Крмов: Сиљановска го спомна Кочани, но не и кој ја толерирал системската корупција


Пратеникот Борислав Крмов од левица реагираше на говорот на претседателката Гордана Сиљановска во Собранието оценувајќи дека во најголем дел бил исполнет со празни изрази и без скоро никаква конкретизација околу ситуацијата и предизвиците со кои што се соочува оваа држава. „Од најинтересните моменти издвојуваме: -Повторно ни ги објаснуваше нејзините ингеренции небаре институцијата претседател прв пат …

Крмов: Сиљановска го спомна Кочани, но не и кој ја толерирал системската корупција Read More »

Целото годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова


  Почитувани граѓани, Како носители на директен легитимитет, вие и јас имаме Аристотеловска цел: да придонесеме кон создавањето општо добро и подобро општество, како преку учество во политичкиот живот, токму како што советуваа Жан Жак Русо и Џон Стјуарт Мил. Но, за политика треба дијалог и согласност, расправа со аргументи, а не голо физичко или …

Целото годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова Read More »

Филипче за изјавите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како Југославија тоа нема да му помине


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче реагираше на изјавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дадени вчера на брифинг каде што се пофали дека тој  најдобро знае што е национализам бидејќи ја растурил Југославија.  -Сметам дека тие барања на Али Ахмети се само за негово лично политичко поентирање. Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани …

Филипче за изјавите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како Југославија тоа нема да му помине Read More »

Сиљановска и Владата во тандем ја водат Македонија во изолација, оцени Филипче


  Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, даде остри оценки на годишното обраќање во Собранието на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, оценувајќи дека таа застанала на страната „на најкорумпираната и криминална влада во историјата на држава и во овој момент во Европа“. Првиот човек на социјалдемократите ја даде реакцијата на говорот на Сиљановска за кажаното да има …

Сиљановска и Владата во тандем ја водат Македонија во изолација, оцени Филипче Read More »

Сиљановска: Ако има решение за Украина, ЕУ да најде и за нас!


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одржа денес маратонски говор во Собранието, кој траеше повеќе од еден час, и во кој тргна од Кочани, евроинтеграцијата, судскиот систем, економијата, па до улогата на Народната банка на Македонија, енергетиката, дрвокрадците, претераната урбанизација, образованието, имиграцијата, животната средина, дијаспората, климатските промени – и што уште не. Генерално, во годишното обраќање таа …

Сиљановска: Ако има решение за Украина, ЕУ да најде и за нас! Read More »

Бугарија одвои 260 милиони евра за реконструкцијата на пругата кон Македонија


  Бугарската национална компанија „Железничка инфраструктура“ (НКЖИ) ги избра градителите за модернизација на железничката линија Софија – Перник – Радомир и Ѓуешево – граница со Македонија. Вкупната вредност на можните договори за поправка на делниците е над 260 милиони евра без ДДВ. И двата проекти се дел од Коридорот 8, а нивната имплементација е важен …

Бугарија одвои 260 милиони евра за реконструкцијата на пругата кон Македонија Read More »

СДСМ: Изборот на в.д. државната обвинителка е доказ дека власта сака контрола


Изборот на Анита Тополова-Исајловска за вршител на должноста државен јавен обвинител е уште еден доказ дека власта на премиерот Христијан Мицкоски брза да го стави под свои канџи обвинителството и судството е  став на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ). Според СДСМ, целта на ваквата одлука е целосна контрола над обвинителството и погребување на правдата за спас …

СДСМ: Изборот на в.д. државната обвинителка е доказ дека власта сака контрола Read More »

Годишно обраќање на претседателката Сиљановска Давкова во Собранието


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска напладне ќе има годишно обраќање во Собранието. Се очекува претседателката да говори за актуелните и случувањата во изминатиот период, како и за очекувањата во следната година во внатрешната и надворешната политика, состојбата во економијата… Обраќањето на претседателката е во рамки на 77. собраниска седница. Ова ќе биде второ годишно обраќање …

Годишно обраќање на претседателката Сиљановска Давкова во Собранието Read More »

Муцунски за повлекувањето на Мицкоски во 2029 година: Потег за почит што ретко го гледаме и во светски рамки


Одлуката на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ да се повлече од челната позиција во партијата по неговиот трет мандат е потег за почит, вели министерот за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. „Често мислев дека на крајот, претседателот Мицкоски сепак ќе донесе поинаква одлука, бидејќи …

Муцунски за повлекувањето на Мицкоски во 2029 година: Потег за почит што ретко го гледаме и во светски рамки Read More »

Муцунски: Нема да примаме ни мигранти, ни одбиени азиланти


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само за Македонија. Таква дискусија и намера од нашата влада ниту имало ниту ќе има, вели Муцунски. „Во ниту една форма, и легални и …

Муцунски: Нема да примаме ни мигранти, ни одбиени азиланти Read More »

Спиропали пречекана само со албански знамиња од Меџити


Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, сподели повеќе од десет фотографии од пречекот на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, одржан во Скопје. На фотографиите, кои беа јавно објавени на неговите профили на социјалните мрежи, доминираат исклучиво албански знамиња, без присуство на државни симболи на Македонија. Во објавата, Меџити наведува …

Спиропали пречекана само со албански знамиња од Меџити Read More »

Ахмети во „филм“ дека ќе го молат да влезе во влада


Избор на Влада и носење на одлуки на Уставниот суд со принципот Бадинтер за законите што во законодавниот дом се донесени со двојно мнозинство – ќе биде условот на Али Ахмети и на ДУИ да влезат во која било идна македонска влада. Ова денеска на брифинг со медиумите во седиштето во Мала Речица го порача …

Ахмети во „филм“ дека ќе го молат да влезе во влада Read More »

Трамп ја смени амбасадорката Агелер, заедно со уште тресетина други


  Два месеци откако формално ѝ истече мандатот американската амбасадрока во Скопје, Анџела Агелер, е сменета од функцијата со со порака од Стејт департментот. Агелер е во друштвото на 30 кариерни дипломати кои ги менува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Агелер стапи на должност во Македонија во ноември 2022. Нема никакво навестување од Вашингтон …

Трамп ја смени амбасадорката Агелер, заедно со уште тресетина други Read More »

Колку работите се променија: Сега Албанија ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ


  Пред неколку години зборовите од една прес-конференција во Скопје, како денешната, би изгледале нереални. Денес се хиперреални. Министерката на Албанија за Европа и надворешни работи, Елена Спиропали, на прес-конференцијата со својот домаќин, Тимчо Муцунски, изјави дека нејзината земја „силно ја поддржува Македонија на европскиот пат“. И додаде: „Албанија го поддржува интегрирањето на Македонија во …

Колку работите се променија: Сега Албанија ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ Read More »

Јон Фрчкоски одговори на нападите на ВМРО-ДПМНЕ: Резолуцијата на власта како да е од Третиот рајх


  По секојдневните напади од страна на ВМРО-ДПМНЕ, членот на новиот Извршен одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, денеска излезе на прес-конференција за да возврати со контраудар. Тој спомна повеќе од работите што ги зборува СДСМ овие денови –дека од Британија наводно ќе се носеле мигранти за пари, за сомнителни милионски тендер од во самото седиште …

Јон Фрчкоски одговори на нападите на ВМРО-ДПМНЕ: Резолуцијата на власта како да е од Третиот рајх Read More »

Албанската министерка Спиропали во официјална посета на Скопје


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во нашата земја во прва официјална посета. Муцунски и Споропали ќе остварат средба на која ќе се разговара за актуелните политички состојби во двете земји, билатералните односи и …

Албанската министерка Спиропали во официјална посета на Скопје Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух


ВМРО-ДПМНЕ смета дека е  лицемерно СДСМ да говори загаден воздух. -Ветуваа „ајро ајро“ на митинг, почист воздух, а во суштина нивен министер протестираше против загадувањето на воздухот наместо да преземе мерки, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. Во време на СДС, парите наместо за животна средина и почист воздух, се трошеа …

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух Read More »

СДСМ бара вонредна седница на Град Скопје и прогласување вонредна состојба


Прогласување на еколошка и здравствена кризна состојба во главниот град, побара денеска советничката група на СДСМ. Поради алармантното загадување, тие поднесоа иницијатива за свикување на вонредна седница на Советот на Град Скопје. Од партијата обвинуваат дека додека Скопје руши рекорди по загаденост во Европа, градските власти не инвестираат ниту денар во проекти за почист воздух. …

СДСМ бара вонредна седница на Град Скопје и прогласување вонредна состојба Read More »

СДСМ: Нема пари за мерки против загаден воздух – има за криминални тендери


По веста дека утрово Скопје беше најзагаден град во Европа, реагираше СДСМ, порачувајќи дека не се преземаат никакви мерки против тоа, бидејќи парите се тѕрошат за тендери на блиски фирми. -Граѓаните Скопје секојдневно го дишат најзагадениот воздух во Европа. И додека граѓаните, децата, младите, хронично болните, повозрасните се изложени на сериозни здравствени ризици, за власта …

СДСМ: Нема пари за мерки против загаден воздух – има за криминални тендери Read More »

Ахмети останува лидер на ДУИ, Османи потпретседател, Адеми избран за генерален секретар


Али Ахмети продолжува да ја води ДУИ откако денеска на 5. конгрес на партијата ја доби довербата од делегатите на Демократската унија за интеграција. . За новото раководство на партијата која е во опозиција, делегатите одлучуваа во рамките на затворениот дел на конгресот на кој се избираа генерален секретар и потпретседатели.   Дел од медиумите, …

Ахмети останува лидер на ДУИ, Османи потпретседател, Адеми избран за генерален секретар Read More »