Заев не размислува за оставка, опозицијата бара одговорност


Премиерот Зоран Заев не размислува да поднесе оставка по трагедијата во тетовската модуларна болница, а секое барање на опозицијата за негово отстапување од функцијата, вели, е чисто политикантство. Прашањето дали ќе ја прифати оставката на министерот Венко Филипче, новинарите на премиерот му го поставуваат секој ден, но тој останува на ставот дека ќе донесе одлука […]

САД и Естонија ќе ги враќаат реформите во Македонија


Амбасадата на САД, заедно со Естонскиот центар за меѓународен развој (ЕСТДЕВ) и Секретаријатот за европски прашања (СЕП)  започнуваат „трипартнерство“  преку кое ќе обезбедат техничка помош од Естонија и од нејзините добро водени институции за севкупниот развој на Македонија и за пристапувањето кон ЕУ. Првата фаза од проектот се фокусира на  дигитализација и е-управување, а во […]

Иран и Македонија ќе соработуваат во културата, економијата и политиката


Културата, економијата и политичката соработка беа дел од темите за кои разговараа Сејед Мохамед Џавид Расули, амбасадор на Исламската Република Иран во нашата држава и министерката за култура Ирена Стефоска.  Како што информира МНР, иранскиот амбасадор на средбата изразил интерес за отворање катедра или организирање курс по персиски јазик на некој од македонските универзитети и обратно, […]

Шекеринска од Вашингтон: Ќе побараме силна поддршка од САД за продолжување на нашиот европски пат


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ја почна работната посета на Соединетите Американски Држави, која е прва на претставник на Владата на Северна Македонија по смената на американската администрација и доаѓањето на новиот американски претседател Бајден. Како што соопшти Министерството за одбрана, Шекеринска порача дека посетата ќе ја искористи да ги пренесе пораките кои се […]

Потпишани 11 договори меѓу Македонија и Косово


Со години наназад нашите држави развиваат одлични билатерални односи и успешна соработка водена од принципите на меѓусебна поддршка и почитување. Секое унапредување на односите меѓу соседите, носи стабилност и просперитет за целиот регион и токму затоа даваме целосна поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово, воден од ЕУ и ќе поддржиме решение, кое е прифатливо […]

Курти за „Монструм“: Министрите за правда се во директен контакт и тие соработуваат и за ова прашање


Министрите за правда на Владите на Северна Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат и за ова прашање, изјави косовскиот премиер Албин Курти, одговарајќи на новинарско прашање кога и дали Косово ќе ги испорача Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои се обвинети во случајот „Монструм“. Курти, на заедничката прес-конфернеција со премиерот […]

ДИК го усвои ревидираниот роковник за изборите согласно измените на Изборниот законик


Државната изборна комисија (ДИК) денеска на 23-та седница го усвои ревидираниот роковник за претстојните локални избори, усогласен со измените и дополнувањата на Изборниот законик, донесени вчера од Собранието, а предложени од пратенички групи од владејачкото мнозинство и од опозицијата. Освен измените и дополнувањата на роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори за […]

Стојков: Не е проблем Бугарите да влезат во македонскиот устав доколку и Македонците влезат во бугарскиот


За нас не е проблем Бугарите да влезат во македонскиот устав доколку и Македонците влезат во бугарскиот. Јасно е дека тоа нема да стане, а веројатно компромисот ќе биде едностран, вели во изјава за „Локално“ Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден ПИРИН, вонреден професор по историски предмети на Универзитетот Гоце Делчев – Штип и истакнат […]

Пристигна косовската делегација за првата заедничка седница на двете влади 


Високата косовска делегација предводена од премиерот Албин Курти, пристигна во Скопје. Пред Владата беше организирана церемонија за официјален пречек по што следува тет-а-тет средбата на премиерите Зоран Заев и Курти. Според агендата, предвидени се и билатерални средби на министрите од владите на двете земји. Заедничката седница на владите ќе се одржи веднаш по средбите на […]

Димитров на состанок со еврокомесарот Вархеи


На иницијатива на еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска, заедно со министрите од регионот надлежни за европското порфолио, учествуваше на состанок за размена на мислења и подготовка во врска со октомврискиот Самит ЕУ-Западен Балкан. На состанокот, како што соопшти СЕП, беа дискутирани клучните теми од агендата на […]

Шекеринска во Пентагон


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска од денеска престојува во неколкудневна посета на САД. Шекеринска во Пентагон ќе се сретне со потсекретарот за одбрана на САД за политички прашања, Колин Кал и со помошничката на секретарот за одбрана, Лора Купер. Министерката ќе има средба и во Стејт Департментот, со помошникот државен секретар и прв човек на […]

Зелен хуман град бара од Пендаровски да не ги потпише измените на Изборниот законик


„Зелен хуман град“ реагира на новиот обид за измени на Изборниот законик, на веќе започнат изборен процес, на овозможувањето да се гласа со истечени лични карти и на вметнување на можноста веќе потврдена листа за избори да се повлече по 48 часа. „Вчера попладнето добивме информација дека праговите за потписи за независни листи не се […]

Заев до Села: Зошто да дадам оставка, за вие да дојдете на власт?


Немам дополнителен коментар на изјавите на Села. Само ќе прашам зошто. Должен е да каже зошто. Ако не каже тогаш тоа е желбата за пуста власт, вели денес премиерот Зоран Заев од Сарај, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ќе поднесе оставка од функцијата. Тој потенцира дека Села и Мицкоски ќе дојдат на власт, […]

Заедничка седница на владите на Република Северна Македонија и Република Косово


Владите на Република Северна Македонија и Република Косово денеска во Скопје ќе ја одржат првата заедничка седница во полн состав, предводени од премиерите Зоран Заев и Албин Курти. Пред почетокот на заедничката седница ќе има церемонија за официјален пречек, и тет-а-тет средба на премиерите Заев и Курти, како и билатерални средби на министрите во Владите […]

Европскиот парламент одобри 14,2 милијарди евра помош на земјите кандидати за спроведување на реформите поврзани со ЕУ


Европскиот парламент даде зелено светло за новата верзија на претпристапниот инструмент за финансирање, чија цел е да им помогне на седум земји подобро да се подготват за обврските од нивното идно членство во ЕУ, јави дописникот на МИА од Париз. Во вредност од 14,2 милијарди евра, Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) 2021-2027 година ќе […]

Заев и Маричиќ на средба со шефицата на набљудувачите на ОДИХР


Премиерот Зоран Заев и министерот за правда Бојан Маричиќ примија делегација на мисијата за следење на локалните избори на канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), предводена од шефицата на мисијата Тана де Зулуета. Премиерот Заев и министерот Маричиќ на средбата истакнаа дека сите подготовки за спроведување фер и демократски избори за […]

Македонските предизвици кон ЕУ се предизвици за самата Унија


Политиката на проширување со земјите од Западниот Балкан е од особена важност за адресирање на прашањата кои ја засегаат иднината на Европа, потенцираше вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, кој попладнево во Солун, се обрати на специјалната дискусија за европската перспектива на регионот „Западниот Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“, иницирана од страна […]

Собранието ги изгласа измените на Изборниот законик


Собранието  без расправа со 78 гласа  „за“,  два „против“ и еден „воздржан„  и 24 гласа „за“ и еден „воздржан“ од пратениците од помалите етнички заедници попладнево го донесе Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. Координаторот на СДСМ Јован Митревски претходно во образложението на законот по скратена постапка поднесен од пратениците  Јован Митрески, Никола […]

Атина се надева дека набргу ќе се свика меѓувладината конференција со Македонија


Надеж дека набргу ќе свика првата меѓувладина конференција ЕУ – Северна Македонија, како и поддршка за европската перспектива на нашата земја, но и на останатите од регионот, изрази портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану на денешниот брифинг со новинарите. Додаде дека интеграцијата на Западен Балкан, за Атина, е пат  во една насока, бидејќи е „во […]

Заев за оставките: Секој е заменлив, но нема разрешувања пред избори


Никој не е венчан за ниедна функција ниту, пак, од татко му е наследена. Секој е заменлив, но истовремено не смееме да се поставуваме несоодветно затоа што некој поради скриени политички побуди или други скриени намери бара нешто. Треба чесно, транспарентно, отворено да дискутираме, рече премиерот Зоран Заев во коментар на прашањето што треба да се случи за да се разбуди […]