Западните земји ќе ја зголемат помошта за Украина


  Западните лидери на состанокот во четвртокот во Брисел се согласија да ги зајакнат своите сили во Источна Европа, да ја зголемат воената помош за Украина и да ги заострат санкциите кон Русија, додека нападот на Москва врз нејзиниот сосед влезе во вториот месец. Во знак на единство на невиден троен самит на НАТО, Г7 […]

Војната покажа колку е важно проширувањето на ЕУ, му рекол Ковачевски на Шолц


Војната во Украина покажа дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан не е само прашање на проширување туку и геостратешко позиционирање во регионот, а Северна Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите со ЕУ и граѓаните на земјата очекуваат и Брисел да го исполни својот дел од обврската. Ова го посочил […]

Во Собранието продолженија на четири седници


 Пратениците денеска работеа по продолженијата на четири седници, на 54-та, 57-та, 61-ва и 64-та. Тие ја завршија расправата по неколку точки од четирите седници. Но, гласањето по сите точки кои поминаа, како измени и дополнувања на закони, годишни извештаи, финансиски планови, ќе биде дополнително закажано, поради немање доволен број пратеници во салата. Во рамки на 54-тата седница, […]

Ковачевски: Самитот има за цел е да го одврати Путин од тоа го прави во Украина


Премиерот Димитар Ковачевски ќе учествува на состанокот на Северно-атлантскиот совет во рамките на  вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО што денеска се одржува Брисел.Премиерот Ковачевски, кој на состанокот е заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска, во изјавата за медиумите пред почетокот на Самитот, […]

Спасовски тврди дека нема селективна борба против корупцијата


 Нема селективна борба против корупцијата, сите се еднакви пред законот. Не штитиме никого, ниту од коалицијата, никого воопшто, затоа што така штетиме на државата, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на неговиот фејбук профил. – Сите институции да ја промениме и борбата и перцепцијата на граѓаните за корупцијата, мораме системски да го менуваме […]

Панел дискусија „Војната во Украина и нејзиното влијание на Балканот“


Панел дискусија на тема „Војната во Украина и нејзиното влијание на Балканот“ ќе се одржи денеска во организација на Факултетот за политички науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС). – Војната во Украина добива загрижувачки размери и сé уште нема разрешница, страдаат граѓаните на Украина, а последиците ги чувствуваат и останатите земји од Европа, се […]

Премиерот Ковачевски во Брисел на вонреден лидерски состанок на НАТО за ситуацијата во Украина


Шефовите на држави и влади на 30-те земји членки на НАТО се состануваат денеска во Брисел за да ги координираат следните одговори на војната во Украина и руската агресија, јавува дописничката на МИА од Брисел. Премиерот Димитар Ковачевски, но и претседателот на САД, Џо Бајден, како и сите останати лидери на Северноатлантската алијанса пристигнаа вчера […]

Димитар Ковачевски на почетокот на април ќе оди во Грција


  Премиерот Димитар Ковачевски на почетокот на април ќе патува на Економскиот форум Делфи во Грција заедно со повеќечлена македонска делегација. Форумот, кој ќе се одржи од 6 до 9 април, е едно од најпрестижните места за политичари, економисти, бизнисмени и мислители на Балканот. Според најавата на организаторите, Ковачевски ќе биде и говорник на форумот. […]

Гир: Сакаме да видиме отворање на преговорите со Скопје и Тирана што е можно поскоро


Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска ја реафирмираше позицијата на Унијата дека посакува што е можно поскоро отворање на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ. – Јасно е дека ние сакаме да видиме отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро. Ние ги поздравуваме напорите на Скопје и […]

Ковачевски утре на самитот на НАТО


Премиерот Димитар Ковачевски денеска и утре е во работна посета на Брисел каде што ќе учествува на вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО. Премиерот Димитар Ковачевски, во придружба на министерот за надворешни работи Бујар Османи и министеРепублика Северна Македонија во НАТО амбасадорот Дане Талески, ќе земе учество состанокот на Северноатлантскиот совет […]

Многу кандидати за странски потрчковци во Македонија


  Руската амбасада во Македонија почна да ги користи  своите политички филијали во земјата. По средбата и фотосесијата со лидерот на Левица, Димитар Апасиев, рускиот амбасадор Сергеј Баздникин вчера се сликаше со раководството на проруската партија Родина, која го собра околу себе новинарското подземје и преку социјалните медиуми шири антивладина, анти-НАТО анти ЕУ и други […]

Собранието ќе одржи продолженија на шест седници


Собранието денеска треба да одржи продолженија на шест седници, на 47-та, 50-та, 54-та, 57-та, 61-та и 64-та седница. Пратениците на продолжението на 47-та седница ќе расправаат за измените и дополнувањата на Законот за концесиии и јавно-приватно партнерство, за Предлог-законот за изменување на Законот за домување, Предлог-законот за изменување на Законот за животната средина, сите по […]

Одложена посетата на шефицата на бугарската дипломатија Генчовска на Скопје


Посетата на министерката за надворешни работи на Република Бугарија Теодора Генчовска на Скопје која беше најавена за утре, е одложена. Како што информираат од македонското МНР, посетата се одлага поради учеството на министерката Генчовска и на министерот Бујар Османи на состаноци во рамките на ЕУ и особено претсојниот вонреден состанок на НАТО. Во рамките на […]

Франција не гарантира почеток на преговори во јуни, Софија и натаму е против


  Францускиот државен секретар за европски прашања Клеман Бон, рече дека има политичка волја во Софија и Скопје, но дека сѐ уште не може да вети дека преговорите со Северна Македонија ќе започнат за време на француското претседателство. Ова Бон го изјави денеска на прес-конференцијата после Советот за општи работи на ЕУ во Брисел. Запрашан […]

СДСМ: И Мицкоски беше голтар додека не стана советник на Груевски


СДСМ возвратија на обвинувањата на опозицијата со порака дека „ВМРО-ДПМНЕ е типичен доказ како од од голтарска партија се станува најбогатата партија во Европа преку криминал и корупција“. -Признанијата пред македонските судови на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и пресудите како онаа за Титаник се само уште една потврда на тоа што јавноста многу добро […]

Мекалистер: Чекате толку многу, време е една земја членка да даде зелено светло за преговори


  Претседавачот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер, порача денес дека е крајно време Македонија и Албанија да ги почнат преговорите за членство. „Повеќето од нас овде давааме силна поддршка да ги решите билатералните проблеми што стојат на патот на итно почнување на преговорите. Оваа земја чека толку многу години, ветување […]

Предлог-измените на Изборниот законик пред членовите на собраниската Комисија за политички систем


Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да ја одржи 39-та седница на чиј дневен ред е Предлогот на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик. Подносители на Предлог-законот се пратениците Павле Трајанов од ДС, Маја Морачанин од ДОМ, Моника Зајкова и Боби Мојсоски од ЛДП, Љупчо Балкоски од ВМРО-НП, Димитар […]

Седници на собраниската Комисија за европски прашања


За денеска во Собранието се закажани три седници на Комисијата за европски прашања. Прво е закажана 34-та седница, на чиј дневен ред се предлозите на закони за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини и за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или […]

Милевски: Ако има грам совест, рускиот амбасадор сам ќе ја напушти земјава


Во вечерашната емисија „Само вистина”, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски истакна дека рускиот амбасадор во земјава сам треба да ја напушти функцијата. „Преговорите се во тек, но оваа криза во Украина ќе потрае, не само како војна, поствоен ефект ќе има, се е разрушено, ќе треба да се обнови. Даваат ултиматум градот да се […]