Бајден има лични релации со регионот, очекуваме посилен ангажман на новата администрација на САД, вели Пендаровски 


Новата американска администрација можеби ќе биде поприсутна на Западниот Балкан. Она што е важно за нас е дека тимот кој го формира Џо Бајден е далеку поискусен во однос на меѓународната политика и во однос на значењето на односите со европските партнери, вклучително и со балканските држави и навистина тука очекуваме многу поголем ангажман и …

Бајден има лични релации со регионот, очекуваме посилен ангажман на новата администрација на САД, вели Пендаровски  Read More »

Пендаровски: Бугарскиот акциски план ги содржи старите позиции на Софија


Бугарскиот одговор на Акцискиот план, што претходно до Софија го достави Северна Македонија практично не излегува надвор од параметрите на старите бугарски одговори, во него нема ништо суштинско различно од досегашните нивни позиции, вели претседателот на Република Северна Македонија во интервју за МИА. Со претседателот меѓудругото разговаравме за содржината на она што Бугарија ни го …

Пендаровски: Бугарскиот акциски план ги содржи старите позиции на Софија Read More »

Нападот врз американскиот Капитол – шокантно искуство слично со македонската траума од 27 април 2017 година


Една од најстарите и најмоќни републики сега ја споделува посраменоста од еден насилен и неуспешен државен удар, со една мала балканска земја. Но, има две важни разлики меѓу двата инциденти: ниту еден македонски политичар нема да дојде во Вашингтон и да ги учи Американците на демократија, како што американските политичари тоа успешно го направија во …

Нападот врз американскиот Капитол – шокантно искуство слично со македонската траума од 27 април 2017 година Read More »

„Катимерини“: Брз развој на односите на Грција со Северна Македонија


Влијателниот грчки весник „Катимерини“ во денешното издание наведува дека посетата на македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, на Атина го истакнала брзиот развој на односите меѓу двете земји. „Посетата на Османи на Атина се случи додека односите со Скопје изгледа дека брзо се развиваат. Пред неколку дена, офицерите на грчките вооружени сили беа во …

„Катимерини“: Брз развој на односите на Грција со Северна Македонија Read More »

Османи верува дека Атина ќе не поддржува во ЕУ


Акцент во разговорите со Бугарија ќе се стави на Акцискиот план, на соработката помеѓу секторите и помеѓу линиските министерства, со цел да се создаде амбиент кој во овој период делумно е нарушен, истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи во интервју од Атина. – Ако ставиме фокус на тој Акциски план ќе создадеме предуслови за решавање …

Османи верува дека Атина ќе не поддржува во ЕУ Read More »

Спасовски за Вевчани: Сакаа инцидент и сензационалност


    Ништо спектакуларно не се случи во Вевчани, договорите кои ги постигнавме со Вевчанци не се испочитуваа, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по завчерашната интервенција на полицијата за спречување на одржувањето на Вевчанскиот карневал без почитување на задолжителните мерки за заштита од ковид-19. „Од политички причини сакаа инцидент и сензационалност. Апелирам …

Спасовски за Вевчани: Сакаа инцидент и сензационалност Read More »

Пендаровски го осуди палењето на бугарското знаме во Вевчани


Претседателот Стево Пендаровски го осуди палењето на бугарското знаме на Вевчанскот карневал. – Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување, стои на фејсбук профилот на шефот на државата. Осуда за чинот на палењето на бугарското …

Пендаровски го осуди палењето на бугарското знаме во Вевчани Read More »

Даштевски: Јас сум најнепартиски човек кој е на чело на ДИК


Во рамки на свечената изјава во Собранието, претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, зборуваше во името на целиот состав. „Помина уште еден чин кој беше потребен да се формира комисијата. Со колегите се договоривме од понеделник да одиме во ДИК и да видиме каква е состојбата, па оттаму да знаеме кои ќе бидат нашите …

Даштевски: Јас сум најнепартиски човек кој е на чело на ДИК Read More »

Бугарија упати демарш до МНР поради запалено бугарско знаме на карневалот во Вевчани


Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов упатил остра вербална нота до македонското Министерство за надворешни работи по информациите дека е запалено бугарско знаме на Вевчанскиот карневал. Информацијата на својот Фејсбук профил ја сподели бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. – По повод информациите за запалено бугарско знаме во селото Вевчани во Република Северна Македонија …

Бугарија упати демарш до МНР поради запалено бугарско знаме на карневалот во Вевчани Read More »

Османи: Очекуваме да продолжи грчката поддршка за усогласување на рамката за ЕУ


Во последните месеци додека се разговараше за усогласување на преговарачката рамка и за почетокот на преговорите имаше принципиелна поддршка од Грција и грчката позиција беше јасна дека Република Северна Македонија треба да ја одржи првата меѓувладина конференција и треба да се прифати рамката таква каква што е предложена од страна на Комисијата и тоа мислам …

Османи: Очекуваме да продолжи грчката поддршка за усогласување на рамката за ЕУ Read More »

Продолжува собраниската расправа по Предлог-законот за попис


Во Собранието денеска напладне треба да продолжи расправата по Предлог-законот за попис. Пратениците вчера и завчера ги искажаа спротивставените ставови главно околу тоа дали на земјава токму оваа година и е потребен попис и колку процесот ќе биде навистина статистички, а не политички. Според ВМРО-ДПМНЕ, пописот е политички договор и пазарење меѓу СДСМ и ДУИ …

Продолжува собраниската расправа по Предлог-законот за попис Read More »

Во Собранието свечени изјави на новоизбраните членови на ДИК


Новоизбраните членови на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе даваат свечени изјави пред претседателот на Парламентот Талат Џафери. Претседател на ДИК ќе биде Александар Даштевски, а потпретседателка Дитмире Шеху. Членови на комисијата се и Борис Кондарко, Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Бобан Стојановски и Кренар Лога. Мандатот на актуелниот состав на ДИК завршува денеска, а него …

Во Собранието свечени изјави на новоизбраните членови на ДИК Read More »

Шекеринска: Се нервирам што уште нема пресуда за главните организатори на 27 април


Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вечерва изјави дека уште не може да поверува дека ни се случи насилството на 27 април. „И кога гледам дека  уште нема  пресуда за главните организатори се нервирам. Која е казната, не само на оние кои влегоа во парламентот за да не убијат, туку за оние кои ги убедиле, ги …

Шекеринска: Се нервирам што уште нема пресуда за главните организатори на 27 април Read More »

Втор ден собраниска расправа – ќе има или ќе нема попис?


Пратениците во Парламентот денеска ја продолжија расправата по Законот за попис, при што и оние од владејачките мнозинство и од опозицијата останаа на ставовите што ги најавија нивните матични партии. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторно изнесуваа ставови зошто треба да се повлече Законот и да се одложи пописот, додека оние од СДСМ и другите владејачки партии …

Втор ден собраниска расправа – ќе има или ќе нема попис? Read More »

Грција да притиска за евроинтеграцијата, Македонија целосно да го исполни Договорот од Преспа


Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Дендиас на средбата со нашиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, денес во Атина порача дека евроинтеграцијата на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, мора да продолжи и Атина ќе даде техничка поддршка за тоа, но Македонија од своја страна треба да го исполни целосно, конзистентно и во добра волја …

Грција да притиска за евроинтеграцијата, Македонија целосно да го исполни Договорот од Преспа Read More »

Петровска: Предлог Законот гарантира попис според сите меѓународни стандарди, сите пратеници да го поддржат


Законот за попис на населението е во собраниска процедура и со неговото усвојување се создаваат сите услови за одржување на попис оваа, 2021 година – попис, по највисоките меѓународни стандарди, дигитализиран и согласно прописите на Евростат, изјави на денешната прес-конференција пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска. -После цели 19 години на нашата земја и е неопходен …

Петровска: Предлог Законот гарантира попис според сите меѓународни стандарди, сите пратеници да го поддржат Read More »

Османи во Атина на средби со Сакеларопулу, Мицотакис, Дендијас и Варвициотис


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе оствари работна посета на Грција, на покана на неговиот домаќин, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, а ќе се сретне и со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, премиерот Кирајкос Мицотакис и алтернативниот министер за надворешни работи, надлежен за европски прашања Милтиадис Варвициотис. Претпладнево, шефот на дипломатијата ќе …

Османи во Атина на средби со Сакеларопулу, Мицотакис, Дендијас и Варвициотис Read More »

Германија ја реафирмира поддршката за преговори на ЕУ со С Македонија, Софија бара смирување на емоциите


Германија ја реафирмираше поддршката за отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија со ЕУ. Бугарија пак со порака да се смират емоциите на релација Софија – Скопје и да се најде решение, за што е неопходно враќање на довербата. но и со укажување дека илузорно е да се верува оти евентуална смена на власта …

Германија ја реафирмира поддршката за преговори на ЕУ со С Македонија, Софија бара смирување на емоциите Read More »

Предлог-законот за попис во фокусот на партиите и пратениците


Предлог- законот за пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка вчера беше во фокусот на партиите. Пратениците ја почна расправата за овој Предлог-закон, а дебатата ќе продолжи денеска на пладне, за кога е закажано продолжението на 29-та седница. Овој Предлог-закон го образложи заменик-министерот за правда Агим Нухиу, …

Предлог-законот за попис во фокусот на партиите и пратениците Read More »

Дендијас во Португалија разговарал за проширувањето на ЕУ


На еден ден пред средбата со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар османи, грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Дендијас, беше во посети на Рим и Лисабон за да разговара за приоритети на ЕУ во наредниот период, за борбата против корона вирусот, за напнатоста во источниот Медитеран, мигрантите и за проширувањето на Унијата кон Западен Балкан. …

Дендијас во Португалија разговарал за проширувањето на ЕУ Read More »