Есмеров до Мицкоски: Плаши се од твоите, каменот доаѓа од блиску


Поранешниот амбасадор на Македонија во Будимпешта, Игор Есмеров, не е член на Иницијативнот одбор, ни делегат на конгресот, но ја подржува секоја иницијатива за промена на актуелното раководство и, како што вели –  на секое идно кое не би ја освоило довербата на граѓаните, особено кога тоа би се случувало последователно, во неколку изборни циклуси. […]

Шекеринска: Против лицето кое одлучи да биде партиски, а не армиски војник се води дисциплинска постапка


Кога ДПМНЕ беа на власт поднесуваа кривични пријави за да ја заплашат јавноста, а сега ги поднесуваат за да ја замајуваат. Но мотивот за денешните пријави е друг, објави на својот фејсбук профил Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по информацијата од Драган Ковачки дека поднел кривични пријави против актуелниот министер за одбрана и против раководно […]

СДСМ го повикува Милошоски да поднесе оставка како морален чин


По информацијата дека Антонијо Милошоски пред да биде назначен на функцијата министер за надворешни работи бил казнет во Германија за фалсификување исправа од СДСМ го повикаа да им се извини на граѓаните и да поднесе оставка од пратеничката функција. „Пратеник кој ги лажел граѓаните со години, кој се уште не ја зборува вистината пред нив, […]

Ковачки поднел кривични пријави против Шекеринска, таа го обвини за водење партиска политика


Поради постоење на основано сомнение дека се прекршени членовите 349 и 353 од Кривичниот законик, како и членот 103 став 1 и 3 од Законот за класифицирани информации, денеска во ОЈО поднесовме три кривични пријави, две против актуелниот министер за одбрана и едно против раководно лице во Министерството за одбрана, рече на прес-конференција Драган Ковачки […]

Османи-Вилмес: Заедничка е обврската да го задржиме европскиот кредибилитет на Балканот


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на работна посета на Кралството Белгија, имаше средба со својот домаќин, заменик-премиерот и министер за надворешни работи, европски работи и надворешна трговија и федерални културни институции на Кралството Белгија, Софи Вилмес. На состанокот, како што соопшти МНР, беше разговарано за европската интеграција на Северна Македонија и перспективите […]

Ривалите до Мицкоски: Не те избра Заев за да се правдаш со него


Обидот на сѐ уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски да го избегне соочувањето со делегатите кои го избраа на 16-от Конгрес, преку закажување на редовен конгрес во ноември, е поигрување со партијата и со сите членови кои ги овластија делегатите во Валандово да му го доверат водството, порачуваат од Иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.  […]

Заев е против предвремени парламентарни избори, приоритети се пописот и локалните избори


Премиерот Зоран Заев вчера уште еднаш го повтори ставот дека предвремени избори нема да има. Тоа што мора да се спроведе, рече Заев, е пописот, а приоритет се и редовните локални избори. Вонредните парламентарни избори нема да сменат ништо, само може да ги закочат развојните процеси на државата, оцени претседателот на Владата и порача дека […]

Седници на четири собраниски комисии


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за здравство, Комисијата за европски прашања, а по две седници ќе одржат и Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на седницата на Комисијата за здравство се повеќе закони во прво читање, меѓу кои Предлог закон за изменување на […]

Вмровска сага: На конгресот се одговори со конгрес


Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше експресно по објавувањето на Иницијативниот одбор дека закажал конгрес на 28 март, донесувајќи одлука редовниот конгрес на партијата да се одржи во ноември. Членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски, по завршувањето на седницата изјави дека ИК уште пред два дена донесол одлука конгресот да се одржи во ноември,а тоа […]

Даштевски: ДИК може да ги спроведе и локалните и вонредните парламентарни избори ако се договорат партиите


Ако се договорат политичките партии, ДИК паралелно може да ги спроведе двата процеса – и редовните локални и вонредните парламентарни избори, рече вечерва претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски. Тоа, оцени Даштевски, би ги скратило и трошоците. -Мислам дека ДИК би имала капацитет да ги спроведе и локалните и предвремените парламентарни избори, доколку партиите […]

Љубомир Фрчкоски избран за нов амбасадор на Македонија во САД


Поранешниот министер за внатрешни и за надворешни работи, Љубомир Фрчкоски, е избор на Владата за иден амбасадор на Македонија во Вашингтон. Како што се дознава, процедурата за обезбедување агреман е почната и се чека одговор од САД. Македонија нема амбасадор во Вашингтон повеќе од три години, откако измина мандатот на последниот амбасадор Васко Наумовски. Пречка […]

Што се гледа од Месечината?


Она што може да се „види“ од вселената е дека упорното секојдневно инсистирање на Мицкоски за нови избори е директно поврзано најмногу со неговата политичка кариера   Љупчо Поповски Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, денеска, вторник 9 февруари, се обиде на ефектен начин да му даде даде поента на барањето на неговата партија, а најмногу […]

Иницијативата за вонреден конгрес е помош за Заев, тврди Милошоски


Раководството на ВМРО-ДПМНЕ ја отфрли иницијативата за вонреден конгрес на група членови на партијата затоа што не била статутарна. Според пратеникот Антонио Милошоски оваа иницијативата била на група на луѓе кои „подолго време имаат одредена дистанца од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ“. Тој денеска на прес-конференција изјави дека „оваа иницијатива не е статутарна, ниту е правна. Ова […]

Заев: Нема предвремени избори


Тврдам дека нема да има предвремени парламентарни избори, изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев. -Не знам јас тоа кои космонаути гледаат од Месечината и како тоа ќе се случува, но јас тврдам дека вонредни парламентарни избори нема да има, заради тоа што не носат ништо добро на државата. Впрочем и да има […]

Попис мора да направиме, одложувањето нема да смени ништо, вели Заев


Пописот е статистичка операција што мора да ја направиме, тоа е наша должност, изјави денеска премиерот Зоран Заев, кој коментирајќи го повикот одопозицијата за негово одложување, праша што ќе смени доколку пописот се одржи во мај следната година. – Пописот е од 1 до 21 април како што е предвиден и тој треба да се […]

Захариева: Со сигурност има затегнување во односите, сите треба да ги смириме емоциите


Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева ја критикуваше изјавата на премиерот Зоран Заев дадена во понеделникот на дебатата на американскиот тинк-тенк Атлантски совет на тема „Северна Македонија на прагот на Европа“, јави дописникот на МИА од Софија. Заев тогаш кажа дека позицијата на Бугарија е непринципиелна и спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со […]

Мицкоски ќе собира потписи за пописот, во партијата се собираат потписи за негова смена


Додека Христијан Мицкоски ќе собира потписи по градовите и селата за да го урне Законот за попис во ВМРО-ДПМНЕ се собираат потписи за негова смена. Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес го најавија неговото одржување за 28 март во Скопје. Оттаму велат дека успеале да соберат поддршка и потписи од „големо мнозинство делегати“ од конгресот […]

Џафери му ја врати на Мицкоски граѓанската иницијатива за поништување на пописот поради „Северна“


Претседателот на Собранието Талат Џафери му ја врати граѓанската иницијатива за собирање потписи за поништување на Законот за попис на населението на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како подносител на истата. Во дописот од Џафери до Мицкоски се вели дека му ја враќа граѓанската иницијатива поради тоа што не е доставена до надлежниот орган Собрание […]

Османи утре заминува во работна посета на Луксембург и Белгија


Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Луксембург, каде ќе оствари средби со луксембуршкиот министер за надворешни и европски работи и за имиграција и азил Јан Аселборн, со претседателот на Парламентот Фернан Етген, претседателот на парламентраната Комисија за надворешни работи, Ив Круктен. Од Луксембург, како што соопшти МНР, Османи […]

Вархеји: Се надеваме дека преговорите со Северна Македонија ќе се деблокираат што е можно побрзо


 Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји не сакаше да потврди дали поднел предлог за решавање на спорот помеѓу Скопје и Софија. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Вархеји денеска на прес-конференција посветена на јужното соседство на ЕУ, кусо искоментира само дека Европската комисија се надева дека почетокот на преговорите со Северна […]