Собранието ќе ја одржи 12-тата седница


Собранието денеска ќе ја одржи 12-тата седница на која се неколку предлог-закони во прво читање од областа на здравството и Предлог-законот за изменување на Законот за здравствената заштита, во второ читање. На дневниот ред во прво читање се предлозите за изменување на законите за заштита од јонизирачко зрачење и радијациска сигурност, за биомедицинско потпомогнато оплодување, […]

Седници на пет собраниски комисии


Пет собраниски комисии денеска ќе имаат седници и за четири од нив тие ќе бидат први од конституирањето на новиот парламентарен состав – комисиите за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за култура и туризам, за образование, наука и спорт и за земјоделство, шумарство и водостопанство. По една точка на дневниот ред ќе […]

Годинава и ВМРО-ДПМНЕ ќе го слави Охридскиот договор


На Охридскиот договор никако да му тргне. Откако со години ВМРО-ДПМНЕ ги бојкотираа годишнините со разни изговори, сега ДУИ ќе го прави истото, бојкотирајќи ја прославата што ја организира Изет Меџити како вицепремиер во владата. Според најавата прославата е поделена на три дела, од кои првиот дел ќе биде панел дискусија, потоа ќе има свечена […]

Гир: Не треба да збришете се и да почнете од нула!


Кога сакате да го реформирате владеењето на правото, важно е и да не ги загрозите основните принципи како што е поделбата на власта, порача во интервју евроамбасадорот Дејвид Гир, пред заминување од земјата. Тој потсетува дека последниот Извештај од Европската комисија за напредокот на РСМ забележува дека во некои од клучните области како што се […]

Таравари им прати покана на ДУИ, тие сами ќе го слават Охридскиот договор


„Во ДУИ отсекогаш имале тенденција да приватизираат значајни настани, тие уште не можат да прифатат дека се опозиција. Но, потребно им е време и ќе се навикнат на таа своја позиција и ќе прифатат“, изјави министерот за здравство Арбен Таравари на новинарско прашање како ја коментира најавата од ДУИ дека утре ќе организираат паралелно одбележување […]

СДСМ: Владата се согласила да не ги распушта Судскиот совет и Советот на обвинители


Владата на Мицкоски е фатена во нова лага. Додека јавно вели дека „не се откажува од распуштањето на Судскиот и Обвинителскиот совет“ во официјален документ,  се согласила да се менуваат  “само членовите на Судскиот совет на кои им е истечен мандатот”, обвини денес СДСМ.  „Документот е дел од преземените обврски од реформската агенда за Планот […]

За СДСМ предложениот ребаланс на Буџетот е катастрофално лош и е на штета на работниците и економијата


За СДСМ предложениот ребаланс на Буџетот е катастрофално лош, бидејќи, како што наведуваат во соопштение до медиумите, во него нема пари за раст на платите во ниту еден сектор, ниту за покачување на минималната плата, а нема пари ниту за работниците пожарникарите, војниците, полицајците, образованието. „Наместо политики за подобрување на животниот стандард на работниците ВМРО-ДПМНЕ […]

ДУИ: Навреда е што путинистот Стоилковиќ е одговорен за Охридскиот договор


Демократската унија за интеграција смета дека е навредлив фактот што потврдениот путинист, непризнавачот на независноста на Република Косово, Иван Стоилковиќ, е вицепремиер и министер одговорен за Охридскиот договор, иако тој самиот ниту го признава ниту го почитува. Како последица на тоа, буџетот за потпишување на Охридскиот договор е намален со одлука на моноетничката влада и […]

Пратениците ќе ја разгледуваат потребата за носење на измените на Законот за урбанистичко планирање, како и други закони во прво читање


Собранието денеска ќе ја започне 12. седница на која на дневен ред се 34 точки, меѓу кои, и ребалансот на Буџетот и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Пратениците од Левица најавија дека ќе бараат измените и дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка, […]

Гир не верува дека може да се постигне поинаков компромис со Бугарија, клучот за ЕУ се реформите


Клучот за пристапување во ЕУ се реформите, изјави вечерва евроамбасадорот Дејвид Гир. Зборувајќи за уставните измени тој вели дека е скептичен оти може да се дојде до подобар компромис со Бугарија.     – Новата Влада беше многу јасна за својата поддршка за Украина, тоа е конзистетно со претходната политика, и како што кажав тоа е […]

Разрешена Афрона Верзиволи, на нејзино место именуван Aрбен Рамадани


Владата денеска ја разреши Афрона Верзиволи, која беше иманувана за вршител на должноста главен резизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. На нејзино место е именуван Aрбен Рамадани, а за вршител на должноста заменик на главниот ревизор е именуван Иван Игњатов, соопштија од Владата. Aрбен Рамадани се именува за в.д. главен […]

Владата не се откажува од распуштањето на РСС и Советот на обвинители


Владата не се откажува од идејата за распуштање на Републичкиот судски совет и Советот на обвинители што претставува реформа на овие институции за кои јавно повикавме на расправа и имаат два проценти доверба, информираат денеска од Владата.  -Во државата институциите работат согласно важечките закони и Устав. Сите документи кои произлегуваат задолжително мора да бидат во […]

Ребалансот на Буџетот од утре пред пратениците на пленарна седница


Утре започнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година, во рамки на 12. седница на Собранието. Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на седницата. Согласно Деловникот на Собранието, претресот по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот, односно по […]

Владата ја разрешува директорката на ИПА-фондовите Афрона Веризволи


Афрона Веризволи по само неколку дена директорување ќе биде разрешена од Владата од позицијата прв човек на Телото за ревизија на ИПА Фондовите. За да се биде директор на оваа функција потребно е да се има лиценца за ревизор, а дури и самата Европската комисија се посомнева во нејзината компетентност. Од Владата денес соопштија дека […]

Пратениците од Левица бараат широка јавна расправа за измените на Законот за урбанистичко планирање


Пратениците на Левица најавуваат дека ќе побараат измените на Законот за урбанистичко планирање да бидат повлечени од дневниот ред на пленарната седница закажана цо Собранието за в понеделник и исто така пред да бидат донесени да има широка јавна расправа.  – За престојната собраниска седница, закажана за понеделник, како дел од дневниот ред е Предлог […]

Вјоса Османи на враќање го заобиколила скопскиот аеродром, немало основни безбедносни услови


Претседателството на Косово ги отфрли наводите на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) на Северна Македонија, во врска со инцидентот од 1 август со претседателката Вјоса Османи со обезбедувањето на скопскиот аеродром, оценувајќи дека „РСМ ги прекрши меѓународните правила кои се применуваат насекаде во светот со барањето да го скенира телефонот на претседател на друга држава“, […]

Трипуновски имал средба со неговиот заменик – и пратил соопштение


Не, ова не може да се измисли –  е реакцијата на Твитер на соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денес  дека министерот имал средба – со неговиот заменик.  „Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари работна средба со Флакрон Беџети, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.Тема на денешната средба беа […]

Вреди: Гаши е втор човек во државата, има право да прати обезбедување на аеродромот


Коалицијата „Вреди“ смета дека нема никаква одговорност кај спикерот Африм Гаши со тоа што испратил луѓе од неговото обезбедување да се информираат во случајот со косовската претседателка Вјоса Османи на Скопскиот аеродром. Како што изјави Фари Хисени, портпаролот на „Вреди“ на денешната прес – конференција, претседателот на Собранието во конкретниот случај немал за цел да […]

Стејт департмент е запознаен, но не го коментира инцидентот на скопскиот аеродром


Ги видовме извештаите и нема да коментираме за тековна истрага, изјавија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на прашањето дали спикерот на Собранието Африм Гаши треба да сноси политичка одговорност за инцидентот на скопскиот аеродром со претседателката на Косово Вјоса Османи минатата недела. Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека шефот на […]

Нема колективен одмор – еве кога и каде ќе одмораат Мицкоски и министрите


Од владата најавуваат дека ќе нема колективен одмор, како што беше случај минатите години, туку парцијално членовите ќе користат одмор. Мицкоски ова лето поголемиот дел ќе бил повеќе ангажиран, а само од 8 до 11 август ќе мине во Црна Гора со неговото семејство. Премиерот потоа ќе се врати во Скопје и ќе продолжи со […]