Матарела зборуваше во Собранието: Треба да сте горди со почетокот на преговорите


  Италија секогаш давала и ќе продолжи да дава силна поддршка за патот на Македонија кон Европа. Создавањето услови за неодамнешниот почеток на преговорите со Брисел претставува успех на кој оправдано треба да сте горди, во очекувањето да се достигне крајната цел за полноправно членство во ЕУ, како што впрочем се случи со вашата одлука […]

Заев: Политичарите да го чуваат добрососедството со Бугарија


Македонија и Бугарија повторно се враќаат на „патот на пријателството и добрососедството, изјави поранешниот премиер Зоран Заев денеска, пред претежно бугарски медиуми, по доделувањето титула почесен доктор на Илхан Ќучук, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија во Американскиот универзитет на Европа – ФОН. – Неодамна имаше средба на премиерот Ковачевски со […]

Матарела го поддржа барањето на Пендаровски ЕУ да ни помогне околу енергетската криза


Претседателот на Италија, Серџо Матарела, го поддржа барањето на претседателот Стево Пендаровски ЕУ да воспостави механизам, сличен како  за пандемијата, преку кој ќе им помогне на Македонија и другите земји од Западен Балкан да се справат со енергетската криза поради војната во Украина и руските уценувања. –За жал, воената агресија на Русија врз Украина придонесе […]

Претседателот Пендаровски домаќин на италијанскиот претседател Серџо Матарела


  Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Претседателот Матарела ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Матарела и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Италија. Претседателите Пендаровски […]

Матарела пристигна во официјална посета на Македонија


  Италијанскиот претседател Серџо Матарела вечерва пристигна во официјална посета на земјава. Матарела на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Матарела утре ќе биде пречекан од претседателот Стево Пендаровски со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата шефови на држави и пленарен состанок на […]

САД ќе одвојат 2 милијарди долари помош за Европа, и Македонија е на списокот


  КИЕВ – Американскиот државен секретар Антони Блинкен во четвртокот дојде во непланирана посета на Киев, додека администрацијата на Бајден најави голема нова воена помош во вредност од над 2 милијарди долари за Украина и другите европски земји загрозени од Русија. На состаноците со високи украински функционери, Блинкен рече дека администрацијата на Бајден го известила […]

Маричиќ во дводневна работна посета на Прага


  Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, од денеска престојува во дводневна работна посета на Прага, Република Чешка, која од 1-ви јули претседава со Европската Унија.   Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ,  Маричиќ, како што соопшти СЕП, ќе оствари билатерална средба со неговиот хомолог, министерот за европски прашања на Чешката Република, Микулас Бек, со претседавачот на собранискиот Комитет за европски […]

Италијанскиот претседател Серџо Матарела во официјална посета на Македонија


  Претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела вечер ќе пристигне во официјална посета на Република Северна Македонија. Во Скопје, како што соопшти Амбасадата на Италија, претседателот Матарела утре ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски. По тет-а-тет средбата, заедно со нивните делегации, двајцата претседатели ќе одржат работна средба, а по нејзиното завршување предвидена е прес […]

Холандија ѝ дава силна поддршка на Македонија на патот кон ЕУ


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната заедничка прес-конференција со Вопке Хукстра, министер за надворешни работи на Кралството на Холандија, изрази здоволство што одржуваме добар интензитет на политички дијалог на високо ниво. Ова е одраз, нагласи Османи, на пријателството и партнерството помеѓу нашите две држави што се одвива во последните три децении. Шефот […]

Османи за вработувањето на Ејупи: „Зошто да не, не ѝ треба ни Си-Ви!“ (Видео)


  Водителката и несудена конзулка Бесмира Ејупи е вработена во Министерството за надворешни работи (МНР), потврди денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи на прес-конференција. Уште повеќе, тој не гледа воопшто причина зошто таа не би била вработена на почетничка функција во МНР кога е државјанин на Македонија и зошто ѝ е потребно Си-Ви кога натаму […]

Џафери: Нема враќање назад од евроинтеграцијата на Македонија


Свечен прием по повод 8 Септември – Денот на независноста се одржа попладнево во Собранието на Република Северна Македонија. На свеченоста присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министри во Владата, претставници на дипломатскиот кор, на верските заедници, поранешните претседатели на Собранието Трајко Велјановски и Тито Петковски, народниот правобранител насер Зивери и други […]

Амбасадорите во Канада и Норвешка го поминаа собранискиот филтер, остана уште амбасадорот за Белгија


 Номинираните амбасадори во Канада и во Норвешка, Агрон Буџаку и Дритон Куќи, денеска го поминаа собранискиот филтер претставувајќи ги своите приоритети пред Комисијата за надворешна политика. Буџаку пред пратениците кажа дека негов приоритет на дипломатско делување ќе биде зајакнување и унапредување на билатералните односи, продлабочување на билатералната соработка, особено во економската и културно-образовната сфера, посочувајќи […]

Мицкоски бара со референдумот да се организираат и избори


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Државната изборна комисија (ДИК) поднесе иницијатива за Референдум. Мицкоски очекува денеска во подрачните канцеларии на ДИК да бидат собрани сто потписи за таа да биде доставена до Собранието по националниот празник. Тој, како што кажа, ќе биде меѓу првите потписници во подрачната канцеларија на ДИК во Карпош, […]

Пендаровски и Чапутова положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“


Во рамки на нејзината официјална посета на Северна Македонија, претседателката на Словачка Зузана Чапутова и претседателот на државава Стево Пендаровски денеска положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Пендаровски претходно во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести, ја пречека претседателката Чапутова, а […]

Пендаровски: Како со Ковид-вакцините, ЕУ да помогне и сега, за енергетска криза


Претседателот Стево Пендаровски денеска информира дека земјава и официјално веќе бара поддршка од ЕУ за справување со енергетската криза. -Како и во времето на Ковид, за вакцините, така и сега, поради енергетската криза, ќе ја замолиме ЕУ за сличен пристап. Ние замоливме и преку нашето МНР тоа го правиме. Станува збор за криза без преседан. […]

Пендаровски: Поништување на Договорот со Бугарија ќе ја запре нашата евроинтеграција


Претседателот Стево Пендаровски смета дека не може да разговараме за европски интеграции ако не сакаме да имаме договори за добрососедство со соседите. Не поддржува референдум со кој би се поништил Договорот за добрососедство со Бугарија, оти тоа, како што вели, би ја запрело европската интеграција на земјава. Тоа, нагласува, би било исто како да веруваме […]

Италијанскиот претседател Матарела доаѓа во Скопје, ќе се поклони пред Гоце Делчев


Претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела, утре во вечерните часови ќе пристигне во официјална посета на Република Северна Македонија. Во Скопје, како што соопшти Амбасадата на Италија, претседателот Матарела во петок ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски. По тет-а-тет средбата, заедно со нивните делегации, државниците ќе одржат работна средба, а по нејзиното завршување предвидена […]

Чапутова: Oчекувам дека многу скоро ќе бидеме заедно и во ЕУ


Ги поздравувам сите чекори на вашата земја за приближување кон ЕУ. Словачка, која помина низ тој процес, ќе продолжи со континуираната, несмалена поддршка. Потребни се големи напори и политичка храброст. Подобрувањето во јавните институции и услугите за граѓаните е нешто што секогаш е важно и треба да се унапредува, порача претседателката на Словачката Република Зузана […]

Претседателот Пендаровски ja пречека словачката претседателка Зузана Чапутова


На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска ја пречека претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски и претседателката Чапутова одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации. Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, во фокусот на разговорите […]