клупата на странска репрезентација беше Германецот Ото Рехагел во 2004 година со Грците. Паралелно, само двајца тренери имаат освоено […]