Американскиот советник Дерек Шоле доаѓа во среда во Скопје


Високиот советник во американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, заедно со американска делегација во среда ќе допатуваат во Скопје. Тој ќе се сретне со владини преставници и ќе разговара за низа прашања, вклучително енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопштија од Стејт департментот на САД.  Шоле, кој минатиот месец ја одложи посетата поради ковид, доаѓа со […]

(ВИДЕО) Ахмети им одговори на „огнените“ со песна


  На социјалните мрежи се појави видео во кое Али Ахмети со песна им одговара на бунтовните  од „огнената групa“ во ДУИ. „Изгуби го чуварот, изгуби го семето, ајде да тргнеме понапред од Злото“, пее Ахмети. Претходно, потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, во Студеничани му порача на партискиот лидер дека не може да го изгори […]

„Огнената група“ од Студеничани ги започна средбите со членовите на ДУИ


Потпретседателот на ДУИ и еден од членовите на „Огнената група“ Изет Меџити синоќа од Студеничани му порача на лидерот на партијата Али Ахмети дека го поддржуваат, но, како што посочи, „да не го гори јорганот за неколку болви“. – Реализацијата и ефикасноста на нашата извршна власт во Владата е под 2 проценти. Ја поддржуваме евроатлантската […]

Како отпорот за внесувањето на Бугарите во Уставот се намали од 80 отсто во летото на 56 сега


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека според сите „мерења на јавното мислење огромно мнозинство, повеќе од три четвртини, се противи на промената на Уставот“, т.е. на внесувањето на Бугарите во него за да може по скринингот да се отвори првото поглавје во преговорите со ЕУ. Дали е тоа навистина така, дали оние […]

Мицкоски и на Божик зборуваше за предавство околу уставните измени


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска уште еднаш повтори дека неговата партија останува на ставот за предвремени парламентарни избори. Тој очекува кон крајот на јануари или најдоцна во почетокот на февруари да се изгласа распуштање на парламентот, во средината на февруари да се формира техничка влада, а изборите да се одржат во втората половина […]

Има ли докторандот од Москва Дарко Тодоровски улога во руската хибридна војна во Бугарија?


  Сведочењето на познатиот истражувачки новинар Христо Грозев од мрежата „Белингкет“ пред парламентарна комисија на бугарското собрание неочекувано откри една наводна „македонска врска“ во руската хиберидна војна во Бугарија. Грозев, по кого Русија распиша потерница на 26 декември, на прашањето дали знае кои бугарски новинари добиваат пари од Москва, рече дека тие средства оделе преку […]

Промена на изборниот модел: Помалите партии сакаат поголем од изборниот колач


  Триесет и седум пратеници од 120 во актуелниот собраниски состав доаѓаат од помалите партии, а најголем дел од нив се дел од коалициите со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Дали може да се промени собранискиот состав за сметка на помали партии и да се разбие црно-белиот политички свет во земјава, според експертите зависи од промената на […]

МНР ќе ја прекине предвидената еднонеделна кампања за претседавањето со ОБСЕ


  Министерството за надворешни работи соопшти дека по сугестија на ЗНМ ќе ја прекине предвидената еднонеделна кампања преку користење веб – банери која е во функција на промоција на претседавањето со ОБСЕ. Во соопштението МНР наведува дека претседавањето со ОБСЕ претставува најголемиот надворешно – политички проект со кој Република Северна Македонија ќе се претстави во […]

Гир: Фокусирајте се на реформите, евроинтеграцијата бара обединетост на целиот политички спектар


– Земјата во новата година да се фокусира на реформите неопходни за влез во ЕУ, цел која бара обединување на политичарите од целиот политички спектар и општеството, порача евроамбасадорот Дејвид Гир кој е во работна посета на Делчево. -Сметам дека главната порака се реформите, главните реформи што се неопходни за оваа земја да влезе во […]

ЗНМ: Медиумската промоција на МНР со јавни пари е спротивна на забраната за владини кампањи


 Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на постапката на Министерството за надворешни работи, кое преку претходно спроведена јавна набавка, инвестира средства на граѓаните за кампањи во приватни медиуми за промоција на претседавањето со ОБСЕ. Како што посочуваат од ЗНМ, според јавно достапните информации МНР ќе потроши околу 100.000 евра за промотивни активности поврзани со […]

Гоцевски: Сите сили да се насочат кон стабилизација на државата


  Несомнено е дека геполитичките односи и безбедносните предизвици и ризици имаа пресудна улога врз состојбите и процесите кои се одвиваа во Северна Македонија минатата година. Никој не може да ги отстрани, ниту најмоќните земји од ЕУ, ниту пак државите од регионот поединечно. Умешноста е ние да не одиме контра нив и да се прилагодиме […]

В понеделник во Собранието координација и презентација на Шведското претседателство со ЕУ


  Деветти јануари е првиот работен ден за пратениците во Собранието. Започнува со редовната средба на првите луѓе на пратеничките групи со претседателот на Собранието Талат Џафери. Од оваа кординација треба да произлезат и активностите за неделата што доаѓа. Засега за понеделник се закажани седници на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за одбрана […]

ВМРО-ДПМНЕ: Не сме добиле покана за разговори за уставни измени


  ВМРО-ДПМНЕ досега не добило покана за какви било разговори за уставните измени, но како што посочуваат за МИА, тие нема да одбијат средба, но ќе повторат дека нема да поддржат уставни измени. За МИА од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не е проблем да учествуваат, но дека на таквите средби ќе биде повторено дека нема да […]

Заев: Приказните за некаков пуч во СДСМ се измислени, немам политички амбиции


  Во една поголема објава на Фејсбук поранешниот премиер Зоран Заев ги демантираше наводите објавени пред Нова година дека имал некаков „пеколен план“ за пуч во СДСМ, според кој требало да има избори по кои СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе направеле заедничка влада, а тој би требало да биде претседателски кандидат во 2024. Овие наводи Заев […]

Синот на Мерко купил автомобил од 150.000 евра, тврди Алијансата


Алијансата за Албанците објави денес соопштение во кое тврди дека синот на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, купил нов автомобил кој може да чини од 130.000 до 150.000 евра.    -Додека ние, обичните граѓани, праќаме честитки за новогодишните и божичните празници, членовите на семејството на “Бермудскиот тријаголник”  од Струга, на стружаните среќна нова 2023 година […]

Османи се плаши од прекин на преговорите со ЕУ ако не се побрза со уставните измени


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе иницира широка дебата за уставните измени за кои смета дека не треба да се губи многу време за да бидат направени. Државата, според него не смее да си дозволи да го дочека ноември без изменет Устав. „Мојот страв е  дека ако не фати ноември без завршени уставни […]

Претседавањето со ОБСЕ ќе не чини пет милиони евра


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, соопшти денес на прес конференција дека за претседавањето со ОБСЕ во буџетот се резервирани пет милиони евра, иако МНР барало осум. Тој сепак индиректно остави простор околу промената на дефинитивната сума, бидејќи за оваа цел треба да се преадаптира и догради салата „Борис Трајковски“, во која треба да се […]

За Виктор Димовски и 13 нови амбасадори ќе се решава во понеделник


Шефот на дипломатијата Бујар Османи најави денес дека одлуката дали поранешниот шеф на Агенцијата за национална безбедност ќе замине како амбасадор во Париз или не ќе се донесе  на почетокот на идната недела, т.е. на 9 јануари.  На средбата со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски, Димовски сепак нема да биде единствена тема, […]

Во 2022 Северна Македонија и Србија со „историски“ добри односи


  Она што беше значајно за Србија во 2022 година се априлските избори на сите нивоа со кои се потврди повеќегодишната доминација на власта на Александар Вучиќ и неговата Српска напредна странка (СНС), изборот на нова Влада на чело со Ана Брнабиќ, влијанието на руската агресија врз Украина и одбивањето на Србија да се приклучи […]