Лидерот на СИРИЗА го прашува Мицотакис што направил за учеството на ВМРО-ДПМНЕ на изборите под името „Твоја Македонија“


Седум прашања за различни теми, меѓу кои и за учеството на ВМРО-ДПМНЕ на изборите под името „Твоја Македонија“, му постави лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку социјалните мрежи, а во пресрет на денешната прес – конференција на Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Прашањата се однесуваат на железничката несреќа […]

Гаши: Не е прекршен Рамковниот договор


Претседателот на Собранието Африм Гаши одговарајќи на прашање за зачувување на Охридскиот рамковен договор и забелешките дека тој станал прв човек на законодавниот дом со помалку гласови од Европскиот фронт, вели дека „човек кој го знае Рамковниот договор, и Уставот на Р.С. Македонија јасно му е дека тоа воопшто не е дел од Рамковниот договор“. […]

Европскиот фронт усвои политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува од изборите


 Во Тетово коалицијата „Европски фронт“ усвои политичка декларација за етнички изборен легитимитет за која беше посочено дека ќе биде испратена до сите локални и меѓународни институции.   Декларацијата ја потпишаа сите партии кои го сочуваат „Европски фронт“ Демократска унија за интеграција, Движење на народот, Демократска партија на Албанците, Европска демократска партија, Демократска партија на Турците, […]

Во Собранието утре прва официјална координација


Во Собранието утре ќе се одржи првата координација на претседателот Африм Гаши со претставници на партиите, по конститутивната седница. Претходно, како што информираат пратеници за МИА, имало неформална средба на претставници на парламентарните партии. Претседателот на Собранието Гаши за МИА потврдува дека утре ќе има средба и дека ќе се разговара за следните активности, како […]

Јован Деспотовски: На СДСМ му треба лидер, не пазар


Членот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Јован Деспотовски, кој ја најави својата кандидатура за претседател на партијата, денеска преку соопштение изјави дека доставил предлог изјава за дополнување на документите при кандидрање, со која кандидатите кои нема да бидат избрани се обврзуваат да останат надвор од партиските функции и тела. Во продолжение, интегралната изјава на […]

Мицотакис прашањето за името ќе го покрене на НАТО Самитот, очекува Мицкоски да користи Северна Македонија „ерга омнес“


Очекувам од мандатарот за премиер на Северна Македонија јавно, на јасен и категоричен начин да изјави дека го почитува Договорот од Преспа, дека името на неговата земја е Северна Македонија, ерга омнес и во внатрешната и во надворешната употреба, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој посочи дека конкретното прашање ќе го покрене и на претстојниот […]

Сиљановска има план: Градење добрососедски односи


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека не е без план во влошените односи со Грција по инцидентот при заклетвата. Таа преку разговори ќе ги убедува Грците, дека е во право кога го користи името Македонија, наместо новото уставно име на државата Република Северна Македонија. Каков е нејзиниот план? „Се разбира дека имам план. Планот е […]

СДСМ започна постапка за избор на нов претседател


Во СДСМ денеска почнува постапката за вонредни внатрепартиски избори за нов претседател на партијата. За 9 јуни, недела, е закажан Конгресот на која ќе се анализираат причините за изборниот резултат, а Централниот одбор на партијата предложил и измени на Статутот на партијата за мандатот на претседателот избран на вонредни внатрепартиски избори да биде четири години. […]

Заврши мандатот на Тошковски, Буши ја презема функцијата министер за внатрешни работи до избор на нова влада


Со Министерството за внатрешни работи од денеска ќе раководи Назим Буши, соопштија од МВР. Досегашниот министер во техничката влада, Панче Тошковски официјално му ја предаде должноста министер за внатрешни работи на Назим Буши, досегашниот заменик министер за внатрешни работи. – По денешното примопредавање на должноста, согласно законски одредби на Република Северна Македонија, Назим Буши ќе […]

Османи се сретна со Блинкен, разговараа за настаните во Македонија


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на маргините на неформалниот НАТО состанок во Прага. Стана збор за актуелните настани во Северна Македонија, при што Османи брифираше за неопходноста од продолжување на евроатлантскиот пат на земјата, како клуч за стабилноста. “Евроинтегративниот процес, посветеноста кон функционалната мултиетничка […]

И Битиќи добивал смртни закани


Пратеникот на СДСМ и вицепремиер Фатмир Битиќи, во емисијата „Клан дебата“ изјави дека добивал смртни закани за време на предизборната кампања за што е поднел пријава до Министерството за внатрешни работи. Разговарајќи за реториката во предизборната кампања, Битиќи му се обрати на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО ДПМНЕ, кој бил дел од истата емисија. „Знам […]

Каселакис до Мицотакис: Ако Преспанскиот договор е штетен, нека направи подобар со ВМРО


Лидерот на грчката опозициска партија, СИРИЗА, Стефанос Каселакис, повторно говорел за односите со Македонија и тековните предизвици околу Преспанскиот договор, како и за се уште нератификуваните меморандуми кои произлегуваат од него.   -Ова прашање треба да го упатите до владата и премиерот. Го поделија народот и го извадија на улица и оттогаш не само што […]

Првата собраниска седница ќе биде за измена на системските закони за формирање нови министерства


Претседателот на Собранието Африм Гаши најавува дека на првата седница што ќе ja закаже, уште пред формирањето на Владата, ќе се најдат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства. Но, исто така на дневен ред би можеле да се најдат и измени со кои ќe се избегнат […]

ЛДП не преминува кон мнозинството, ќе делува независно


  Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) Моника Зајкова ги демантираше информациите дека партијата размислува да премине кон мнозинството во Собранието. Во изјава за медиумите дадена попладнето пред почетокот на седница на Централниот одбор на партијата, Зајкова рече дека засега ќе делуваат независно и дека ќе дадат поддршка на оние закони кои се да добробит на […]

Сиљановска-Давкова идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада


 Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада. Од Кабинетот на претседателката за МИА ја потврдија информацијата.  Рокот за доделување на мандатот за состав на идната влада истекува на 7 јуни. Согласно Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието […]

ДИК го комплетира новиот парламентарен состав


Единаесеттите парламентарни избори во Македонија завршија откако денеска Државната изборна комисија (ДИК) го соопшти комплетниот нов парламентарен состав по одлуката на Управниот суд да ја одби тужбата за прегласувањето во село Ларце од Европскиот фронт. По ваквата одлука на Управниот суд, Европскиот фронт загуби еден пратеник, а доби Вреди, со што се изедначија со по […]

Таравари: Ако граѓаните треба да гласаат по втор пат за неполна година, останувам градоначалник


Доколку треба да се оди на предвремени избори за градоначалник нема да ја прифатам министерската функција и не би било праведно кон граѓаните повторно да одат на избори, изјави гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари на прашањето што го спречува да влезе во идниот владин кабинет. – Дилемата е дали вреди да се оди за една година […]

ДУИ скандализирана од речникот на ВМРО-ДПМНЕ, а сепак сака да влезе во владата


Демократската унија за интеграција е скандализирана од навредливиот наратив на ВМРО ДПМНЕ кој го потврдува флагрантното кршење на изразената изборна волја на албанскиот народ и другите етнички заедници, чие соединување во Европскиот фронт се покажа како втора политичка сила во државата. -Седумгодишниот антиалбански наратив наметнат од ВМРО-ДПМНЕ создаде искривена, неточна и опасна слика за нашата […]

Ни во четири обиди Уставен суд не избра претседател


  Уставен суд е длабоко поделен околу прашањето кој треба да ја наследи Добрила Кацарска како претседател. Денеска пропаднаа четири обиди за да се изборот на претседател на Судот – два во претпладневните гласања, два во попладневните. Има двајца кандидати: Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева. За да се избере претседател на судот е потребно двотретинско […]

Новиот бугарски амбасадор сѐ уште чека агреман од Македонија


  Иако беше најавено дека Жељаско Радуков, дипломат од кариера и организациски секретар на мешовитата комисија за историски и образовни прашања, ќе биде новиот бугарски амбасадор во Македонија, тој сѐ уште не добил агреман за оваа функција од нашата држава. Како што е познато, на актуелниот амбасадор Ангел Ангелов мандатот му истекува во јуни, а […]