За осуда: Го загуби второто место во трката, а потоа ја нокаутира ривалката со штафетата


На една средношколска штафетна трка видовме сосема неверојатна ситуација во Соединетите Американски Држави. За време на последната трка на 4×200 метри, младата Американка Келен Такер го истрчала вториот ининг за нејзината школа Бруквил, а на половина пат од нејзината трка ја престигнала натпреварувачката на Норком. Студентката на Норком потоа направи потег кој наиде на осуда […]

Бах: Уверен сум дека Трамп ќе ги поддржи ОИ2028


Лозана – Американскиот претседател Доналд Трамп е долгогодишен поддржувач и промотор на Олимписките игри (ОИ) во Лос Анџелес во 2028 година, а Меѓународниот олимписки комитет (МОК) е уверен во неговата континуирана поддршка, изјави денеска претседателот на светското олимписко движење во заминување, Томас Бах. Игрите му беа доделени на Лос Анџелес во 2017 година, кога Трамп беше […]

Почнува судскиот процес против обвинетите за смртта на Марадона


 Повеќе од четири години по смртта на Диего Армандо Марадона, во вторник започнува судењето на седум здравствени работници обвинети за небрежност што потенцијално доведе до смрт на аргентинската фудбалска икона. Судењето во Сан Исидро, предградие на Буенос Аирес, се очекува да трае до средината на јули, со сослушување на речиси 120 сведоци, меѓу кои семејството, […]

Трајковски со нов државен рекорд, избори финале во скок во далечина на атлетското ЕП


Пласман во финалето во скок во далечина со нов државен рекорд обезбеди вечерва Андреас Трајковски на првиот ден од атлетското Европско првенство (ЕП) во сала кое до 9 март се одржува во холандскиот град Апелдорн. Трајковски, кој е единствениот македонски претставник на ЕП во Апелдорн, обезбеди пласман меѓу осумте најдобри со резултат 7.85 метри кој […]

Платини и Блатер ослободени од обвинението за подмитување


Швајцарскиот суд денеска ги ослободи од обвиненијата поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини и поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, во случајот за поткуп што доведе до нивна забрана за активности во светот на фудбал. Дополнително, вонредниот Апелациски суд во Мутенц на 25 март ќе одлучува за судбината на Платини и Блатер, на кои поради […]

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе го пречекаат ПСЖ во полна сала


Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер последниот дуел од европската Лига на шампионите против Париз Сен Жермен ќе го одигра вечер пред полни трибини. Влезниците се распродадени уште пред два дена. Од клубот најавуваат спортска разделба од Лигата на шампионите и очекуваат спектакуларен натпревар меѓу репрезентативците и интернационалците во двете екипи. Ракометарите на Еурофарм Пелистер, голманот […]

ЛШ: Баерн, Барселона, Ливерпул и Интер со предност пред реванш осминафиналните дуели


Фудбалерите на Баерн Минхен, Барселона, Ливерпул и Интер забележаа вечерва победи во првите осминафинални дуели во Лигата на шампиони (ЛШ). Францускиот првак ПСЖ доминираше на теренот во Париз, но не реализираше голем број идеални шанси за гол, а казната на спротивната страна дојде во самиот финиш кога Ливерпул со голот на Харви Елиот во 87 […]

Леброн Џејмс стигна до рекордни 50.000 поени во НБА


Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс постави рекорд за најмногу поени во најсилната лига на светот – НБА. Утринава 40-годишниот Џејмс постигна 34 поени на мечот против Њу Орлеанс пеликанс (136:115). Вкупниот број поени на Џејмс во кариерата се искачи на 50.033 поени. Од нив, 41.871 поени се во  регуларниот дел од сезоната, додека […]

Лигата на шампиони: Реал со гол предност против Атлетико, Арсенал ги декласираше ПСВ, Борусија Дортмунд и Лил ремизираа


Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на УЕФА, актуелниот европски шампион Реал Мадрид победи со 2:1 (1:1) на „Сантијаго Бернабеу“ против Атлетико Мадрид и дојде до предност во пресрет на реваншот на „Ванда Метрополитано“. Карло Анчелоти ја доби првата битка, ќе видиме дали ќе ја добие војната против Диего Симеоне. Реал Мадрид […]

Бузалковски првиот Македонец кој ќе оди на 24 часа Ле Ман


Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски оваа сезона ќе дебитира во најтешката трка од Светскиот шампионат по издржливост „World Endurance Championship“. Бузалковски е првиот Македонец кој доби понуда да учествува на ваква трка од светски размер. – Навистина е огромна чест кога знаете дека сте во тим кој ќе настапува на светски шампионат. На легендарната трка „24 […]

Шест медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат во Будва


По еден златен и бронзен, како и четири сребрени медали, освоија членовите на македонската карате-репрезентација од клубот „Макпетрол“ на Балканското првенство во Будва. Со одличја во поединечна конкуренција се закитија Јована Мицовска (-61 кг., злато), Викторија Јовановска (-61 кг.), Ангела Мојсовска (-68 кг.) и Стефан Стојановиќ (+84 кг.), сите сребро. Јовановска и Мојсовска добија исти […]

Релиќ и Георгиевски освоија бронзени медали на турнир во таеквондо во Бугарија


Македонските таеквондисти Милијана Рељиќ и Дејан Георгиевски освоија бронзени медали на Г-1 Опен турнирот одржан викендот во Софија, Бугарија. Рељиќ во категоријата – 62 килограми, беше подобра од Ингрид Искандар Поетри од Сингаупр и Казахстанката Аиша Аделбикизи, додека во полуфиналето загуби од Русинката Анастасија Банкова. Георгиевски во категоријата +87 кг го совлада Горјан Бадаровски па […]

„Макпетрол“ со три медали на првиот ден од Балканското карате-првенство


Јована Мицовска, членка на скопски „Макпетрол“ како дел од македонската репрезентација освои златен медал на Балканското карате-првенство. На сениорскиот шампионат што викендов се одржува во Будва, таа во финалето во категоријата до 61 килограм ја совлада Викторија Јовановска, исто така, од „Макпетрол“, со резултат 4-3. Освен злато за Мицовска и сребро за Јовановска, уште еден […]

Циципас го освои турнирот во Дубаи


 Најдобриот грчки тенисер на сите времиња, 26-годишниот Стефанос Циципас (АТП – 11.) го освои победничкиот трофеј на АТП турнирот од серијата 500 во Дубаи. Циципас во денешното финале го совлада канадскиот тенисер Оже Феликс – Алијасим (АТП – 21.) со 6-3, 6-3. За Циципас ова беше прв трофеј во Дубаи во неговото трето финале на […]

Дуплантис повторно собори светски рекорд, погледнете го новиот чудесен скок на Швеѓанецот


Неверојатниот шведски атлетичар Арман Дуплантис повторно го собори светскиот рекорд во скок со стап, откако на состанокот во Клермон-Феран, Франција, прескокна шест метри и 27 сантиметри. Минатата година Дуплантис три пати го собори светскиот рекорд, а со истото темпо продолжува и во новата година.   Here is the moment Mondo Duplantis broke the World Record […]

Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија


 Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска за нов претседател го избра Александар Стефанов, давајќи му доверба на досегашниот член на Управниот одбор да го води македонскиот ракомет во следните четири години. Стефанов беше избран за прв човек на РФМ со акламација на редовното изборно Собрание во Скопје како единствен кандидат, на местото на долгогодишниот претседател […]

Шест медали за македонските каратисти на стартот на Балканското првенство


Македонските каратисти успешно стартуваа на Балканското сениорско првенство кое се одржува во црногорскиот град Будва, освојувајќи шест медали првиот натпреварувачки ден. Со златен медал се закити Јована Мицовска, додека Викторија Јовановска освои сребро. Бронзен медал освоија Михаела Мишовска, Сара Дука, Магдалена Божиновска и Ангела Мојсовска. Денеска на програмата се борби во машка и кати во […]

Мукаетов се повлекува по 12 успешни години, РФМ бира нов претседател


Ракометната Федерација на Македонија денеска точно на пладне ќе одржи Изборно Собрание на кое ќе биде именуван нов предводник на „куќата на ракометот“, со што ќе биде означен крајот на ерата на Живко Мукаетов како претседател на РФМ. Успешниот бизнисмен во последните 12 години беше на чело на РФМ, период што беше успешен од секој […]

Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2026


Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2026 кое ќе се одигра во Данска, Шведска и Норвешка. Во рамки на ЕХФ Неделата нашата сениорска селекција ќе оддигра двомеч против селекцијата на Словенија. Нашата сениорска репрзентација првиот натпревар ќе го оддигра во […]

Илчо Ѓорѓиоски е нов тренер на Струга ТЛ


Струга Трим Лум го промовираше Илчо Ѓорѓиоски за нов тренер на клубот. Тој на клупата на шампионите пристигнува на местото на Ќатип Османи. Ѓорѓиоски последен пат ја тренираше грчка Калмата во 2023 година. Поранешниот претседател на ФФМ ги водеше и Брегалница, Вардар и Македонија Ѓорче Петров. На репрезентативно ниво, беше селектор на репрезентацијата до 19 […]