Христијан Мицкоски доби уште еден мандат да го води ВМРО-ДПМНЕ


  Христијан Мицкоски доби трет мандат откако делегатите на 18. партиски конгрес одлучија да ја води ВМРО-ДПМНЕ во наредните четири години. Според статутот на партијата тоа ќе биде негов последен мандат. Претседателот на Изборната комисија, Зоранчо Јованчев, соопшти дека од 817 присутни делегати, 804 гласале за Мицкоски, кој беше и единствен кандидат за функцијата. Во […]

ВМРО-ДПМНЕ доби честитки од европските сестрински партии


  Претставници на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ упатија честитки за како што велат, достигнувањата на партијата кои ги имаше во последните две години и притоа укажуваат на победите на парламентарните, претседателските и локалните избори. Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, оценува дека ВМРО-ДПМНЕ ја поставила Македонија на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој. „Им честитам на […]

Македонија мора да биде држава со самодоверба, порача Мицкоски од конгресот на ВМРО-ДПМНЕ


  Во преполната сала „Јасмин“ во Кавадарци ВМРО-ДПМНЕ го одржува својот 18. конгрес кој доаѓа по изборните победи во 2024 и 2025, кои ѝ дадоа на партијата чувство на супериорност на политичка сцена, бидејќи ги има сите лостови на моќта во државата – од локалните до самиот врв. Од сега натаму ВМРО-ДПМНЕ ја има задачата […]

Директорот на СОЗР бара од СДСМ да се извини, тврдењата биле лажни


  Ивица Томовски, директорот на СОЗР, ги нарече тврдењата на СДСМ за испумпување на на државни пари преку фирма поврзана со неговото семејство „клевети и измислици“. И побара опозициската партија да се извини. „Денес ги гледаме нивните соопштенија – безобразни, малициозни, полни со клевети и измислици. Тој нивен примитивен стил не е политика, туку обид […]

Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра, тврди СДСМ


  На денешната утринска прес-конференција членот на Централниот одбор на СДСМ, Александар Димитриевиќ, објави податоци за нов скандал со корупција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ поврзан со директорот на СОЗР, Ивица Томовски. Опозициската партија тврди дека од државни институции и од општини, водени од ВМРО-ДПМНЕ, семејната фирма на Томовски која го менува името добила дури 5 милиони […]

ВМРО-ДПМНЕ ги нарече пишувањата на британските медиуми за мигрантите „фантазии на СДСМ“


  ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги нарече пишувањата на британските весници дека Лондон и Скопје водат преговори за прифаќање на мигрантите на македонска терторија како „фантазии на СДСМ“. Тоа беше став на партијата на реакцијата на СДСМ за овие преговори, а не на информациите од британските медиуми. Веста прв ја објави „Тајмс“. Според владејачката апртија „криминалците за […]

Владата негира дека преговара за мигрантите


  Македонската Влада негира дека води преговори со Велика Британија за прифаќање на мигранти кои се одбиени за азил, а кои во земјава би биле депортирани во „центар за враќање“, според планот за отворање такви центри на Балканот. Британскиот весник „Тајм“, а потоа и „Дејли мејл“ и другите британски медиуми, денеска објавија дека неуспешните баратели […]

СДСМ: Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп за пари


  По информациите од лондонските медиуми дека британската и македонската влада водат преговори за нашата држава да прифаќа мигранти кои биле одбиени од британските власти со остра реакција се јави опозициската СДСМ кој преку соопштение изјави дека „предавникот Мицкоскија претвора македонија во мигрантски камп за пари“. Во соопштението на СДСМ се вели: „Денеска ‘Тајмс’, еден […]

Лондон и Скопје преговараат за прифаќање мигранти од Британија, јавија британските медиуми


  Македонија влезе во формални преговори со Обединетото Кралство за можноста да прифаќа мигранти чији барања за азил биле одбиени во Британија, објави „Тајмс“, повикувајќи се на извори од британската влада. Информацијата потоа ја пренесоа голем дел од британските медиуми со свои дополнувања. Според медиумските пишувања, станува збор за нов модел на соработка со кој […]

ВМРО-ДПМНЕ најави „ново поглавје“ по конгресот утре


ВМРО-ДПМНЕ утре во Кавадарци ќе го одржи својот 18. редовен Конгрес. Овој Конгрес претставува ново поглавје во политиката, со која првенствено треба да се обезбеди стабилно, предвидливо и државничко водство, се вели во соопштението кое по овој повод го објави партијата. Во него се информира дека на Конгресот ќе биде донесена новата Стратегија на партијата: „Ново поглавје – Стратегија […]

За две недели ќе биде завршена внатрепартиската реконструкција во СДСМ


Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека за околу две недели ќе биде завршена внатрепартиската реконструкција. – Интензивно јас работам на тоа поле. Изминативе денови бројни состаноци, бројни координации. Така да во следните две недели целокупниот процес ќе беше завршен, рече Филипче. Филипче во вторникот вечерта побара оставка од целото […]

Заев до Груевски: Доста делиш задачи, дојди и одлежи ја казната


  Во неделата пред конгресот на ВМРО-ДПМНЕ избеганиот Никола Груевски ги засили нападите врз Зоран Заев и Венко Филипче обвинувајќи ги дека биле дволични (и дома и надвор), што предизвика реакција на Заев. Поранешниот лидер на СДСМ го обвини Груевски дека од бегството во Унгарија дели задачи во македонската политика, наместо да ја одлежи затворската […]

СДСМ формирал антикорупциски тим, бара помош од гонителите на „Коза ностра“


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче најави денес дека како партија формирале свој антикорупциски тим и дека ќе побараат помош од италијанските институции што се справуваа со „Коза ностра“со порака дека, ако можеле да се справат со нив, „ние ќе можеме да се справиме со мафијата на ВМРО-ДПМНЕ во нашата држава“.  Филипче откри дека антикорупцискиот […]

Муцунски во Виена: Македонија бара кредибилна перспектива


  Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, вчера во Виена учествуваше на состанокот на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, одржан на покана на австриската министерка за европска и меѓународна политика, Беате Мајнл-Рајзингер. На состанокот учествуваат програмите за надворешни работи на територијата на ЕУ, кои се дел од групата „Пријатели на Западен Балкан“ – Австрија, […]

СДСМ: Мицкоски најавува избори, се плаши од смена на Вучиќ во Србија


СДСМ реагира на вчерашниот прифинг на премиерот Христијан Мицкоски во кој меѓу другото зборуваше и за предвремени избори. – Симптоматично е што Мицкоски, во народот познат како „мали Вучко“, вчера зборуваше повторно за избори. Во исто време објавува и лажни анкети за рејтингот на партиите. Само неколку часа претходно, во Србија, Вучиќ најавува избори, велат […]

Радев: Сакаме Македонија да влезе во ЕУ, но не на сметка на правата на Бугарите


„Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија значително ќе го забрза патот на земјата кон Европската Унија и се надевам дека нашиот југозападен сосед ќе го стори тоа што е можно поскоро за да ги отвори вратите за преговори за полноправно членство“, изјавил претседателот на Бугарија, Румен Радев на средбата со претставници на […]

Заев до Груевски: До свидания Никола, научи ли барем гулаш да правиш!


Никола, тебе навистина ти е досадно, нели?! Читам денес дека си почнал и да се разубавуваш:) Човеку, ти навистина не знаеш што да правиш со самиот себе.   Само да ти кажам, овие твоите те слушаат, гледам дека секојдневно им делиш задачи. Знам, контролата од далечина ти е малку тешка.Можеше да ја одлежиш казната, тоа […]

Еврообврзницата става „рампа“ на предвремени избори: Мицкоски објаснува зошто ќе има редовни


Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во моментов не гледа никаков индикатор за предвремени избори, иако анкетите кои што ги прават во партијата покажуваат убедливо водство пред другите партии во државата. Тој денес на брифинг со новинарите рече дека следните парламентарни избори ќе бидат редовни, во пролетта 2028 година, „ако нема некои позначајни промени“. […]

ВМРО-ДПМНЕ пред партиски конгрес: Засега еден кандидат за претседател, ќе се носи стратегија „Македонија 2030“


Над 2.600 присутни, од кои што 850-860 делегати и 1.700-1.800 гости в сабота во Кавадарци ќе учествуваат на 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој ќе се избира нов претседател на партијата и ќе се донесе важен конгресен документ, односно Стратегија Македонија 2030. Главниот слоган е „Визија што гради држава, за генерација што доаѓа 2030 година“. […]

Мицкоски не дава 0,8 отсто од БДП за правосудството: Кој вели дека барањето не е за плати не зборува вистина


Премиерот Христијан Мицкоски е убеден дека барањето за поголем буџет во правосудството е исклучително само заради зголемување на платите. Секој, нагласува Мицкоски, кој вели дека станува збор за платите, не ја говори вистината. Смета дека доколку им се потребни средства за вработување персонал како што велат, треба да направат список и преку Министерствто за финансии […]