Димитров: Крајно време е ЕУ да го исполни ветувањето кон Северна Македонија


 Крајно време е Европската Унија да испорача кон Северна Македонија, исполнувајќи го сопственото ветување за почеток на преговори откако земјата ги исполни сите услови. Крајно време е за добри вести и прогрес по европскиот пат за целиот регион​, рече вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров кој на покана на австриската министерка Каролине Едштадлер денеска во Виена […]

Пахор смета дека деблокадата на преговорите со Скопје е морално прашање


Словенечкиот претседател Борут Пахор нагласи денеска  дека една од првите задачи при претседавањето на Словенија со ЕУ ќе биде деблокирање на почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија. Според него, тоа е „морално прашање“. „Мислам дека треба да најдеме начин Бугарија да и даде зелено светло на Македонија“, изјави Пахор за словенечката новинска агенција СТА. […]

Заев: Иднината на Европа е со Западен Балкан, а иднината на Западниот Балкан е со Европа


Премирот Зоран Заев, кој денеска учествува на Самитот за Западен Балкан што се одржува во Виена, му се заблагодари на австрискиот канцелар Себастијан Курц за иницијативата и организацијата, порачувајќи дека додека има вакви лидерства посветени на евроинтеграциите еврпската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот. -Упатувам искрена благодарност до канцеларот на Австрија, Себастијан Курц кој […]

САД ќе ставаат на црна листа и лица во Грција што работат против Договорот од Преспа


Оние што работат против Договорот од Преспа и во држави надвор од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и Грција, ќе може да се најдат на црна листа на САД. Ова за Гласот на Америка го изјавил портпарол на Стејт департментот, одговарајќи на прашањето дали администрацијата на Бајден планира да ги прошири санкциите и кон лица од […]

Заев на конференција за Западен Балкан во Виена


Австрија – Во организација на австриската влада, денеска во Виена се одржува конференција за Западен Балкан, на која учествуваат премиерите во регионот каде главната цел е да се врати регионот високо на агендата на Европската унија. Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги покани премиерите на Западен Балкан на конференција на која, пред се, ќе разговараат за […]

Слави Трифонов одбил средба со Заев


Лидерот на партијата „Има таков народ“, која стана втора политичка сила во Бугарија, вчера одбил средба со премиерот Зоран Заев, пишува БГНЕС. Според агенцијата, Заев потврдил дека одбивањето се должело на обврските на Слави Трифонов поврзани со неговата изборна кампања. Трифонов вчера ги нарече „небитни“ лидерите на БСП, Корнелија Нинова, и на ГЕРБ, Бојко Борисов, […]

Блокадата на Бугарија е голем проблем за ЕУ, вели словачкиот министер Корчок


„Јас ги почитувам националните интереси на Бугарија, но гледајќи од поширока перспектива, тоа е голем проблем за нас“, рече Иван Корчок на безбедносниот форум во Братислава   ЕУ треба да ја преиспита својата амбиција да биде глобален играч и наместо тоа да се фокусира на индивидуални прашања, како што се оние што се однесуваат на […]

Македонија стана жешка тема во изборната кампања во Бугарија


По денешната посета на Зоран Заев на Софија повеќе политички лидери кажуваат кој е поголем Бугарин и дека Бугарија нема да ја крене блокадата   Денешната посета на Зоран Заев на Софија внесе немир во кампањата на партиите за изборите на 11 јули и повеќемина од нив побрзаа да објават кој е поголем Бугарин во […]

Пленковиќ: Да се реши спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија и да се одблокира преговарачкиот процес


 Хрватска направи многу за деблокирање на преговарачкиот процес со Северна Македонија и Албанија и сака да се решат преостанатите прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија за да дочекаме датум на преговори со двете земји, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Шефот на хрватската влада учествува на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) […]

Пендаровски му кажал на Борел дека ЕУ треба да направи исчекор


Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Турција, денеска оствари средба шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. На средбата, како што наведува кабинетот на претседателот се разговарало за актуелните состојби поврзани со европските аспирации на Македонија, како и за напредокот во клучните области.  Пендаровски му кажал на Борел дека Македонија очекува Европската унија да […]

Јанев ќе навива за Македонија, но не кажа дали ќе биде тргната блокадата во Унијата


Бугарскиот премиер Стефан Јанев соопшти дека македонската делегација дошла со конкретни предлози и дека нив ќе ги разгледуваат во наредните денови. Заев на прес-конференцијата изјави дека проблемот е билатерален и така треба да се реши   (Од нашиот известувач)                                 […]

Османи: Договорот од Преспа е модел на кој и во иднина ќе се градат односите меѓу соседите на Балканот


После три години од потпишувањето, Договорот од Преспа не само што го минува тестот на времето, туку и ги надминува границите на неговата примарна улога за Стратешко партнерство меѓу Северна Македонија и Грција, напиша попладнево министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.   Во статусот, Османи оценува дека Преспа е регионален симбол […]

Заев на средба со лидерката на Социјалистичката партија


Премиерот Зоран Заев, во рамките на агендата на денешната работна посета на Република Бугарија се сретна и со претседателката на Бугарската социјалистичка партија (БСП) Корнелија Нинова.   На средбата на која учествуваше и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, премиерот Заев и претседателката на БСП Нинова се согласија дека  преговорите на […]

Блог во живо – Зоран Заев на разговори во Софија


Македонскиот премиер Зоеран Заев денеска е во Софија каде има интензивна агенда на разговори со официјалните лица на државата и со претставниците на политичките партии во заеднички обид да се најде решение за излез од бугарската блокада за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ. Нашиот новинар, Слободанка Јовановска е во Софија и известува за […]

Средба Османи – Стоев во Анталија


Реафирмирањето на заемните заложби за одржување континуитет во градењето на добрососедските односи и нивно натамошно унапредување како придонес за стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот, се дел од темите на кои е разговарано на денесшната средба на министерот за надворешни работи, Бујар Османи со министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Светлан Стоев, на маргините […]

Заев утрово во Софија се сретна со Борисов


Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и владината делегација предводена од него беа примени од лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов во седиштето на партијата, јави дописникот на МИА од Софија. Приемот од Бојко Борисов беше пренесен директно на неговиот фејсбук-профил. Заедно со Борисов, во име на ГЕРБ, беа поранешниот министер за надворешни […]

Бугарскиот премиер Јанев:  Ни треба дијалог и разбирање за нашите односи


Бугарија– Европската перспектива на Северна Македонија и Албанија не е предмет на спор и Бугарија секогаш ги поддржува, вели бугарскиот премиер Стефан Јанев во ексклузивно интервју за МИА, посочувајќи дека позицијата на Софија во однос на европската интеграција на земјава е јасна и таа е потврдена од бугарскиот Парламент од есента 2019 година. – Тоа […]

Предлогот на Португалија на маса во Софија: Што ќе донесе денешната средба на највисоко ниво?


Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и од министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Софија. Целта на посетата е интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Северна Македонија. Од владината прес-служба соопштија дека премиерот […]

Османи во Анталија на состанок со шефовите на дипломатиите на земјите членки на ПСЈИЕ


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во Анталија, каде ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Османи, како што информираат од МНР, во рамки на министерскиот состанок ќе има одвоена билатерална средба со домаќинот, министерот на Турција, Мевљут Чавушоглу, како […]