Македонија ќе стане центар за мигранти и периферија на Европа. Време е за мобилизација, вели Филипче


  Нова гласачка машинерија. Кредит од 6 милијарди евра чеја цена се и мигрантите. Македонија фрлена на периферијата на Европа. Ова се трите главни поенти од денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, целосно посветена на најавите од Британија дека тамошната влада ќе ги испраќа мигрантите кои не добиле дозвола за престој во прифатни […]

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е препишана програма „Србија 2030“, оценува СДСМ


  Ништо ново, ништо визионерски, туку само препишана програма од властите во Белград за Србија во 2030. Вака денеска СДСМ го оцени усвојувањето на програмата „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“ на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во саботата, на кој за лидер повторно беше избран Христијан Мицкоски. СДСМ вели дека целата програма е научна фантастика, како […]

Филипче: Скандалозно е граѓаните да дознаат за мигрантите од странски медиуми


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред повеќе месеци ја најави опасноста која што не очекува со мигрантите и таа опасност е владата на ВМРО-ДПМНЕ со нејзините тајни преговори, разговори и договори, истакна претседателот на СДСМ,Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Тој посочи дека наместо конкретни и јасни одговори, власта ја нападна СДСМ со црна кампања. „Кога првпат […]

Генерал-мајор Грегори Најт ќе добие Орден за воени заслуги во Скопје


Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, денеска е во Скопје на почетокот на неколкудневната официјална посета на Македонија што ќе трае до 11 декември. Во истиот термин, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија ќе му го врачи државното одликување „Орден за воени заслуги“. Најт во Скопје беше пречекан со […]

ВМРО-ДПМНЕ: Ако има докази за незаконски постапки СДСМ нека поднесе пријава до нивниот обвинител Коцевски


ВМРО-ДПМНЕ реагира на, како што ги нарекува, спиновите на СДСМ, порачувајќи дека во очај од своите егзистенцијални проблеми почна да конструира наводни скандали за некакви тендери за постапки кои се согласно закон. „Секоја фирма и компанија во државава кои ги исполнува условите и критериумите има право да учествува на постапки за јавни набавки, а на […]

Левица ги повикува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не бегаат од расправата за Кочани


Пред почетокот на денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Левица уште еднаш јавно ги повикува пратениците од власта да не бегаат и да се одважат пред родителите и народот со присуство на седницата. „Нема простор за ароганција и партиски калкулации. Поминаа девет месеци од трагедијата што однесе […]

Беким Сали назначен за в.д. претседател на Алтернатива, Ибрахими поднесе оставка


  Вицепремиерот и иден министер за европски прашања Беким Сали е избран за вршител на должност претседател на Алтернатива, откако досегашниот лидер Зеќирија Ибрахими поднесе неотповиклива оставка на седницата на Централното собрание. Ибрахими во својата објава наведе дека се повлекува од функцијата претседател на партијата, истакнувајќи дека одлуката ја донел поради сопствените политички убедувања и […]

Претставката од Здружението на родителите на загинатите од Кочани на седница на Постојаната анкетна комисија


Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во македонското Собрание денеска закажа седница, на чиј дневен ред е претставката поднесена од Здружение на граѓани „16 март 2025 Кочани“, во јавноста познато како Здружение на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во писмото на Здружението се посочува дека ова за нив […]

Директорот на СОЗР за неколку години донирал 12.000 евра за ВМРО-ДПМНЕ


  Очигледно дека на сегашниот директор на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски не му недостигаат пари. Дури може да се каже дека има и повеќе отколку средно богат македонски граѓанин. Затоа што, според денеска објавените податоци на СДСМ, Ивица Томовски, само во 2021 година донира 8.000 евра за неговата партија ВМРО-ДПМНЕ. Според […]

Шекеринска во посета на САД


 Заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска од денеска до среда ќе престојува во посета на САД. Како што соопшти Прес-службата на НАТО, Шекеринска денеска ќе престојува во Бостон, каде ќе се обрати на собир во центарот „Белфер“ при школата „Харвард Кенеди“. Утре, Шекеринска ќе отпатува за Вашингтон, каде ќе присуствува и ќе има свое […]

Левица: Томовски e фатен во лага за милионските тендери


Директорот на СОЗР и личен пријател на Христијан Мицкоски – Ивица Томовски дрско ја манипулира јавноста кога очигледно е фатен како дели тендери на негови блиски фирми, реагира Левица по серијалот обвинувања на оваа тема меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. -Додека Томовски тврди дека нема никаква поврзаност со фирмата ,,Сити Аутсорсинг” (која доби државни тендери од […]

Томовски најавува тужба за клевета против СДСМ


Директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата Ивица Томовски преку објава на Фејсбук најавува тужба за клевета против СДСМ. – Јас не сум сопственик, не приходувам и немам никаква директна врска со споменатата компанија. Досега не чув каков криминал сум направил, ниту пак видов докази за тоа. Во тоа нивно растурање пердуви, […]

ВМРО-ДПМНЕ возврати: Децата на Заев имаат најнизок рејтинг од основање на партијата


ВМРО-ДПМНЕ возврати на обвинувањата од СДСМ дека конгресот што го одржаа вчера беше „конгрес на децата на Орбан“.  „Криминалниот и скапо платен центар за заевизација повторно е активиран за да го прикрие криминалот на семејството Заеви и нивниот невоспитан и недостоинствен начин на живот. Децата на Зоран Заев денес продолжуваат по истата матрица: бегање од […]

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија


Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Обединетото Кралство со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција… Според Антонио Милошоски, откако излезе од ЕУ Обединетото Кралство ја враќа легалната основа на ФРОНТЕКС и за таа цел […]

СДСМ: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?


По објавените информации во британските медиуми дека Македонија преговара со Обединетото Кралство за прием на мигранти што не добиле азил за да ги користи евентуално како странски работници, СДСМ излезе со остра реакција, на линија на расположението во јавноста.  „Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните […]

СДСМ: Кој ќе се извинува сега Томовски?


Антикорупцискиот тим на СДСМ објави  нови факти, докази и документи како семејната фирма на директорот на службата за заеднички и општи работи, ИвицаТомовски, го чисти буџетот. „Со бројки, 5.3 милиони евра, 161 тендер.Толку многу има добиено семејната фирма на Томовски.Особено им тргнало чистењето на буџетот откако ДПМНЕ дошла на власт, за 306% во 2024 година! […]

Стратегија на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија да се европеизира без да се изолира


ВМРО-ДПМНЕ го одржа редовниот 18-ти конгрес на кој беа потврдени досегашните успешни политики под водство на претседателот Христијан Мицкоски кои, како што соопштуваат од партијата,  го трасираат патот на раст и развој на државата во „успешна, модерна и просперитетна Македонија“. -Како носител на државноста, ВМРО-ДПМНЕ на партискиот конгрес отвори ново поглавје на политичкото делување, донесе […]

СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ: Конгрес на „децата на Орбан“


„Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци организиран од двоецот Мицкоски-Груевски е потврда на сè она што го говориме. Најсилна поддршка добија од Виктор Орбан и неговата партија ФИДЕС. Тој успешно го крие и го чува Никола Груевски, бегалецот од правдата кој украде двеа милијарди евра и побегна, но се уште ја управува со ВМРО-ДПМНЕ од далечина“, […]

БГНЕС: Планот за правата на заедниците во Македонија е потсмевање со Бугарите


Европскиот компромис од 2022 година е конзистентен план на чекори што го гарантираат европскиот пат на Северна Македонија. Ни беа дадени четири дена да се запознаеме со нацртот на таканаречениот „Акционен план за заштита на правата на заедниците“ во Северна Македонија. Времето што го имавме беше потсмев на Бугарите. Ова за БГНЕС го изјави Љубчо […]

„Ако некогаш влеземе во решение…“: Мицкоски за спорот со Бугарија


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во својот говор по реизборот за лидер на партијата на конгресот во Кавадарци ги намали уште повеќе очекување дека може да се најде излез од ќор-сокакот на македонскиот пат кон ЕУ и промената на Уставот. Тој рече дека во моментов немало соговорник во Софија. И дека ЕУ била неподготвена […]