Почина легендарниот југословенски кошаркар Дражен Далипагиќ


Легендарниот југословенски кошаркар Дражен Далипагиќ почина утрово во Белград на 75-годишна возраст по долго и тешко боледување, објави КК Партизан, клубот чиј најдобар стрелец е Далипагиќ во историјата. Далипагиќ е најдобриот стрелец во историјата на БК Партизан, поранешен југословенски репрезентативец, легенда на светската кошарка и човек со неповторлив карактер“, стои на почетокот на клупското соопштение […]

Македонските ракометари вечер против Франција: Пресметки за како понатаму


Машката репрезентација на Македонија вечерва во Вараждин против големиот фаворит за медал Франција ќе го одигра последниот натпревар во втората фаза на СП 2025. По одличните игри и резулати на претходните пет средби, избраниците на Лазаров во последниот дуел од втората фаза влегуваат со теоретски шанси за пласман во големото мунијалско четврфинале. Но, играат натпревар […]

Една од најголемите сензации досега: Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без четвртфинале


Ракометната репрезентација на Бразил направи една од најголемите сензации на големите натпреварувања досега, пласирајќи се меѓу осумте најдобри селекции на Светското првенство. Селекцијата на Јужна Америка го совлада еден од фаворитите за врвот – Шведска во неверојатен дуел со резултат 27:24 и со тоа Скандинавците  останаа без пласман во четвртфиналето. Бразилците одиграа одличен натпревар, по […]

Синер за финалето со Зверев: Ќе биде голема битка


Мелбурн, 24 јануари 2025 (МИА) – Бранителот на титулата на Австралија опен, Јаник Синер ( кој моментно е под истрага за допинг) се пласираше во финалето во Мелбурн, откако го совлада Американецот Бен Шелтон со 7-6 (2), 6-2, 6-2 за 2 часа и 36 минути на теренот. – Мило ми е што успеав и благодарам […]

Ѓоковиќ без финале на Австралија Опен – го изгуби првиот сет и го предаде мечот поради повреда


Мелбурн- Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ поради повреда го загуби полуфиналето од германскиот тенисер Александар Зверев. Тој изгледаше добро на теренот Род Лејвер Арена, но завојот околу десната бутина предизвикуваше загриженост. Се соочи со четири брејк топки во раната фаза од мечот, но сепак успеа некако да „преживее“. Зверев се закани во третиот гем, но […]

Мукаетов: Нашите ракометари се вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија


Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетoв, по денешната победа над Катар со 39:34 не го криеше задоволството од прикажаната игра на репрезентативците. – Секако дека сум апсолутно задоволен од оваа втора победа, од пристапот на нашите ракометари, од квалитетот што го прикажуваат на ова Светско првенство. Тие се вистински пример како треба да […]

Македонија сигурна како ретко кога, Катар фуриозно победен


  Македонските ракометари го победија Катар во еден многу добар натпревар, со голема ефикасност и во кој нивниот триумф не беше доведен во прашање во ниту еден момент. Катар е силна репрезентација, тоа го покажа на мечот со Холандија, но избраниците на Кире Лазаров беа супериорни во мечот. македонија победи со 39-34. Македонија ја имаше […]

Кис противничка на Сабаленка во финалето на Австралија Опен


Мелбурн – Американската тенисерка Медисон Кис попладнево ја победи Полјачката Ига Швјонтек во полуфиналето на Австралија Опен. Во меч што траеше 2 часа и 37 минути Кис славеше со 2:1, по сетови 5:7, 6:1, 7:6 (10:8). Во финалето на Грн слемот во Мелбурн Кис ќе се соочи со Белорусинката Арина Сабаленка, која во полуфиналето ја […]

Сабаленка прва финалистка на Австралија Опен


Мелбурн – Светскиот рекет број еден Арина Сабаленка претпладнево ја победи Шпанката Паула Бадоса во полуфиналето на Австралија Опен со резултат 6:4 и 6:2. Мечот траеше 1 час и 27 минути.  Дваесет и шестгодишната Сабаленка сервира два аса и направи една двојна грешка. Шпанката имаше четири аса и исто толку двојни сервис грешки. Сабаленка во финалето […]

Познати девет од 12 екипи кои нема да играат во плејофот на Лигата на шампионите


По одигрувањето на натпреварите од 7. коло од фудбалската Лига на шампиони, познати се девет екипи кои нема да можат да влезат во плејофот. Без шанси за следната фаза во елитното фудбалско натпреварување се: Болоња, Спарта, Лајпциг, Жирона, Црвена ѕвезда, Штурм, Салцбург, Славија и Јанг Бојс. Моментално се во зоната на плејофот, се ПСВ, Клуб […]

Лазаров: Против Катар повторно да бидеме на високо ниво


 Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги искажа своите очекувања за утрешниот натпревар со Катар, втор во Главната фаза на Мундијалот 2025. – Катар имаше одлични натпревари на Светското првенство. Борбена селекција со многу натурализирани играчи кои прават разлика на теренот. Не очекува уште еден неизвесен натпревар. Очекувам уште еднаш да бидеме на високо […]

Синер го победи Де Минор и се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен


Мелбурн – Светскиот рекет број еден Јаник Синер ( за кого трае истрагата за допинг) денес го победи Австралиецот Алекс Де Минор во четвртфиналето на Австралија Опен со резултат 6:3, 6:2, 6:1. Мечот траеше 1 час и 50 минути. 23-годишниот Синер имаше 2 асови и реализираше 1 брејк од 1. Австралиецот направи 2 аса, 1 […]

Шелтон трет полуфиналист на Австралија Опен


Мелбурн – Американскиот тенисер Бен Шелтон претпладнево го победи Италијанецот Лоренцо Сонего во четвртфиналето на Австралија опен со резултат 6:4, 7:5, 4:6 и 7:6 (7:4). Мечот траеше 3 часа и 52 минути.  Дваесет и двегодишниот Американец имаше девет ас сервиси, четири двојни грешки и три конвертирани брејк топки од вкупно 11. Шелтон во полуфиналето ќе […]

Митревски бранел со температура од 39,5 степени: „Морав да бидам на располагање…“


Ракометарите на Македонија и Австрија одиграа нерешено 29:29 во првиот натпревар од групата 2 од втората фаза на Светското првенство. Тоа беше тесен натпревар во кој ниту една од селекциите немаше предност поголема од три гола. Австријците на полувремето водеа со 14:13, додека избраниците на Кирил Лазаров поведоа во 40. минута. Австрија во последните минути […]

Нов подвиг на Јокиќ во победата на Денвер над Филаделфија (видео)


Никола Јокиќ не престанува да се истакнува. Српскиот МВП на најсилната лига на светот оствари нов подвиг во НБА во победата на Денвер над Филаделфија од 144:109. За само половина час постигна 27 поени (шут од поле 10/15) со 13 скока и 10 асистенции. На тој начин Јокиќ четврти натпревар по ред оствари трипл-дабл. Тој […]

Швјонтек избори полуфинале на Австралија опен


Ига Швјонтек утринава ја победи Американката Ема Наваро со 6:1 и 6:2 во четвртфиналето на Австралија Опен. Во меч што траеше 1 час и 31 минута, 23-годишната полска тенисерка имаше еден ас, две двојни грешки и пет претворени брејк топки од девет шанси. Во полуфиналето Швјонтек ќе се соочи со Американката Медисон Кис која ноќеска […]

Анчелоти: Немам намера да го напуштам Реал


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги демантираше гласините дека ќе го напушти мадридскиот тим на крајот на сезоната.  Италијанецот истакна дека би сакал да остане во клубот до крајот на мандатот на Флорентино Перез како претседател на „кралскиот клуб“. – Сакам да разјаснам нешто. Нема да донесам одлука за заминување од Реал Мадрид. Не […]

Македонија нерешено против Австрија, ама цврсто и смислено


Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 29:29 со Австрија во првиот натпревар од Главната рунда на Светското првенство 2025.  Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа добро во најголемиот дел од првото полувреме, имаа во два наврати и три гола предност, на паузата се отиде со резултат 13:14. По неколкуте водства на Австрија во првите минути од […]

Фантастичниот Ѓоковиќ го победи Алкараз и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен


Новак Ѓоковиќ (37) во четвртфиналето на Австралија опен го совлада 16 години помладиот Карлос Алкараз со 4:6, 6:4, 6:3, 6:4. Веројатно најдобриот тенисер на сите времиња на тој начин го спречи моментално третиот тенисер на светот да го освои единствениот Грен слем што му недостига оваа година. Ѓоковиќ, пак, продолжува кон својата 11-та титула во […]

Матлиески повторно на клупата на Тинекс Пролет


Никола Матлиески е нов шеф на стручниот штаб на Тинекс Пролет, објави денес раководството на ракометниот клуб од Скопје. Матлиески доаѓа на клупата на Тинекс на местото на Александар Јовиќ кој почина ненадејно пред седум дена. -Матлиески е тренер што многу добро го познава Тинекс Пролет, тој седеше на клупата на овој тим од 2017 […]