Поскапени билетите за СП во „Вараждин Арена“


Вараждин – Светската ракометна федерација во соработка со домаќинот Хрватска ги објави цените за втората фаза од Светското првенство, а најскапи се во „Вараждин арената“ каде што игра Македонија.  Цените на билетите за средбите во Вараждин се зголемени од 50 и 70 евра на 80 и 100 евра.  Македонската селекција денес од 15:30 часот, Македонија ќе […]

Рибакина ја прекина соработката со Иванишевиќ по елиминацијата од Австралија Опен


Мелбурн – Хрватскиот селектор Горан Иванишевиќ објави крај на соработката со казахстанската тенисерка Елена Рибакина. Педесет и тригодишниот тениски стручњак му се приклучи на тимот на Рибакина во декември. -По пробниот период кој заврши со Австралија опен, на Елена и на нејзиниот тим им посакувам многу среќа во иднина, напиша Иванишевиќ на социјалните мрежи. Рибакина не […]

Зверев прв полуфиналист на Австралија Опен


 Германскиот тенисер Александар Зверев утринава го победи Американецот Томи Пол во четвртфиналето на Австралија опен 2025 година со резултат 7:6 (7:1), 7:6 (7:0), 2:6, 6:1. Мечот траеше 3 часа и 44 минути.  Дваесет и седумгодишниот Зверев имаше 7 асови, 5 двојни грешки и 7 конвертирани брејк топки од вкупно 11. Американецот сервираше 9 асови, направи […]

Австрија прв противник на македонските ракометари во Главната рунда на СП 2025


Со натпреварот против Австрија попладнево во Вараждин, репрезентацијата на Македонија ќе ја почне Главната групна фаза на ракометниот Мундијал 2025. По одигрувањето на натпреварите во групи, Македонците пренесуваат еден бод, додека Австријците два во новоформираната Група-2. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер во полн состав тренираа и подготвени го дочекуваат следниот предизвик. Со евентуална победа […]

Момче од тетовско Камењане се проби низ обезбедувањето на Бернабеу и стигна до Мбапе (фото)


Мадридски Реал синоќа на „Бернабеу“ го совлада Лас Палмас со убедливи 4:1 во 20. коло од Ла Лига и скокна на првото место на табелата. Гостите погодија уште во првата минута, но Килијан Мбапе двапати погоди, а Родриго и Брахим Дијаз по еднаш за успешен пресврт на Реал. По натпреварот , еден мал навивач се […]

Ѓоковиќ го затвори тренингот пред натпреварот против Алкараз


Мелбурн – Новак Ѓоковиќ овој понеделник тренираше во комплексот Мелбурн Парк, но за првпат го затвори тренингот за новинарите и пошироката јавност. Комплексот го вклучува и Националниот тениски центар на Австралија, кој вклучува и затворени терени. Токму тука Србинот реши да направи генерална проба пред четвртфиналниот натпревар против Карлос Алкараз, кој е закажан за вторник во […]

Македонија рутински ја совлада Гвинеја, оди во втората рунда


  Македонската репрезентација ја оствари првата победа на Светското првенство во ракомет  совладувајќи ја Гвинеја со 29-20 во рамки на последното трето коло, во рамки на групата Д. Сега нашата репрезентација ќе оди во главната фаза на турнирот каде што ќе пренесе еден бод и ќе се натпреварува со најдобрите три селекции од групата Ц, […]

Ѓоковиќ лесно го скрши Лехечка, но ги бојкотира интервјуата на теренот поради навреди на новинар


  Новак Ѓоковиќ ќе ги бојкотира интервјуата на теренот на Австралија опен и настапите во медиумите со Канал девет додека не добие извинување од австралиската телевизиска мрежа, откако нејзиниот известувач ги „исмејуваше“ српските навивачи и „даде навредливи и напаѓачки коментари“ кон него. Ѓоковиќ требаше да разговара со Џим Куриер за интервјуто на теренот откако се […]

РФМ доби казна од ИХФ и предупредување дека може да играме без публика на СП


Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) парично ја казни Ракометната федерација на Македонија поради однесувањето на навивачите за време на вчерашниот дуел со Холандија на Светското првенство во Вараждин. Фановите од трибините реагираа бурно во финишот од средбата поради катастрофалното судење на данските арбитри Мадс Хансен и Јеспер Мадсен па на теренот полетаа тврди предметни и шишиња […]

Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен


Мелбурн – Италијанскиот тенисер и прв светски рекет Јаник Синер претпладнево го победи Американецот Маркос Жирон во третото коло на Австралија Опен 2025 година со  6:3, 6:4 и 6:2. Мечот траеше 1 час и 59 минути. Италијанецот во четвртото коло ќе игра со победникот од мечот Миомир Кецмановиќ (Србија) – Холгер Руне (Данска, 13). Наградниот […]

Двајца играчи над 37 години стигнаа до четвртото коло на Австралија Опен за прв пат од 1978 година


Мелбурн – Двајца тенисери над 37 години за прв пат од 1978 година стигнаа до четвртото коло на Австралија Опен. Триесет и седумгодишниот Новак Ѓоковиќ во третото коло го победи Чехот Томаш Мачац – 6:1, 6:4, 6:4.  Триесет и осумгодишниот Гаел Монфис го победи светскиот рекет број четири Тејлор Фриц со 3:6, 7:5, 7:6 (7:1), […]

РФМ ќе поднесе жалба за судењето на мечот со Холандија


Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски, најави дека РФМ ќе поднесе жалба до ИХФ за делењето на правдата на средбата со Холандија. -За 12 години во ракомет не сум видел натпревар со повеќе пенали, повеќе украдени топки, повеќе искалкулирани фаули. Во превод… дробење. Досега ретко сме се жалеле, може двапати до сега, […]

Лазаров по поразот: Се боревме многу и верувавме во позитивен резултат


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров им честиташе на Холанѓаните по победата над нашата репрезентација со 37-32. Тој изјави дека мора да се погледнат грешките направени од овој натпревар и дека можеби не бевме доволно добри за да победиме. –  Можеби Холандија е подобра од нас, ама се боревме многу и верувавме дека можевме […]

Македонија поразена од Холандија во вториот натпревар од СП во ракомет


Ракометната репрезентација на Македонија попладнево загуби од Холандија со 37-32 (18-15) во вториот натпревар одигран на Светското првенство во салата во Вараждин. Еден од клучните показатели за поразот се 14 изгубени топки на македонските ракометари, кои се премногу кога играме со противник од таква класа како Холанѓаните. Откако заминавме со три негатива на полувреме, во […]

Данска, Италија, Франција и Австрија се пласираа во главната фаза на Светското првенство во ракомет


Бранителот на титулата Данска се пласираше во главната фаза на Светското првенство во ракомет за мажи. Данците, кои се стремат кон четврта последователна титула, победија со 32:21 (17:7) против Тунис во Хернинг во второто коло во групата Б на шампионатот и го заземаа првото место со 4 бода. Матијас Гидсел постигна 9 гола за тимот […]

Македонија вечерва против Холандија на Светското првенство во ракомет


Ракометната репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот ќе го одигра дуелот со Холандија од второто коло на Светското првенство.  Нашите репрезентативци во првиот натпревар од ракометниот мундијал одиграа нерешено против Унгарија (27-27). Единствениот меѓусебен дуел досега со Холанѓаните беше пред две години на Светското во Полска каде загубивме убедливо со 34-24 во Краков. Во […]

Фаворитите сигурни на денешните натпревари на ракометниот Мундијал


Осум натпревари се одиграа во текот на денешниот ден, трет на Светското ракометно првенство во Хрватска, Данска и во Норвешка. Фаворитите без поголеми проблеми дојдоа до планираните два бода. Постигнати резултати: Италија – Алжир 32:23 Кувајт – Франција 19:43 Словенија – Куба 41:19 Шпанија – Чиле 31:22 Австрија – Катар 28:26 Исланд – Зеленортска Република […]

Медведев загуби од светскиот рекет број 121 во второто коло на Австралија Опен


 Рускиот тенисер Данил Медведев не успеа да се пласира во третото коло на Австралија Опен во 2025 година. Во мечот од второто коло, светскиот рекет број 5 загуби во пет сета од 19-годишниот Американец Лернер Тин, кој се наоѓа на 121. место на АТП-листата со 2:3, по сетови 3:6, 6:7 (4:7), 7:6 (10 :8), 6:1 […]

Ѓоковиќ – Мареј: Застрашувачки сојуз


  Секако дека Новак Ѓоковиќ е итар. Затоа тој се насмевна кога некој праша дали може да се постави микрофон во аголот на арената „Род Лејвер“, каде што тој и неговиот нов тренер Енди Мареј разговараат за време на натпреварите. „Да, тоа би било многу интересно за навивачите, бидејќи ќе има многу материјал“, рече тој. […]

Лазаров: Треба да бидеме задоволни, иако пропуштивме победа


Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, по ремито против Унгарија (27-27) на стартот од Светското првенство изјави дека тимот треба да биде задоволен со освоениот бод против екипа која заврши на петтото место на последното првенство. -Треба да бидеме задоволни, иако пропуштивме победа. Се виде неискуството на нашите играчи по тајм-аутот, направивме техничка […]