Џамбаски исфрустриран од изјавата на Лорер за Пендиков


  Ангел Џамбаски ги оцени како етничко чистење нападите на грашаните што се дефинираат како Бугари во Македонија, тврдејќи дека не се работи за изолиран случај туку за политика на властите во Македонија. Според него, почнувајќи од претседателот и премиерот, Македонија е полна со пропагандисти кои по рускиот модел и модел во Украина мразат се […]

Претседателот Пендаровски и вработените во Кабинетот не добиле плата за јануари


  Откако повеќе медиуми испратиле прашања до Кабиентот на претседателот Стево Пендаровски во врска со платите оттаму официјално соопштија дека „потврдуваме дека платата за јануари 2023 година не е исплатена за вработените во Кабинетот и за претседателот на Република Северна Македонија“. Во соопштението понатаму се наведува: „Образложението кое го добивме од Министерството за финансии е […]

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за амнестија на осудените за 27 април


  Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес во Собранието ќе поднесе предлог  закон за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април. „Овој  предлог закон го поднесуваме и е резултат на иницијативата и заедничката заложба на адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски и целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тој е продолжение […]

Османи: Секој е добродојден ако се однесува со почит


Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи упати апел до јавноста за мирно и достоинствено чествување на 4 февруари, денот на кој се одбележува 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. „На 4 февруари кога се поклонуваме пред гробот на Гоце Делчев, се поклонуваме пред неговото визионерство за културен натпревар меѓу народите. Повикувам на достоинствено, […]

Кај Гоце Делчев ќе се влегува само со најава и според распоред


И покрај шпекулациите  и драматизирањата како ќе се одвива утре чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, од тоа дека гостите од Бугарија ќе добијат ВИП третман, до тоа дека ќе ги чува  бугарска полиција, од МВР вчера јасно порачаа дека за целата организација на настанот  е одговорна нашата држава и дека секој што […]

Спасовски предупредува: Тие што провоцираат не завршуваат казнети туку тие што наседнуваат


 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати апел до граѓаните по повод чествувањето на 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, преку кој повикува да не се подлегнува на провокации и одбележувањето да помине смирено и достоинствено.  Според Спасовски, институциите нема да дозволат никаква ескалација, инцидент или понижување на македонскиот народ и држава […]

Специјалниот пратеник на Канада за ЕУ ​​и Европа Стефан Дуион доаѓа во Скопје


Специјалниот пратеник на Канада за Европска Унија ​​и Европа Стефан Дион од 6 до 8 февруари ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. Фокусот на посетата, како што информираат од Конзулатот на Канада во Скопје, е реафирмирање и продлабочување на билатералната соработка и односите меѓу Канада и Северна Македонија. Во рамки на посетата специјалниот пратеник Дион […]

Полицијата ја затвора улицата кај „Свети Спас“ уште денеска попладне


  Ништо да не се остави на случајноста или намерноста. Министерството за внатрешни работи објави дека од денеска (четврток) од 18 часот под посебен режим ќе бидат неколку улици околу скопското кале. Дел од нив ќе бидат и затворени за сообраќај. Со тоа полицијата и видливо ги презема подготовките за да не избие некој немил […]

МНР ја отфрли декларацијата на Софија како спротивна на реалноста


Министерството за надворешни работи на Македонија со жалење констатира дека собраниската декларација за наводна „ескалација на агресивни антибугарски активности во Република Северна Македонија“, усвоена денеска, на последниот ден од работата на Народното собрание на Бугарија, не соодветствува на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи преку заемно уважување и почитување и укажува на отсуство на […]

„Економист“: Македонија е „демократија со недостатоци“, политичката култура главен проблем


  Македонија остана во групата на „Демократија со недостатоци“ во Индексот на демократија за 2022 година на лондонски „Економист“. Таа е на 72. место, едно погоре од минатогодишното рангирање, кога за прв пат по долги години излезе од групата „Хибридни режими“. Но вкупниот скор за извештајот за 2022 е само малку повисок. Во извештајот објавен […]

Петковски: Бугарија и Македонија се 100 години зад Гоце Делчев


  Јас не само што не паметам туку не сум можел ни да замислам една ваква ситуација со Бугарија. И не сум рамнодушен. Роден сум во една друга друга држава во 1945 година, па сега на 78 години се прашувам каде погрешивме и како е можно некој да ми каже дека не постојам? А еве […]

Спасовски: Нема да дозволиме понижување


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во утринската програма „Македонија наутро“ на МТВ  потенцираше дека македонската полиција има капацитети во било какви услови да ја задржи безбедноста, мирот и спокојот на граѓаните. „Граѓаните воопшто не треба да се грижат дека ќе бидат преземени сите мерки за достоинствено чествување, без никакво нарушување на јавниот ред и […]

Бугарското собрание усвои декларација за Македонија пред да се распушти


  Денеска, на последниот ден од работата на бугарското собрание пред да се распушти, пратениците усвоија декларација поттикната од инцидентот во Охрид со која се осудува наводната антибугарска реторика во Македонија и говорот на омраза. Со декларацијата се бара спроведување на Договорот за пријателство и соработка. Во 250-члениот парламент договорот го поддржаа 184 пратеници, а […]

Полицијата чува, правнукот на Гоце Делчев апелира за достоинствен 4 февруари


  Полицајци во униформи и во цивил веќе се распоредени околу црквата „Св. Спас“ за да го обезбедат  пристапот кон гробот на Гоце Делчев. Полицијата е присутна на терен најмалку два дена за да ги спречи најавите за самоорганизирано доаѓање на граѓани што може да предивика инциденти и судир меѓу групи Македонци и дојдени Бугари. […]

Тимчо Муцунски на средби во Стејт департментот


  Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, од вчера престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави. Во рамки на посетата тој оствари работна средба со високи претставници на Стејт Департментот. „Во рамките на средбата со Стивен Џи, директор во Директоратот за Јужно-Централна Европа и Бенсон Сивек, офицер кој е одговорен за Македонија ги потврдивме […]

Средба на Грковска со Ескобар: Македонија неуморно работи на остварувањето на стратешките цели


  Македонија за САД е добар партнер, важен сојузник, особено во регионот. Тоа било заклучено за време на средбата во Вашингтон меѓу вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Според соопштението на владината прес-служба на средбата се разговарало за важната улога во […]

Бугарите од Македонија сакаат да влезат во извештајот на ЕК


„Повеќе од две години се обидуваме да водиме дијалог со властите во Република Северна Македонија, но безуспешно. На комесарот Оливер Вархеји му кажавме дека сме тука затоа што нема дијалог меѓу претставниците на властите во РСМ и бугарската заедница во земјата. Иднината на РСМ е во ЕУ, но тоа не може да биде на сметка […]

Уставниот суд го отфрли барањето на Милошоски со кое тврди дека е политички гонет


Уставниот суд го отфрли барањето за заштита на слободи и права за Антонијо Милошоски, кој практично тврди дека се суди не заради криминал туку затоа што е пратеник на опозициска партија. Милошоски  поднесе вакво барање заедно со обвинителен акт и со решение со кое обвинителниот акт бил одобрен во целост. Уставниот суд оцени дека обвинителниот […]

За Мицкоски влегувањето на Алијансата во Владата била естрада


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја поистоветува со естрада најавената можна нова владина коалиција со приклучување на Алијансата за Албанците и оценува дека таа нема капацитет за реформи. Тој сѐ уште е оптимист за предвремени парламентарни избори и верува дека поддржувачите на владиното мнозинство, кои се „незадоволни од состојбите“, нема да ги поддржат министрите што […]

И Мицкоски повика на мирно чествување на Гоце Делчев


При денешната посета на општина Карбинци, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,. Христијан Мицкоски, изјави дека членови од неговата партија се повикувани на информативни разговори во врска со чествувањето на Гоце Делчев, но тој ги повика граѓаните во Македонија да не подлегнуваат на провокациите што секојдневно се присутни и коишто според него се во корист на „владата […]