Либералите од Југоисточна Европа ги нарекоа „болни умови“ креаторите на нон-пејперот


Мрежата на либералните партии за Југоисточна Европа го оцени како скандал појавувањето на нон-пејперот за менување на границите на Балканот, заклучувајќи дека е очигледно дека тој постои, но никој не сака да застане јавно зад него. За нив тоа се идеи на болни луѓе кои не само што цртаат нови граници на Балканот и развиваат […]

Османи го опомена Мицкоски да не го внесува нон-пејперот во внатрешните пресметки


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи го повика денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да не ги внесува шпекулациите околу нон-пејперот во внатрешно-политичката дебата во земјата, бидејќи може сериозно да ги наруши односите со Словенија, која е наша пријателска земја. Османи рече дека разговарач со словенскиот шеф на дипломатијата Логар и дека тој го уверил […]

Прекројувањето на границите на Балканот води кон дестабилизација, иднината е во ЕУ и во приклучување кон Шенген зоната


Секој обид за прекројување на границите ќе доведе до дестабилизација на Балканот, постои можност единствено за отстранување на границите и тоа преку членството во Европската Унија и влезот во Шенген зоната, порача вчера македонскиот државен врв во врска со наводниот нон-пејпер, кој словенечкиот премиер Јанез Јанша во февруари го испратил до Брисел и неколку дестинации […]

Постигнат договор за државјанствата, неизвесна работата на Собранието


Владата и опозициските партии на Албанците постигнаа договор за законот за државјанство. Детали ќе се соопштат откако предлогот ќе се стави на хартија, со точни правни формулации. На законското решение ќе работат предлагачите, ќе го достават кај извршната власт и потоа ќе биде претставено пред јавноста. Сепак, се уште е неизвесно кога Собранието целосно ќе […]

Села: Секој човек што е роден во земјата треба да е нејзин државјанин


Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села денеска рече дека нема да изнесува детали од разговорите со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев за законот за државјанство и оти тие ќе бидат објавени најверојатно на почетокот на следната недела. – Со овој закон ние имаме цел најмалку, минимално, сите граѓани кои што живеат и […]

Отстранување на границите на Балканот само со членство во ЕУ и влез во Шенген механизмот, истакна Заев


Премиерот Зоран Заев вели дека Владата досега не го добила и немала можност да го види нон пејперот на словенечкиот премиер Јанез Јанша во која тој наводно пишува за промена на границите на Балканот. Република Северна Македонија, вели Заев е суверена земја, а нејзиниот интегритет е загарантиран и со Уставот, но и со Договорот за […]

Рот: Цртањето нови граници на Балканот е опасно


Германскиот државен секретар за Европа, Михаел Рот денеска на Твитер напиша дека цртањето нови граници на Балканот е опасно. „Регионално помирување и соработка се клучни за мирот, демократијата и просперитетот. Цртањето нови граници е опасен пат“, напишта Рот. Со пораката тој го поддржа официјалниот став на Европска Унија за Западен Балкан дека треба да се […]

Трајанов бара да се стави крај на бесконечните амандмански расправи


Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, достави иницијатива до претседателот на Собранието Талат Џафери, во која предлага како да се подобри  работата на Собранието во услови на пандемија. Според него, работата на Парламентот станува се посложена и потешка, при што пратениците и натаму се изложени на огромен ризик од инфекција. Досега над 30 пратеници биле заразени […]

Муцунски: Собранието не треба да биде вакво


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски го впери прстот во СДСМ  и ДУИ како одговорни што вчера во Собранието не беа усвоени новите економски мерки што очајно ги чекаат загрозените вработени и фирми. Тој виде срам во целата ситуација, но не и во неговата партија која, и покрај најавите за конструктивност, продолжува да ја блокира работата […]

Костадинова за тензиите во Собранието: ВМРО-ДПМНЕ остана насилничка партија


Марија Костадинова, пратеничка  на СДСМ, ја обвини денес ВМРО-ДПМНЕ дека  не може да ја напушти режимската, насилничка матрица. -Вчера во Собранието сведочевме на насилство, на физичко и вербално вознемирување врз колешка на нејзиното работно место. Пред целата јавност, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски безобразно го повреди интимниот простор на пратеничката Даниела Марковска. Мицевски се дрзна […]

Џафери го свика претседателството на Собранието да реши за карантинот


Во Собранието денеска претпладне на иницијатива на претседателот Талат Џафери ќе заседава парламентарното претседателство кое треба да разговара како ќе продолжи со работа законодавниот дом, по синоќешната седница која беше прекината, а петиот сет анткризни мерки не беше донесен. Џафери на вчерашната седница најави дека ќе побара карантин за Собранието бидејќи, поради отсуство на неколкумина […]

Карен Донфрид ќе го наследи Филип Рикер како помошник државен секретар за Европа


Џо Бајден планира да ја номинира сегашната претседателка на Германскиот Маршалов фон на САД, Карен Донфрид, за нов помошник државен секретар за Европа и Евроазија, соопшти Белата куќа. Сега на таа функција како вршител на должност се наоѓа Филип Рикер, кој во целосен капацитет ја извршуваше за време на администрацијата на Доналд Трамп. Донфрид беше […]

Џафери свика состанок на претседателството на Собранието откако синоќа не беа изгласани законите од петиот сет антикризни мерки


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска претпладне на иницијатива на претседателот Талат Џафери ќе заседава парламентарното претседателство кое треба да разговара како ќе продолжи со работа законодавниот дом, по синоќешната седница која беше прекината, а петиот сет анткризни мерки не беше донесен. На состанокот на претседателството на Собранието, согласно Законот ќе присуствуваат Џафери, двајцата […]

Австрија бара Бугарија да ја тргне блокадата кон Северна Македонија, оптимизам за решавање на прашањето оваа година


Австрија бара од Бугарија да ја тргне блокадата кон Северна Македонија и земјава да ја одржи првата меѓувлададина конференција со ЕУ за време на португалското претседателство, што завршува на 1 јули. Австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер нема разбирање дека Софија и натаму блокира, апелирајќи до Бугарија овој отпор да го заврши. Од […]

Тензична вечер во Собранието, уцени и молби, пакетот економска помош не беше изгласан


Тензиите меѓу претседателот на парламентот Талат Џафери и опозициските пратеници продолжија и вечерва, откако тој одби да ја прекине 32. седница за која опозицијата не сакаше да прави кворум и да ја почне 36-та на која ќе се гласа пакетот со економски мерки.  За да ги изложи опозициските пратеници на срам пред јавноста тој ги […]

Собранието како Битпазар – пратеници се бркаат и се надвикуваат, додека работниците ги чекаат мерките


Наместо донесување на законите кои што треба да го откочат спроведувањето на петтиот пакет економски мерки кои со месеци ги чекаат фирмите и вработените, пратениците во Собранието попладнево и вечерва се надмудруваат која собраниска седница треба да продолжи. Односно дали прво да се гласа за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси […]

Во Собранието заврши расправата за Националната стратегија за спречување на корупција, закажана нова седница


Собранието доцна попладнево го заврши општиот претрес по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, што е 21 точка од 32 седница. Во салата беа присутни 65 пратеници, по што претседателот на Парламентот Талат Џафери побара да се гласа за сите точки од 32 седница за кои е завршена расправата, а […]

Министрите на „диета“, на ручек ќе можат да потрошат само 1.500 денари


  Илјада и петстотини денари за министер и само илјадарка за заменик министер трошок за работен ручек, најави вицепремиерот за борба со корупцијата Љупчо Николовски објавувајќи ja владината одлука за користење на финансиските средства за угостителски услуги.   – Вкупно 1.500 денари ќе може да потроши министер за работен ручек, а 1.000 денари заменик министер. […]

Прашањето за отпочнување преговорите има силни геополитички импликации за ЕУ, порача Димитров


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ја заокружи еднодневната работна посета на Австрија со средба со федералниот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг. Димитров нагласи дека прашањето за отпочнување на преговорите на земјата за полноправно членство во ЕУ има силни геополитички импликации за Унијата како проект за европско обединување. Како […]

Австрија нема разбирање за блокадата од Бугарија


Министерката за Европа, Каролине Едштадлер, по средбата со Никола Димитров, изјави дека Австрија предложила Виеан да биде неутрално место каде што ќе бидат продолжени македонско-бугарските разговори но тоа не било прифатено   Со секое одложување на првата меѓувладина конференција сите ќе бидеме губитници  и преговарачката рамка треба да се усвои за време на португалското претседателство. […]